Совети за проблеми во односот родител - дете - Канал 5

Совети за проблеми во односот родител - дете

Создавањето здрава и силна врска со децата може да биде предизвик, но e клучно за нивниот емоционален развој.

Совети за проблеми во односот родител - дете

Иако понекогаш може да биде потребна и стручна помош, важно е прво да се препознаат знаците што укажуваат дека детето има тешкотии да се поврзе со родителот. Следат петте најчести показатели за можните проблеми и совети за подобрување на односот на родителите со своите деца.

Не Ве слушаат

Кога детето редовно ги игнорира укажувањата и советите на возрасниот, тоа може да значи дека не го сфаќа сѐ тоа сериозно, или пак, не гледа личност на авторитет пред себе. Доколку, на пр., го замолите да си ја исчисти собата и тој / таа се префрли на нешто друго, ова е знак дека е потребна промена во пристапот во воспитувањето.

Не сакаат да минуваат време со Вас

Кога детето редовно избегнува семејни активности и сака повеќе да се дружи со другарчињата отколку со родителите - тоа е сериозен знак. Ако се повлече во својата соба избегнувајќи ги семејните дружби, можеби се работи за детска привреемена бунтовност, но доколку постојано се повлекува, можеби тој / таа не се чувствува поврзан /-а со семејството, што, исто така, бара промени во односот родител - дете, пишува босанскиот портал „Кликс“.

Се однесуваат како да сте им непријател

Ако децата често реагираат бурно или дефанзивно на кое било прашање на родителот, или го гледаат како личност со која постојано се расправаат, тоа значи - има некаква тензија. Ваквото однесување може значително да ги влоши односите, па треба да се обрне внимание и на ваквите реакции.

Речиси никогаш не Ви се доверуваат за својот личен живот

Ова е знак на недоверба. Ако не му е удобно да му се довери на својот татко, или на мајка сѝ, можеби детето не е сигурно дека ќе биде разбрано.

Претеран сарказам и негативни коментари

Кога детето често користи сарказам, цинизам и остри коментари кон родителот, тоа може да биде знак на фрустрација и недоразбирање. Прашања како „Дали воопшто ти е гајле?“ - можат да укажуваат на чувство на запоставување во семејната врска.

Препознавањето на овие знаци е важно за навремено решавање на проблемите во односот родител - дете. Ако се забележи некој од овие признаци, важно е возрасниот отворено да разговара со детето и да се размисли како да се подобри меѓусебното разбирање и поврзаност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СП2026: Канада прв осминафиналист

Ко-домаќинот на 23 светски фудбалски шампионат Канада е во осминафиналето!

СП2026: Канада прв осминафиналист

Канадските фудбалери се првите учесници во осминафиналето на Светското првенство, откако на отворањето на нокаут фазата на Мундијалот ја елиминираа Јужна Африка со резултат 1:0 (0:0).

Еден од домаќините на Светското првенство оствари историски успех со гол во судиското продолжение, постигнат од Стивен Јусташи.

YouTube video

Во битката за четвртфиналето, екипата на Џеси Марч ќе игра против подобриот тим од дуелот Холандија-Мароко, кој ќе се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник од 03:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Литванскиот министер за надоврешни работи во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска во министерството ќе има средба со министерот за надворешни работи Литванија Кестутис Будрис.

Литванскиот министер за надоврешни работи во посета на Македонија

Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји, соработката во рамките на НАТО, како и поддршката од Литванија за европската интеграција на Македонија.

Во рамките на посетата е предвидена тет-а-тет средба со министерот Муцунски, по што ќе следи заедничка прес-конференција..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Пожар на островот Вис во Хрватска

Голем пожар на отворено избувна на островот Вис синоќа околу 22:30 часот. 

Видео: Пожар на островот Вис во Хрватска

Огнот зафати борова шума и ниска вегетација во областа на Комижа, долж патот кон Подхумље, објави веб-страницата „Firefighters 193“.

Сите расположиви противпожарни сили од оперативното подрачје Вис веднаш биле испратени на местото на настанот. Во интервенцијата учествуваат пожарникари од противпожарните одделенија на Комижа и Вис.

Противпожарната одделенија на Комижа распореди девет возила и 35 пожарникари, а противпожарната одделенија на Вис распореди шест возила и исто така 35 пожарникари, со што вкупно на местото на настанот се наоѓаат 15 возила и 70 пожарникари.

Пожарот е сè уште активен, а неговото гаснење го отежнуваат сувата вегетација и ширењето на пожарот на отворен простор.

Иако немаше силен ветер во текот на ноќта, пожарот се прошири брзо во првите часови поради екстремно сувата почва.

Од утрово на терен се и три авиони канадари, додека четвртиот авион пристигнува и ќе биде вклучен во гаснењето на пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер