Советот на ЈО утре ќе даде мислење за кандидатите за нов Државен јавен обвинител - Канал 5

Советот на ЈО утре ќе даде мислење за кандидатите за нов Државен јавен обвинител

Советот на ЈО утре ќе даде мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител. 

Советот на ЈО утре ќе даде мислење за кандидатите за нов Државен јавен обвинител

Во трката за функцијата влегоа актуелната в.д државна обвинителка Анита Тополва Исајловска, обвинителките Лидија Раичевиќ и Ленче Ристоска како и судијата од Кривичен Ненад Савески и поранешниот судија и претседател на Кривичен, Владимир Панчевски, а за да добијат „зелено светло“ и да може потоа да бидат земени во предвид од Владата, потребни ќе им бидат по најмалку 6 гласа од членовите.

За да се поврати довербата во обвинителството, Поранешната судијка во судот во Сразбур, Маргарита Цаца Николовска вели дека многу работи треба да се променат. Очекува од членовите на Советот да водат сметка дека државниот обвинител пред се треба да биде личност со голем интегритет.

-Она што очекувам од Советот на ЈО е да размислуваат во насока дека државниот обвинител треба да биде човек со голем интегритет, да биде човек со големо знаење. Треба особено да се води сметка е тоа што може тој како државен обвинител да презентира и во делот на транспарентноста и во делот на комуникација со јавност,- изјави – Маргатита Цаца Николовска – Поранешен судија.

Потоа постапката продолжува со тоа што Владата до Собранието ќе предложи само еден кандидат од тие што ќе добијат позитивно мислење од Советот.

Постапката за избор на наследник на Љупчо Коцевски се одвива по актуелниот закон, иако новиот Закон за јавно обвинителство кој е дел од реформската агенда веќе е доставен до Собранието.

Една од клучните измени е поголема транспарентност во постапката за избор на јавен обвинител, па наместо како сега, предвидено е кандидатите да доставуваат програма за работа која јавно ќе ја презентираат пред членовите на Советот кој пак ќе биде задолжен да ги сподели со јавноста. Засега нема информација кога измените на законот ќе се најдат на дневен ред пред пратениците.

-Предлог измени на Закон за јавно обвинителство

Избор на Јавен обвинител на РМ

Со цел обезбедување транспарентност, инклузивност и професионалност во изборниот процес:

· Документација при пријава: Кандидатите задолжително поднесуваат Програма за работа и биографија, што овозможува увид во нивните визии и професионални квалификации.

· Јавна седница: Советот на јавните обвинители организира јавна седница на која сите кандидати што ги исполнуваат формалните услови ја презентираат својата програма пред членовите на Советот и пошироката јавност.

· Јавност на податоците: Советот е должен да ги објави програмите и биографиите на кандидатите на својата веб-страница, што придонесува за транспарентност и информираност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани.

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Во понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Состојки за денешниот рецепт:

1 помека тиква

2 главици кромид

2 моркови

4 чешниња лук

1 парче сирење

400 гр. шманд или кисела павлака

100 гр. печени семки

100 мл. маслиново масло

2 големи лажици сув зачин

2 големи лажици куркума

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер