Советот на јавни обвинители ќе расправа за Јанева од понеделник

Седницата на Советот на јавни обвинители на која треба да започне постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе биде закажана од понеделник бидејќи не се доставени комплет списите кои се побарани.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев во изјава за МИА вели дека до нив е доставен извештајот, но оти не се комплетирани списите што треба да ги достави Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за активностите што се преземени во предистрагата и истрагата за случајот „Рекет" во кој е осомничена и специјалната јавна обвинителка Јанева.

Штом ги добијат комплет списите, како што изјави Штерјев, ќе биде закажана седницата на која ќе започне постапката за разрешување на Јанева.

По приведувањето на Јанева, СЈО е обезглавено, неговата судбина е нерешена, поради застојот во преговорите меѓу власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство, каде се решава неговиот статус.

Според републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој се повикува на Законот за јавното обвинителство, во ваков случај треба да реагира Советот на јавни обвинители и да назначи вршител на должноста. Тоа би значело дека замена на Јанева би била некоја од нејзините колеги или колешки.

Законот за СЈО во член 18 вели дека јавниот обвинител може да се разрешува од функцијата пред истекот на мандатот поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата. Доколку Советот на јавни обвинители започне постапка за разрешување на јавниот обвинител во разумен рок треба да достави до Парламентот извештај за утврдената фактичка состојба и основите за разрешување. Извештајот би бил достапен на јавноста преку комисиите во Собранието, освен ако некоја од комисиите не го одложи или спречи објавувањето на дел и на целиот извештај, доколку најде за потребно да се заштитат правата на секое лице наведено во извештајот или да спречи недозволено влијание во кое било кривично гонење.

Врз основа на доставниот извештај, а на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата и по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број на пратеници, Советот по предлог на Собранието го разрешува јавниот обвинител. Собранието го утврдува предлогот за разрешување на јавниот обвинител до Советот на јавни обвинители со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство.

Денеска пак обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја" во врска со тоа дали е можно назначување на в.д. шеф на СЈО, рече дека Законот за ЈО, кој важи доколку некои одредби не се веќе определени со Законот за СЈО, има повеќе решенија.

– Има решение за поставување на вршители на должност, решение за поставување на обвинител кој го заменува отсутниот или спречениот јавен обвинител. Сепак, тоа се ингеренции на Советот на јавни обвинители и да го оставиме да си донесе одлука. Како што разбрав, веќе се во процедура и ќе видиме што ќе донесат, изјави Стефанова.

Таа себе си не се гледа како иден шеф на СЈО и нема намера да конкурира.

Стефанова изјави дека СЈО во овој момент се наоѓа во една од најтешките состојби од своето основање и упати апел до политичарите и сите чинители во државата да седнат и да го донесат законот за Јавно обвинителство за да немаме прекини на постапките./МИА

Дневен хороскоп за 6. мај 2024 година

Дневен хороскоп за понеделник, 6. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Додека вие ќе имате потреба од физичка љубов , вашата сакана личност повеќе ќе ја цени онаа на емотивно ниво. Усогласете се.

Кариера

Ќе бидете склони да ги мешате чувствата со работата , што моментално не е добро. Затоа обидете се тоа јасно да го разделите.

Здравје и совет

Некои ќе го преспијат утрото.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Доколку некој од саканите блиски или сакани лица ви изгледа примитивен , заборавете го тоа чувство , барем за кратко.

Кариера

Ќе се обидете да ги поврзете искинатите врски и да ја поправите штетата што други ја направиле. Главно ќе бидете успешни.

Здравје и совет

Кашлица и нервоза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе има такви кои ќе бараат неможно , а свесни дека пред нив е убава шанса за љубов.

Кариера

Вработените во мали приватни компании ќе добијат нов поттик , што ќе ги натера да работат подобро.

Здравје и совет

Не се откажувајте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Во текот на денешниот ден постојано ќе наидувате на шанси за разговори , дружења, собири и нови познанства. Одлично за оние кои уште се сами.

Кариера

Ќе успеете да ги усогласите своите ставови со мислењата на своите соработници и ќе бидете задоволни поради таквиот развој на настаните.

Здравје и совет

Ќе бидете расположени.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска е ден за муабети со кафе. Можно е да чуете озборување , во кое и вие ќе бидете вмешани. Игнорирајте го.

Кариера

Денеска ќе бидете многу снаодливи , па и најголемите проблеми ќе ви станат решливи.Инстинктивно ќе знаете што треба да направите.

Здравје и совет

Мали , минливи нервози.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашиот партнер би можел да покаже нетрпеливост кон некој член од вашето пошироко семејство. Не се нервирајте.

Кариера

Пред вас е ден во кој не треба се да работите по секоја цена. Подобро оставете го времето да работи за вас.

Здравје и совет

Опуштете се со помош на техники за релаксација.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ни денеска ќе нема многу разбирање меѓу вас и еден член на семејството, но ако останете смирени , се ќе помине безболно.

Кариера

Дел од вашите соработници се подготвуваат да ви дадат голема и значајна поддршка за она што го работите.

Здравје и совет

Излезете на свеж воздух.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Од дневниот ред ќе ги тргнете грижите и проблемите на својот партнер за кои цело време ви зборува. Двајцата ќе се разведрите.

Кариера

Имате големи амбиции и планови , но денеска не сте сигурни што и колку ќе треба да смените за да ги остварите.

Здравје и совет

Останете будни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние во врска денеска ќе ги активираат своите еротски особини и ќе го заведуваат партнерот во секој момент. Осамените тивко ќе освојуваат.

Кариера

Бидете малку воздражни во изразување на своите големи планови , зашто сите немаат оптимизам како вашиот.

Здравје и совет

Лесно на другите ќе им се вовлечете под кожа.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашите зборови ќе имаат силно влијание врз саканата личност. Затоа пазете што зборувате и како се однесувате.

Кариера

Вашите соработници и колегите со своите револуционерни потези ќе ги нарушат преговорите што вие ги водите.

Здравје и совет

Обидете се да не им се вратитена лошите стари навики.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Нема да бидете сигурни што да направите. Можеби најпаметно е да почекате , додека целата ситуација не се разбистри.

Кариера

Време е да премиенете од зборови на дела , а тоа за вас не е секогаш лесно. Сега треба да покажете дека сте дораснати на работата.

Здравје и совет

Разбудете се.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

И вие и вашата најсакана личност денеска ќе бидете многу под влијание на впечатоци и емоции. Многумина ќе и се предадат на љубовта без граници.

Кариера

Најмногу би сакале да се повлечете и да работите осамени , што не е типично за вас. Доколку можете , дистанцирајте се.

Здравје и совет

Нека ве води интуицијата.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, вечерва Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска -Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ. 

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои? Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните? Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот? Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај? Вечерва во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

притисни ентер