Советничка за односи: Ако партнерот често ви ги кажува овие фрази, вистински ве сака - Канал 5

Советничка за односи: Ако партнерот често ви ги кажува овие фрази, вистински ве сака

Во раната фаза од врската, зборовите можат да создадат впечаток на блискост, но исто толку лесно можат да предизвикаат и несигурност.

Советничка за односи: Ако партнерот често ви ги кажува овие фрази, вистински ве сака

Многу мажи знаат што да кажат за да остават добар впечаток, но вистинската љубов се препознава во фразите проследени со конкретни дела. Вистинските зборови, изговорени со искреност, честопати се знак за подлабока емоционална врска. Овие фрази најчесто се поврзуваат со намерата за долгорочно вложување во врската. Овие фрази ги издвои советничката за врски Дина Робисон.

„Сакам да ти помогнам.“

Кога некој маж вели дека сака да ни помогне - а всушност го прави тоа - тоа не е само учтивост. Тоа е знак дека тој нè гледа како партнер со кого сака да го сподели своето секојдневие. „Мажите навистина сакаат да помогнат кога навистина им е важно, бидејќи така ја покажуваат својата грижа и посветеност. Тие сакаат да бидат вклучени, да бидат од помош и активно да учествуваат во вашиот живот. Не станува збор само за физичка помош, туку и за емоционална поддршка и присуство“, вели Робисон за YourTango.

Оваа фраза покажува дека тој не нè гледа како минлива авантура, туку како личност за која сака долгорочно да се грижи.

„Сакам да се запознаеш со моето семејство (или најблиските пријатели).“

Поканата за средба со семејството или најблиските пријатели не е случајна, ниту пак е кажана без размислување. Кога мажот го кажува тоа, тоа значи дека нè гледа како важен дел од својата иднина, тврди советничката.

„Во тие моменти, мажите сакаат да проверат дали се вклопувате во нивниот најтесен круг и дали се чувствувате удобно таму каде што и тие се чувствуваат како дома. Таквата отвореност зборува за нивната подготвеност за емоционална поврзаност и стабилност на врската“, објаснува таа.

Кога партнерот нè вклучува во односи кои му се важни, тоа значи дека нè гледа како доверлива личност, што е силен показател за љубовта.

„Те сакам.“

Иако изгледа како наједноставна и најпозната фраза, „Те сакам“ сепак носи моќна тежина во врската. Некои мажи лесно ги кажуваат овие зборови, но кога ги повторуваат со искреност и доследност, тоа е јасен знак дека се емоционално посветени.

„Партнерите кои отворено велат „Те сакам“ изразуваат не само чувство, туку и желба секој ден да ви потврдат колку им значите. Тоа е фраза што ја отстранува несигурноста, ја намалува емоционалната дистанца и внесува јасност. Ако ви го каже ова без двоумење, тоа значи дека сака да биде целосно транспарентен во врската“, заклучува советничката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против шест лица за продолжени кривични дела – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

ЈО: Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Првата обвинета е вработена во Министерството за внатрешни работи, како помлад советник за патни исправи во Одделението за управни работи – Скопје, која во периодот од 03.09.2020 до 24.08.2026 година, во повеќе наврати ги користела своите шифри и вршела преправање на возачки дозволи, внесувајќи дополнителни категории.

Останатите петмина опфатени со обвинението се возачи кои, иако знаеле дека немаат положено за Ц и Д категорија, во договор со првата обвинета, поднесувале барања за издавање дозволи во кои им биле впишувани дополнителни категории.

Ваквите невистинити исправи тие ги користеле за да аплицираат и да добијат сертификати за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен превоз на патници и стоки, а потоа во повеќе наврати управувале со автобус или товарно возило во меѓународен сообраќај.

За тројца обвинети, вклучувајќи ја и вработената во МВР, јавниот обвинител достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор. За останатите тројца кои се недостапни на органите на прогонот предложи да им биде определен притвор од нивното пронаоѓање, а постапката против нив ќе продолжи во нивно отсуство.

