Советот на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“ објави конкурс за карикатура - Канал 5

Советот на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“ објави конкурс за карикатура

Во рамки на подготовките за 16. Меѓународен фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница, како домаќин и организатор и Советот на Фестивалот, го објавија конкурсот за карикатура.

Советот на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“ објави конкурс за карикатура

Карикатуристите од целиот свет годинава треба да творат на тема „Кој прв започна“ и секој автор може да испрати најмногу по три свои дела.

- Големината на карикатурите треба да биде во формат А3 или А4, со резолуција од 300 dpi, при што можат да се достават во оригинал или копија испратена по електронска пошта на адреса [email protected]. Стручна жири комисија на Фестивалот ќе ги прегледува пристигнатите карикатури и од нив ќе ги избере најдобрите три што ќе бидат парично наградени, истакна Благица Стојановска, директорка на Домот на културата „Тошо Арсов“.

Според пропозициите во конкурсот, рокот за испраќање на карикатурите е до 1 октомври. Наградите на добитниците ќе им бидат врачени за време на одржувањето на фестивалот „Ин Виница веритас“, што годинава се најавува за средината на октомври.

По соопштувањето на резултатите, наградените дела задолжително треба да се испратат во оригинал, на адреса на Домот на културата “Тошо Арсов“ – Виница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деца го уништуваат тартанот и головите во училиште во Велес, градоначалникот со апел (ВИДЕО)

Кога го уништуваме заедничкото – се уништуваме самите себе!

Деца го уништуваат тартанот и головите во училиште во Велес, градоначалникот со апел (ВИДЕО)

Речиси секојдневно сме сведоци на уништување на урбана опрема, детски игралишта и спортски терени. Овој пат мета на несовесно однесување се тартан подлогата и головите на спортскиот терен во ООУ "Васил Главинов", создаден за децата и младите да имаат безбедно и уредено место за спорт и рекреација.

Општина Велес како и досега ќе ја санира направената штета, но секој денар потрошен за поправка на нешто што намерно е уништено е денар помалку за ново игралиште, нов терен, нова урбана опрема и нови инвестиции.

Случајот е пријавен до надлежните институции и очекуваме сторителите да бидат утврдени и да понесат одговорност.

Ги охрабрувам младите да бидат пример за оние кои се однесуваат погрешно, а возрасните да разговараат со своите деца и да ги советуваат. Апелираме за свест и разум да не се уништува она што е направено со народни пари, а секој што ќе примети вакво вандалско однесување да пријави до надлежните институции.

Не можеме да изградиме толку колку што можеме самите да уништиме. Заедно да се грижиме и да се однесуваме одговорно кон околината во која живееме, да го чуваме Велес како свој дом, објави на ФБ градоначалникот Марко Колев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓоковиќ објави кога ќе ја заврши кариерата

Новак Ѓоковиќ (39), најдобриот тенисер на сите времиња, во интервју за каталонскиот весник Спорт објави кога ќе ја заврши својата импресивна кариера.

Ѓоковиќ објави кога ќе ја заврши кариерата

Освојувачот на рекордни 24 гренд слем титули и 40 мастерс титули, ги комплетираше своите најголеми трофеи во 2024 година во Париз, кога го освои олимпиското злато. Ѓоковиќ нагласи дека ова е круната на неговата кариера. На прашањето дали натпреварувањето на следните Олимписки игри, во Лос Анџелес во 2028 година, е сè уште цел или повеќе сон, Ѓоковиќ одговори: „Мислам дека е и двете. Сон и цел, но и желба. Многу пати во последните неколку години кажав дека би сакал да стигнам до Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Мислам дека можам да го остварам тоа. Ќе видиме. Ќе зависи од тоа како реагира моето тело и од многу други околности.

„Сакам да ја завршам кариерата во Лос Анџелес со знамето на Србија на рамената“

Денес не играм ниту се натпреварувам на толку многу турнири, не толку колку што правев во последните дваесет години. И решив да го направам тоа затоа што сакам да поминувам повеќе време со моето семејство и навистина да се посветам на различните улоги што ги имам во мојот живот, како сопруг, татко, син или брат, додека развивам други работи што ме интересираат.

Секако, тенисот е сè уште во центарот на мојот професионален живот, но сакам да најдам и рамнотежа и затоа го сменив мојот календар. Сепак, сè уште се надевам дека ќе успеам до следните Олимписки игри и да ја заврши кариерата со српското знаме на рамената.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масакр во Шпанија: Во пукотница загинаа бремена жена, нејзиниот син и мајка ѝ- напаѓачот во бегство

Три лица загинаа во пукотница што се случи вчера навечер на Исла Кристина на југот на Шпанија, а четвртото лице е во критична состојба.

Масакр во Шпанија: Во пукотница загинаа бремена жена, нејзиниот син и мајка ѝ- напаѓачот во бегство

Меѓу жртвите се бремена жена, нејзиниот син и нејзината мајка. Напаѓачот избегал по нападот, пишува Euronews.

Според локалните медиуми, мажот се возел со мотоцикл до семејната куќа во областа Росио, отворил оган врз членовите на семејството и избегал. Телата на тројцата убиени лица биле пронајдени на улица, а четвртото лице, кое било тешко повредено, било пренесено во болница.

Истрагата е фокусирана на семејна одмазда

Истражителите го поврзуваат случајот со конфликт меѓу две семејства што започнал во септември минатата година, кога еден маж бил убиен во Хуелва. Трите жртви од пукањето во неделата се поврзани со осомничениот за тоа убиство. Станува збор за неговата сестра, мајка и внук.

Двете семејства оттогаш имаа неколку насилни судири, а едно пукање веќе е регистрирано во истата област во Исла Кристина. Затоа, главната претпоставка на полицијата е дека нападот бил чин на одмазда за тоа убиство.

Цивилната гарда и локалната полиција во поширокото подрачје спроведуваат обемна потрага по напаѓачот, кој сè уште е во бегство. На терен се распоредени силни полициски сили, а истрагата продолжува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер