Советот на амбасадори: По однос новите европски иницијативи за постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија - Канал 5

Советот на амбасадори: По однос новите европски иницијативи за постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија

Советот на амбасадори за европски иницијативи за постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

Советот на амбасадори: По однос новите европски иницијативи за постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија

Овој документ претставува прво формализирање на идеи кои во изминатиот период беа артикулирани низ повеќе иницијативи и политички настапи во рамки на ЕУ, вклучително и во иницијативата на Министерството за надворешни работи на Република Австрија од април оваа година, како и во јавните настапи и писмото на германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Во таа смисла, Тиватскиот нон-пејпер може да се разбере како обид за создавање нов европски консензус околу концептот на постепена интеграција. Советот оценува дека овие иницијативи испраќаат значаен политички сигнал дека во земјите-членки расте свесноста дека сегашниот модел на проширување не ги дава посакуваните резултати со очекуваната динамика. Долгото отсуство на нови членки, слабеењето на ентузијазмот кај земјите-кандидатки, вкрстените интереси и влијанија во регионот и актуелните геополитички предизвици укажуваат на потребата од нови и пофлексибилни пристапи кон интеграцијата на Западен Балкан. Особено е значајно што во фокусот на овие иницијативи се наоѓаат секторската интеграција, пристапот до делови од Единствениот европски пазар, учеството во европските програми и постепеното вклучување во политиките на Унијата.

Од перспектива на надворешно-политичките и економските интереси на Македонија и регионот, Советот ги поздравува сите иницијативи кои овозможуваат конкретни придобивки за граѓаните, компаниите и институциите уште пред формалното членство во ЕУ. Ваквиот пристап може да придонесе за побрза економска интеграција, зголемена конкурентност и зајакнување на довербата во европскиот процес. Истовремено, Советот смета дека во тековната дебата недоволно внимание се посветува на прашањето на економската конвергенција како суштинска цел на европската интеграција.

Иако новите иницијативи предвидуваат различни форми на пристап до Единствениот пазар и европските политики, останува нејасно дали и во која мера земјите од Западен Балкан би добиле постепен пристап до клучните инструменти на европската кохезиска политика и структурните фондови. Советот потсетува дека историското искуство на државите од Централна и Источна Европа покажува дека нивната успешна економска конвергенција кон просекот на Европската Унија не била резултат исклучиво на пристапот до Единствениот пазар, туку и на значителната поддршка преку Кохезискиот фонд, Европскиот фонд за регионален развој, Европскиот социјален фонд и другите финансиски инструменти на Унијата.

Оттука, модел на постепена интеграција кој обезбедува пристап до Единствениот пазар, но не и паралелен пристап до инструментите за финансиска конвергенција, носи потенцијален ризик од продлабочување, наместо намалување, на развојниот јаз меѓу регионот и Европската Унија. Следствено, Советот на амбасадори смета дека идните модели на постепена интеграција е неопходно да бидат проследени со постепено и условено отворање на инструментите на кохезиската и структурната политика за земјите кандидатки кои покажуваат капацитет за нивно ефикасно користење. Ова би придонело постепената интеграција да обезбеди реална економска конвергенција и видливи придобивки за граѓаните уште пред формалното членство во Унијата. Во оваа насока, Советот посочува на неопходноста од проактивно и конструктивно вклучување на земјата во претстојната европска дебата за содржината на постепената интеграција.

Ова подразбира и подготовка на јасни национални позиции во однос на секторите подготвени за забрзана интеграција, пристапот до Единствениот европски пазар, учеството во европските политики и програмите, како и идниот пристап до финансиските инструменти на Унијата. Истовремено, успехот на секој модел на постепена интеграција ќе зависи и од капацитетот на самите држави кандидати да спроведуваат реформи, да ги зајакнуваат институциите, владеењето на правото и економската конкурентност, како и ефикасно да ги користат европските политики и средства.

Советот на амбасадори останува цврсто посветен на европската перспектива на државата и смета дека тековните иницијативи отвораат можност за нова динамика во процесот на интеграција. Истовремено, тие треба внимателно да се обликуваат така што постепената интеграција ќе претставува инструмент за побрза политичка, економска и институционална конвергенција со ЕУ, но не и замена за полноправното членство, кое останува крајна цел на процесот на проширување и единствена рамка што обезбедува целосно учество во институциите, политиките и механизмите на одлучување на Унијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина

Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава.

Попладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина

Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора.

* 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство

* 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија

Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија.

Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје.

Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија.

Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар.

Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна.

Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер