Совети за справување и управување со гневот - Канал 5

Совети за справување и управување со гневот

Лутината е емоција со којашто, вообичаено, луѓето тешко се справуваат. 

Совети за справување и управување со гневот

И додека растеме, и подоцна, „нè учат“ и ни укажуваат дека изразувањето лутина значи дека човекот е проблематичен или „лош“. Но, лутината не е само маана - тоа е знак на повреденост, навреда или неправда, пишува „Задоволна“ (Zadovoljna). Како психолог и терапевтка сосредоточена на емоциите, со повеќе од 20 години искуство, д-р Џули Фрага има свои видувања за тоа како нашиот однос со лутината влијае на тоа како пристапуваме кон неа.

- Оние кои ја избегнуваат оваа емоција често се чувствуваат „заглавени“ и беспомошни. Оние кои си ја прифаќаат лутината како свој пријател, пак, можат да ја искористат нејзината порака. Кога се ракува со неа мудро, лутината ни помага да ги решиме конфликтите, да донесуваме добри одлуки и да се залагаме за себе... Повеќето од нас ја потиснуваат лутината од време на време. Ако, на пр., Вашиот партнер ви се налути на забава, можеби ќе молчите до дома. Сепак, постојаното потиснување на лутината може да има негативно влијание врз вашето ментално здравје. Тоа е поврзано со раздразливост, вина, намалено задоволство од животот и депресија, вели таа за „Си-ен-би-си“ (CNBC).

Наместо тоа, советот гласи: Именувајте го својот гнев. Со именувањето на нашиот гнев, ние признаваме дека тој постои - дека е вистински. Исто така, тоа го смирува мозокот, што помага да се намалат интензивните емоции. Фрага претстави пет начини на коишто емоционално интелигентните луѓе управуваат со својата лутина.

Тие не го покажуваат својот гнев, туку зборуваат за него

Навреди, трескање врати, викање - тоа се само неколку од штетните начини на ослободување на гневот. Емоционално интелигентните луѓе не го ослободуваат својот гнев така.

- Умешноста, во оваа смиссла е негативната емоција да се користи како орудие, а не како оружје. Лутината треба да нè заштити - затоа се појавува кога некој не нè почитува, ја изневерува нашата доверба или преминува некоја граница. Мудрото управување со гневот значи да се изрази преку зборови, а не преку штетно дејство. Сепак, стравот од отфрлање, погрешно разбирање или обвинување може да го отежни тоа изразување. Ако гневот бил забранет кога сте растеле или бил прикажан на застрашувачки начини, молчењето може да Ви биде побезбедно отколку да проговорите, појаснува д-р Фрага.

Таа два начина да го почнете разговорот: 1. „Би сакал /-а да зборувам за нешто што ме мачи...“; 2. „Тешко ми е да го кажам ова бидејќи се грижам за Вас. Ми засмета кога…“

Ја преземаат одговорноста за својот гнев

Оние кои го препознаваат својот гнев, обично не ги обвинуваат другите. Наместо тоа, самите тие ја преземаат одговорноста.

- Поставете си две прашања: „Што е надвор од моја контрола?“; „Што е под моја контрола?“ Не можете да присилите некого да се извини или да се промени. Ако ја трошите Вашата енергија на изгубени каузи, само ќе ја влошите фрустрацијата и негативните чувства, советува докторката.

Сепак, разговорот или испраќањето пораки до пријател може да ви помогне да ја искажете и ублажите Вашата фрустрација. Слично како што прошетката во природа го намалува стресот.

Претворање на лутината во активизам

Низ историјата, лутината била и катализатор за социјални промени и залагање за оние на кои им е потребна помош. Со други зборови, лутината може да ги поттикне општествено-одговорното однесување и делување и општествено-корисната работа.

- Дозволете Вашиот гнев да ве инспирира со наоѓање начин да ѝ помогнете на Вашата заедница. Ако сте лути поради економска неправда, фрлање храна или проблеми со јавното здравје, придружете се во организација што вистински ги промовира тие каузи што ги поддржувате, вели Фрага.

На овој начин, самото минување време со луѓе кои ги делат Вашите вредности Ве потсетува дека не сте сам /-а.

Лутината е учител

Можеби мислите дека чувството на лутина ве прави негативна или лоша личност... И тоа предубедување понекогаш нѐ спречува да истражуваме и разберете што навистина ни кажува емоцијата.

- Емоционално интелигентните луѓе знаат дека лутината не е критичар - туку е учител. Тие користат алатки како саморефлексија за да го продлабочат својот однос со неа, вели д-р Фрага, напоменувајќи да си го поставиме ова прашање: „Што се обидува да ми каже мојот гнев?“ Можеби Ви сигнализира дека нешто треба да се промени или дека една врска веќе не функционира.

Потоа... „Дали мојот гнев е поврзан со раните од минатото?“ Ако, на пр., имало малтретирање во детската возраст, можеби сте особено чувствителни на отфрлање денес, според стручното објаснение.

- Кога „ќе ја дешифрирате“ пораката на Вашиот гнев, ќе можете да се застапувате себеси и да донесете одлуки што ќе Ви користат. Можеби ќе завршите токсично пријателство, ќе дадете отказ од лошата работа или ќе почнете со терапија за да ги излекувате старите рани, појасни Фрага.

Лутината, уште еднаш се нагласува - не е непријател. Кога се справуваме со неа со обѕир и кон себе и кон другите, таа станува гориво за личен раст и напредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вулин сепак пристигнал во Москва, се огласи од Црвениот плоштад (ВИДЕО)

Александар Вулин, претседателот на Социјалистичкото движење на Србија, поранешен министер во неколку влади, а сега претседател на Надзорниот одбор на „Србијагас“, објави дека пристигнал во Москва. 

Вулин сепак пристигнал во Москва, се огласи од Црвениот плоштад (ВИДЕО)

Тој тврди дека не избегал никаде, туку дека отишол во Русија, каде што ќе има серија состаноци за продолжување на гасниот аранжман, објави Телеграф.

Вулин објави видео на социјалната мрежа Инстаграм со пораката: Пристигнав во Москва.

Во видео изјавата тој објаснува дека не избегал никаде, дека нема да оди никаде без своето семејство, но ги напаѓа и сите што ја објавија информацијата дека авионот во кој првично се наоѓал бил вратен на белградскиот аеродром затоа што самиот Вулин не ги почитувал безбедносните процедури.

Вулин тврди дека планира серија состаноци во руската престолнина за продолжување на гасниот аранжман на Србија со таа земја.

Летот на „Ер Србија“ JU134, кој полета од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград кон Москва во вторник вечерта, беше вратен во Белград истата вечер откако, според неофицијални информации од порталот „Нова.рс“, беше утврдено дека Александар Вулин не ја поминал безбедносната проверка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната!

Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. 

Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната!

Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење!

Започна големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која го обновуваме зеленилото и ги раззеленуваме јавните површини. До крајот на сезоната ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници!

Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град.

Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани!

Зелено и чисто Скопје е обврска на која сум силно посветен.

Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре.

Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат!

За Скопје што дише.

За генерациите што доаѓаат.

Скопје се сака со дела!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот

Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот, со конкретни инфраструктурни проекти за транспорт, енергија, гас и железница. 

Мицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот

Преку изградба на гасните интерконектори со Грција и Србија, создаваме вистинска алтернатива на руската енергетска инфраструктура, поврзувајќи го терминалот за ЛНГ во Александруполи со Централна Европа, со капацитет од 3 до 6 милијарди кубни метри годишно, рече премиерот Христијан Мицкоски на самит во Диселдорф.

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер