Советот на јавните обвинители ја одби иницијативата на обвинителката Ристоска за политички притисоци - Канал 5

Советот на јавните обвинители ја одби иницијативата на обвинителката Ристоска за политички притисоци

Во иницијативата Ристоска навела дека нападите кон неа потекнуваат од политички структури на ВМРО ДПМНЕ, а како пример навела изјави на премиерот и објави на веб-страницата на партијата.

Советот на јавните обвинители ја одби иницијативата на обвинителката Ристоска за политички притисоци

Советот на јавните обвинители на денешната седница едногласно ја одби иницијативата на јавната обвинителка Ленче Ристоска, која тврдеше дека врз нејзината самостојност имало надворешни влијанија и притисоци, особено поради нејзиното постапување во предмети против ВМРО-ДПМНЕ.

Во иницијативата Ристоска навела дека нападите кон неа потекнуваат од политички структури на ВМРО ДПМНЕ, а како пример навела изјави на премиерот и објави на веб-страницата на партијата.

Како што образложи членот Маријана Илиевска, Комисијата утврдила дека изјавите и нападите не се поврзани со конкретни дејства што би ја довеле во прашање самостојноста на обвинителката.

- Отсуство на индивидуализација ја исклучува можноста да се утврди реално и конкретно влијание. Иако овие изјави на премиерот, каде што тој ја нарекува со термините медиокритет со политичка матрица, сметаме дека не претставуваат повреда на интегритетот на јавната обвинителка бидејќи не се поврзани со дејства што би ја довеле во прашање самостојноста на нејзиното одлучување - рече таа.

Во заклучокот, кој Советот едногласно го усвои, беше наведено дека нема надворешно влијание врз нејзината работа ниту, пак, е загрозен нејзиниот професионален интегритет.

Покрај ова, Советот донесе одлуки за распишување огласи за избор на јавни обвинители во повеќе обвинителства во државата, меѓу кои во Ресен, Крива Паланка, Кочани, ВЈО Битола и ВЈО Скопје.

Седницата продолжи со одлучување по дисциплински предмети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Во октомври реализирани рекордни 20 милиони трансакции на платформата за интероперабилност

Октомври е најуспешен месец досега во однос на користењето на платформата за интероперабилност. 

Андоновски: Во октомври реализирани рекордни 20 милиони трансакции на платформата за интероперабилност

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска соопшти дека се реализирани рекордни 20 милиони трансакции.

„За споредба, тоа значи дека се реализираат речиси 650.000 трансакции дневно, а во 2024 година имало приближно 700.000 трансакции месечно. Тоа значи дека денес достигнуваме број на трансакции што претходно се реализирале за цел месец. Овој раст се одразува и врз користењето на порталот за услуги. На порталот за е-услуги регистрирани се 30.040 услуги што е нов рекорд по 29 илјади регистрирани во септември. Во овие 30 илјади трансакции, предничат услугите достапни преку мобилната апликација m.Uslugi. “- изјави Андоновски пред 9. издание на регионалната конференција за е-трговија, што се одржува во Скопје.

Оваа недела министерот очекува да се пушти и втората верзија на апликацијата со дополнителни подобрувања.

„Ова е само почеток. Јас и при самото лансирање реков дека станува збор за нов почеток на односот меѓу државата и граѓанинот. Ме радува што повеќе од 30.000 наши сограѓани веќе ја препознаа апликацијата и се нејзини корисници. Тоа се одразува и врз зголеменото користење на порталот. Очекувам дека во наредниот период, со воведувањето нови услуги и поширокото прифаќање на апликацијата, таа ќе заземе значајно место во односот меѓу државата и граѓанинот“ - потенцира Андоновски.

За посетата на Бон, каде што беше заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот денеска изјави дека најголем дел од разговорите се однесувале на дигиталната трансформација и имале можност да се запознаат со искуствата на „Дојче телеком“, особено во областа на сајбер-безбедноста.