Во меѓувреме, во рамките на истиот предмет, продолжуваат да се преземаат дејствија за обезбедување докази и против уште 21 лице, осомничени како посредници или корисници на фалсификуваните возачки дозволи, а обвинителството продолжува да истражува и други можни злоупотреби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 30 луѓе убиени во самоубиствен напад врз полициски комплекс во Пакистан

Најмалку 30 лице загинаа во самоубиствен напад врз полициски комплекс во северозападниот дел на Пакистан, јавуваат светските агенции.

Најмалку 30 луѓе убиени во самоубиствен напад врз полициски комплекс во Пакистан

Нападот бил извршен со автомобил наполнет со експлозив, кој бил насочен кон објектот во момент кога полицајци и членови на нивните семејства биле собрани на молитва во џамија во рамките на комплексот.

Експлозијата предизвикала големи материјални оштетувања, а спасувачките екипи продолжиле да го пребаруваат подрачјето. Надлежните стравуваат дека бројот на жртвите би можел дополнително да се зголеми.

Пакистан во последните години се соочува со зголемен број напади врз полицијата и безбедносните сили, особено во областите во близина на границата со Авганистан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ- Отчет две години учество во владата

Движењето ЗНАМ го претстави отчетот за две години учество во Владата:

ЗНАМ- Отчет две години учество во владата

“ДВЕ ГОДИНИ РАБОТА.

ДВЕ ГОДИНИ РЕЗУЛТАТИ.

ЕДНА ЉУБОВ – МАКЕДОНИЈА!“

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја претстави публикацијата со отчет за работата на избраните и именуваните функционери од редовите на Движењето во изминатите две години.

Обраќајќи се пред граѓаните, Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека отчетот не е само пресек на изминатиот период, туку обврска резултатите од извршувањето на јавните функции да бидат достапни, проверливи и отворени за критика.

„Не тргнавме во политиката затоа што верувавме дека власта е лесен пат кон моќта. Напротив, верувавме дека јавната функција, ако ја сфатиш сериозно, е една од најтешките форми на лична и морална одговорност.“ - истакна Димитриевски.

Тој нагласи дека со преземањето на одговорноста во Владата престанал периодот во кој било доволно да се укажува на проблемите и дека секое ветување дадено пред граѓаните мора да биде претворено во конкретен резултат.

„Не велам дека сме завршиле. Овој отчет не го споделуваме како точка на крајот, туку како пресек на еден период по кој мора да следи уште поголема одговорност“ - порача Претседателот на ЗНАМ.

Во своето обраќање, Димитриевски нагласи дека отчетот не треба да остане затворен во партиските архиви.

„Нека го читаат. Нека го критикуваат. Нека ги споредуваат резултатите. Нека ни кажат и каде можевме подобро“ - порача тој, нагласувајќи ја определбата за отчетот да биде отворен пред граѓаните.

Говорејќи за политичката визија на Движењето, Димитриевски истакна дека ЗНАМ се залага за европска и реформирана Македонија, но и за држава која го зачувува и афирмира сопствениот идентитет, јазик, култура и историја.

Димитриевски порача дека следниот период ќе биде период на продолжување и продлабочување на започнатите промени, со јасна определба Македонија да биде посилна, поуредена, помодерна и поспособна држава.

„Да ја чуваме Македонија, не само како спомен од минатото, туку како надеж за иднината. Да оставиме држава во која нашите деца ќе кажат:

‘Овде сакам да живеам. Овде сакам да создавам. Ова е мојата Македонија.’“ - порача Димитриевски на крајот од своето обраќање.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија останува посветено на политиката која својата смисла ја наоѓа во државниот интерес, со стремеж кон создавање на Македонија која ќе биде стабилна, самоуверена и достоинствена држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер