Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Водно станува бразилска фавела, а Шилегов со прст не мрдна за негова заштита

„Водно ќе го вратиме на Скопјани. Водно ќе биде повторно белите дробови на нашиот град“ им порачуваше на Скопјани градоначалникот Петре Шилегов од предизборните митинзи во 2017. 

Заштитата на Водно стои во неговата предизборна програма и таму се најавуваше дека „ќе се постават нови заштитни гранични линии зад кои зеленилото ќе биде неприкосновено и во заштита на градот. Овие заштитни линии нема да можат да бидат заобиколувани со т.н. времени објекти, урбани опреми и слични изговори за профит“.

Но, во 2018 Шилегов напрвин дозволи гасоводната линија да помине низ срцето на парк-шума Водно, за по протестите на екологистите да изјави дека тој е гарант за зачувување на планината. Владата тогаш вети и специјален закон за заштита на Водно. Сепак, во 2019, во Студијата за ревалоризација на парк-шума Водно со амин на Градот беа исцртани нови, повисоко поставени граници на Водно и се намали степенот на неговата заштита. Водно станува бразилска фавела, а Шилегов со прст не мрда за мегова заштита.

Законот не беше донесен, а не беше извршено ниту планираното пошумување за што МЕР имаше издвоено околу еден милион денари како компензација на штетата сторена со изведбата на гасоводот. Место тоа, Шилегов во медиумите зборуваше за „разубавување“ на Водно и негова „урбанизација“, со изградба на екшн-паркови, велосипедски патеки и зиплајни. Ништо од зиплајнот, ништо од ветувањата на Шилегов за заштита на Водно. За три години не е превземен ниту еден чекор за заштита на Водно. Неспособноста на Шилегов најголема закана за Водно.

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Отворено студио на Канал 5: Како би изгледала новата Влада?

Во отвореното студио на Канал 5 по повод двојните избори во Македонија се дискутираше за тоа како би изгледала новата Влада.

Според Горан Момироски ВМРО-ДПМНЕ оди кон 58 пратеници, а ВЛЕН и ЗНАМ се сериозни кандидати за да влезат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

За Љупчо Зиков е прерано да се лицитира со цифри на пратеници, а според него на платнформата за новата влада според ќе се најдат ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

Најмалку 85 жртви во поплавите во Бразил- претседдателот бара прогласување вонредна состојба

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва побара од Конгресот да прогласи вонредна состојба поради поплавите предизвикани од обилните дождови во кои загинаа најмалку 85 луѓе во најјужната држава Рио Гранде до Сул,покажуваат најновите податоци.

Оваа мерка би овозможила одобрување на дополнителни државни распределби без потреба да се почитуваат ограничувањата предвидени со фискалните правила кои стапија на сила минатата година.

„Сè уште немаме проценка за тоа што ќе биде неопходно. Само кога водата ќе се повлече ќе го видиме обемот на штетата“, рече министерот за планирање Симон Тебет, како што пренесува Ројтерс.

Гувернерот на Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите изјави дека бројот на загинати може значително да се зголеми бидејќи спасувачите напредуваат.

Повеќе од 130 луѓе се уште се водат како исчезнати откако поплавите погодија повеќе од две третини од речиси 500 градови во земјата, а раселени се околу 150.000 луѓе, соопшти Управата за цивилна одбрана на земјата.

Поплавите уништија патишта и мостови во неколку градови, предизвикувајќи лизгање на земјиштето.

Временските услови се подобрија во понеделникот, но синоптичарите соопштија дека се очекува повторно да врне обилен дожд помеѓу 10 и 15 мај.

Муцунски: Очекуваме одличен резултат и уште вечерва да се знае каква ќе биде Владата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, рече дека ДУИ вечерва станува опозиција, зашто беше дел на криминална Влада.

Муцунски рече дека очекува одличен резултат на парламентарните избори и дека цензусот за претседателските избори ќе биде надминат со сигурна победа на Гордана Силјановска- Давкова.

притисни ентер