„Тие располагаат со центар за сајбер-безбедност, кој ги опслужува компаниите во рамките на групацијата, но и други клиенти во Европа и светот. Правиме напори за да привлечеме вакви инвестиции и во Македонија. Знаете дека државата има удел во „Македонски телеком“, а целта е да видиме како ваквите инвестиции и знаења можеме да ги пренесеме и кај нас. Сакаме да создадеме нови компании што ќе се занимаваат со сајбер-безбедност и да им помогнеме на малите и средните претпријатија, вклучително и на учесниците на оваа конференција, да ги зајакнат своите капацитети во процесот на дигитална трансформација и да бидат безбедни и заштитени“ - изјави Андоновски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион полн со патници добил дојава за бомба, извршил принудно слетување

Авион што летал од Лондон кон Варшава денес извршил вонредно слетување на аеродромот „Варшава-Модлин“, откако било пријавено присуство на експлозивна направа во леталото. 

Авион полн со патници добил дојава за бомба, извршил принудно слетување

Ова доведе до затворање на аеродромот, соопштија аеродромските власти.

Авионот слетал во Модлин во 10:01 часот со 181 лице во него, изјави Адам Шабловски, портпарол на аеродромот „Варшава-Модлин“, пренесува „TVN24“.

Тој додаде дека во моментов се очекува пристигнување на екипи за деактивирање експлозивни направи.

Авионот првично требало да слета на аеродромот „Варшава-Шопен“, но бил пренасочен кон Модлин.

Според соопштението од аеродромот, тревога била прогласена во 9:54 часот, откако била пријавена закана за бомба на летот од лондонскиот аеродром „Хитроу“ кон аеродромот „Варшава-Шопен“.

Во моментот на слетувањето, во авионот имало 3,7 тони гориво.

„По слетувањето, леталото беше упатено кон посебно одредена зона, каде што ќе остане до донесување на натамошни одлуки и добивање упатства од надлежните органи, вклучително и екипите за деактивирање експлозивни направи“, се наведува во соопштението.

Аеродромот „Варшава-Модлин“ останува затворен до понатамошно известување, додека властите ја истражуваат пријавената закана и преземаат мерки за да се осигура безбедноста на сите присутни на аеродромот. „Безбедноста на патниците, екипажот и аеродромскиот персонал во моментов е приоритет“, се вели во соопштението, при што се додава дека информациите за евентуални промени во ситуацијата и за повторното воспоставување на воздушниот сообраќај ќе бидат објавени дополнително.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: 50 години Општина Центар, половина век историја, развој и визија за иднината

Општина Центар денеска одбележува 50 години од своето постоење. Јубилејот е повод да се потсетиме на нејзиниот развој, но и да ги истакнеме промените и резултатите со кои Центар продолжува да се развива како современо урбано јадро на Скопје.

Герасимовски: 50 години Општина Центар, половина век историја, развој и визија за иднината

„Среќен сум и горд што токму во мојот градоначалнички мандат го одбележуваме овој голем јубилеј. Центар има богато минато, силен урбан дух и голема иднина што заедно ја градиме. Во изминатите пет години работевме општината да биде посовремена, подостапна, потранспарентна и поблиску до секој граѓанин. Општина во која секој е добредојден, секој глас се слуша и секој денар се вложува одговорно“, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски.

Во мандатот на Герасимовски се реализираа низа значајни проекти во образованието, детската заштита, спортот, инфраструктурата и услугите за граѓаните. Изградена е градинката „Пролет“, со капацитет за 173 деца, обновена е спортската сала „Работнички“, реконструирани се улици, доградени училишта и подобрени условите за образование и престој на најмладите.

Паралелно, општината инвестира во зелената и енергетската трансформација, обновливите извори на енергија, нови паркови и зелени површини, како и во програми за поддршка на учениците, младите, повозрасните и лицата со попреченост.

„Секој проект има своја приказна, но сите имаат иста цел – подобар Центар за сите генерации. Особено ми значи довербата што граѓаните ми ја дадоа за втор мандат. Тоа е обврска да продолжиме уште посилно, со нови идеи, амбициозни проекти и конкретни резултати. Верувам дека најголемата вредност на една општина се луѓето и условите што им ги создава за живот“, додава Герасимовски.

Центар останува општина со силен урбан идентитет, препознатлива по својата динамика, културно наследство и континуирани вложувања во современи урбани решенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер