3ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции
МакедонијаСоветот на Јавни обвинители и Судскиот совет нема да свикаат седници за одлуката за домашен притвор за ГрубиНиту Советот на јавните обвинители ниту Судскиот совет не гледаат причина зошто би расправале за барањето на обвинителството и одлуката на судот за куќниот притвор на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.По вчерашниот повик на министерот за правда Игор Филков двете тела да утврдат дали има одговорност кај обвинителот Даниел Коцев и судијата Марин Станевски, претседателот на обвинителствиот совет Башким Бесими вели дека тие немаат ингеренции да расправаат по конкретни предмети. -Го слушнав во медиумите дека не прозва, ама согласно закон ингеренциите на Судски совет и ингеренциите на Совет на ЈО се други. Значи ние може да расправаме ама за тоа одлучува Републичкиот и Вишиот, има хиерархија. Тоа е став на Јавното обвинителство, јас не можам како претседател на Советот да дадам став во таа насока. Ние можеме да расправаме на таа тема ама нашата расправа е, како да кажам, треба републичкото, има и виш јавен обвинител да си ги следи работите за конкретни предмети, ние работиме само жалби.изјави – Башким Бесими – Претседател на Совет на ЈО. И во Судскиот совет во овој момент не гледаат простор за постапување. -Судскиот совет секогаш кога има законско овластување и кога има потреба за тоа постапува во конкретни случаеви, а во поглед на тоа што беше побарано од нас, сметам дека во конкретниот случај ниту еден од тие два услови не е исполнет барем сега засега.изјави – Александар Камбовски – Претседател на Судски совет. Ставот на претседателот на Судскиот совет Камбовски е на иста линија со членот на советот Сузана Јошевска Анастасовска која во објава на социјалните мрежи напиша: „Судија НЕ СМЕЕ да изрече мерка притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор. Нема потреба од итна седница на Судски совет за да се расправа основно правило во кривична постапка“. По низата реакции за куќниот притвор на Груби денеска и Здружението на обвинители со апел до политичарите и функционерите да се воздржат од јавна реторика со која како што велат ја нарушуваат самостојноста на јавните обвинители во одлучувањето. Поранешниот прв вицепреиер Артан Груби кој е второосомничен во случајот Државна лотарија и повеќе од една година беше во бегство, од понеделникот вечерта е во домашен притвор откако истиот ден се појави на граничниот премин Блаце и беше уапсен. Наместо претходно определениот ефективен притвор обвинителството се одлучи за поблага мерка со образложение дека МВР и АНБ процениле дека на Груби во притворското одделение во Шутка не може да му се гарантира личната безбедност. Но досега овие институции не одговорија за какви конкретно закани по безбедноста на Груби станува збор. Тагови: Судски совет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
БалканСудир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во БелградВо тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар. Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна. Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАјзенкот доби мандат за формирање нова влада во ИзраелПоранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври. Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху. Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан. Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкцииСДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста. Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки. Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката. Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци. За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните. Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44