Поранешниот директор на „Лотарија“ Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над 1 милион евра
1Поранешниот директор на „Лотарија“ Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над 1 милион евра
БалканСоветот на Европа ѝ одобри 21 милион евра на Албанија за зајакнување на војската Советот на Европската Унија го усвои третиот пакет за билатерална помош во рамките на Европскиот мировен фонд во вредност од 21 милион евра за поддршка на вооружените сили на Албанија.Советот на Европската Унија го усвои третиот пакет за билатерална помош во рамките на Европскиот мировен фонд во вредност од 21 милион евра за поддршка на вооружените сили на Албанија, со што вкупната поддршка за земјата досега достигна 49 милиони евра, се вели во соопштението на Советот на ЕУ. Како што е наведено, целта на мерката е да се зајакнат одбранбените капацитети на Албанија и да се подобри способноста на нејзините вооружени сили да учествуваат во меѓународни операции и мисии навремено и ефикасно, вклучително и во Заедничката безбедносна и одбранбена политика (ЗБОП) на Европската Унија. Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, ја оцени Албанија како „близок и сигурен партнер“ и „посветен сојузник на НАТО“, нагласувајќи дека зајакнувањето на соработката придонесува за европската стабилност и безбедност. Одлуката следува по потпишувањето на Договорот за партнерство за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Албанија во декември 2024 година, како и дијалозите за безбедност и одбрана одржани во април 2025 и 2026 година. Новиот пакет предвидува испорака на лесни оклопни повеќенаменски возила, тактички и инженерски возила, како и помошна опрема, обука и услуги за одржување за потребите на албанските вооружени сили. Европскиот мировен фонд, основан во 2021 година, ѝ овозможува на ЕУ да го финансира зајакнувањето на одбранбените капацитети на трети земји и меѓународни организации со цел зачувување на мирот и стабилноста, се објаснува во соопштението на Советот на ЕУ. Претходно беа одобрени два пакета помош во вредност од 13 и 15 милиони евра за Албанија.Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоранешниот директор на „Лотарија“ Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над 1 милион евраПоранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами кој е првообвинет за злоупотреби со ВЛТ терминалите излегува од притвор, соопшти кривичниот суд.Кривичниот совет на предлог на одбраната го прифатил предлогот и донел решение со кое на Бајрами му се укинува притворот и му се прифаќа гаранцијата во износ од 1.140.781 евра во недвижен имот. За неколку дена поминува и законскиот рок до кога Бајрами може да биде во притвор. Судот му одредил мерки за претпазливост, одземање на патната исправа и забрана за издавање нова исправа за преминување на државната граница, како и обврска за редовно јавување во судот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНови преговори за Украина во Абу Даби следната неделаПо девет месеци пауза, американските посредници ќе седнат на преговарачка маса со руските и украински претставници во нов обид да се стави крај на војната.Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф објави дека разговорите меѓу Москва и Киев со посредништво на Вашингтон ќе се одржат на 10 и 11 ноември во Абу Даби.. Фокусот на преговорите, како што објави Виткоф, ќе биде ставен на безбедносните аранжмани по завршувањето на војната, хуманитарните напори и следните чекори кон постигнување мир. Очекувањата, според него, е да се награди напредокот постигнат во Киев, Осло и Санкт Петербург, за да се склучи сеопфатен и траен мировен договор, кој ќе обезбеди долгорочна безбедност за идните генерации.Тагови: САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“Апелациониот суд во Скопје донел ослободителна пресуда за Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во предметот „Меѓународен сојуз“. Со оваа одлука е преиначена првостепената пресуда со која Јовановски беше осуден на пет години затвор.Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој го застапуваше Јовановски во судската постапка. „Ете, правдата е спора, но достижна! Апелациониот суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот ‘Меѓународен сојуз’. Со тоа ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од пет години!“, напиша Дуковски. Адвокатот во објавата изрази задоволство од одлуката и оцени дека таа е резултат на недостатоците во обвинението.Тагови: Боки 13 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook