Совети за побрзо наоѓање нова работа - Канал 5

Совети за побрзо наоѓање нова работа

На пазарот на труд кој е поконкурентен и понемилосрден од кога било, лесно е да се чувствувате преоптоварени со аплицирањето и обидот да дојдете до контакт кој би можел да ви ја отвори вратата кон нова можност. 

Совети за побрзо наоѓање нова работа

Затоа, авторот на бестселери и советник за развој на кариера, Тим ​​Касл, наведува конкретни чекори што можете да ги преземете за максимално да ги зголемите вашите шанси.

Според Касл, многу луѓе прават исти грешки: се убедуваат себеси дека пазарот е безнадежен, губат волја и испраќаат вообичаени биографии со недели кои не даваат резултати. Но, неколку едноставни промени можат значително да ги зголемат вашите шанси да ја добиете работата од соништата, а воедно да ви помогнат да останете посреќни, поздрави и ментално постабилни.

Ако барате нова работа, еве девет чекори што треба да почнете да ги применувате веднаш.

Барањето работа сфатете го како работа

Кога барате работа, лесно може да паднете во стапицата на социјалните мрежи и гледањето телевизија цел ден. Доцното будење, поминувањето денови пред екран, натрупувањето непрочитани е-пораки и кратка биографија која со недели чека да биде ажурирана е сценарио во кое многу луѓе се впуштаат побрзо отколку што очекувале.

Наместо да ја третирате невработеноста како период на застој или можност за одмор, Касл советува да пристапите кон вашето барање работа исто како кон нормален работен ден.

Станете, облечете се, одработете ги работните часови и погрижете се да излезете од дома.

Од психолошка гледна точка, оваа промена е клучна. Луѓето кои го гледаат отказот како привремена транзиција, а не како личен неуспех, обично дејствуваат побрзо, подобро се поврзуваат, ја враќаат самодовербата и многу побрзо наоѓаат нова работа.

„9 пред 9“ секое утро

Еден од најинтересните, но и најтешки совети на Касл е методот што тој го нарекува „9 пред 9“. Идејата е едноставна: контактирајте девет потенцијални можности пред 9 часот наутро.

Ова може да бидат електронски пораки, пораки на LinkedIn, директни пораки, поранешни колеги или компании што ги почитувате, дури и ако тие во моментот немаат отворени позиции. Зошто? Бидејќи повеќето луѓе забораваат дека барањето работа е поврзано со тоа да бидете видливи и да го одржувате еланот, а не бесконечно да го уредувате вашето CV.

„Бидете први во нивниот “inbox”, во DM, или на телефон“, вели Касл. „Треба само од странец да станете некој со кого сакаат да разговараат.“

Иако девет контакти на ден звучи претерано, количината често е клучна за успех на денешниот пазар на труд. Пасивното чекање „совршен“ оглас генерално е многу помалку ефикасно од отворањето повеќе разговори и можности одеднаш.

Заборавете на гордоста и започнете со контактите што ги имате

Касл верува дека повеќето работни места сè уште се наоѓаат преку односи и познанства, а не преку класични апликации.

Затоа тој ве советува да престанете да чекате повици и да почнете сами да создавате можности за да запознаете луѓе. Кафе, конференции, деловни предавања, колеги од факултет, деловни ручеци сето тоа е многу поважно одошто мислат повеќето.

„Разговорите што ве мотивираат обично се оние што водат некаде“, вели тој. Тој нагласува да не останувате во вашиот круг на познаници. Новите контакти често водат до можности што никогаш не биле јавно огласени.

Уредете го вашиот LinkedIn профил

Да бидеме искрени, повеќето LinkedIn профили изгледаат многу полошо отколку што мислат нивните сопственици. Преполни се со нејасен корпоративен жаргон и фрази како „динамичен тимски играч“ или „професионалец ориентиран кон резултати“, но всушност тие не кажуваат речиси ништо конкретно.

Касл вели дека профилот би требало веднаш да објасни кому му помагате, каква вредност носите и какви резултати сте постигнале. Истото важи и за биографијата.

Работодавците не се заинтересирани за општи описи, туку за специфични податоци: што сте подобриле, колку пари сте ѝ заработиле или сте ѝ заштедиле на компанијата и што се променило благодарение на вашата работа. На пазарот каде речиси секој денес може да звучи импресивно со помош на вештачката интелигенција, да се биде јасен е многу поважно отколку обидот да звучите паметно.

Барајте препораки, а не само совети

Касл тврди дека препораките вредат многу повеќе од обичните апликации. Кога ќе ве препорача некој кому компанијата веќе му верува, работодавачот веднаш го добива она што класичните пријави ретко го нудат - чувство на сигурност и доверба.

Касл советува директно да барате препораки или да се запознавате луѓе во рамките на одредени компании и позиции. Разликата помеѓу анонимно CV во купот апликации и кандидатот зад кого стои некој интерно, може да биде огромна.

Научете нешто ново додека сте невработени

Интервјуто за работа знае да биде непријатно ако немате што да кажете за последните неколку месеци, освен дека сте „поднесувале апликации“.

Касл верува дека периодот помеѓу две работи е идеален за развој на нови вештини, без оглед дали станува збор за посетување онлајн курсеви, учење нови програми или усовршување на вашите презентациските и комуникациски вештини.

Ова не само што го подобрува вашето CV, туку целосно ја менува и енергијата на интервјуто. Наместо да изгледате пасивно и заглавено, изгледате амбициозно и проактивно.

Користете вештачка интелигенција

Додека многумина сè уште се плашат дека вештачката интелигенција ќе ги преземе работните места, Касл верува дека паметните кандидати треба да ја користат за да ги подобрат своите апликации и подготовката за интервју.

Тој препорачува користење алатки за вештачка интелигенција за да ги препознаете сопствените слабости, за истражување на компаниите и стратешки да размислите што навистина им е потребно на работодавците.

Со какви проблеми се соочуваат? Каде губат пари? Кои проблеми можете да ги решите? И како да го претставите тоа на интересен и конкретен начин за време на интервју? Најдобрите кандидати не се оние кои само повторуваат информации од своите биографии, туку оние кои можат јасно да објаснат како можат да придонесат за работењето на компанијата. Ако вештачката интелигенција може да помогне во подготовката на подобри одговори и подобри презентации, Касл верува дека треба да се користи.

Водете евиденција за апликациите

Една од најголемите грешки при барање работа, вели Касл, е лошата организација.

По неколку недели, апликациите почнуваат да се мешаат и луѓето веќе не знаат со кого разговарале или за кои позиции аплицирале. „Водете едноставна евиденција за тоа кого сте контактирале, со кого сте разговарале и што е моментално активно“, советува тој.

Едноставна табела во Excel може да биде доволна. Системот не мора да биде комплициран, но прегледот на апликациите и контактите го прави целиот процес многу помалку стресен. Покрај тоа, емоционално престанувате да зависите од една единствена можност бидејќи јасно гледате дека паралелно се отвораат и други можности.

Не потценувајте ја важноста на личноста

Касл верува дека едно нешто и понатаму е пресудно на разговорите за работа - личноста.

„Енергијата и емпатијата се издвојуваат повеќе од сè бидејќи се ретки во денешно време“, вели тој. Во пракса, тоа значи да бидете личноста со која луѓето можат да замислат да работат секој ден. Некој што слуша, се однесува позитивно и внесува добра енергија во просторијата.

Касл вели дека луѓето го паметат впечатокот што го оставате многу подобро од совршено извежбаните одговори. Затоа малите нешта сè уште се важни: насмевка, контакт со очи, учтивост, придржување на вратата и искрено изразување благодарност по интервјуто.

„Бидете личноста со која луѓето би сакале да работат - не само на хартија, туку и преку енергијата што ја носите“, заклучува тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари

Редици уште од раните утрински часови, нервоза и негодување, засилено полициско присуство, а во неколку наврати и интервенции на Брза помош. 

АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари

Ваква беше сликата пред главната експозитура на АЛТА банка во Битола, која од денеска ги отвори вратите за шалтерска исплата на средства до 20.000 денари за клиентите кои немаат платежни картички. Но, иако шалтерите повторно работат, граѓаните се жалат дека пристапот до сопствените пари не оди подеднакво лесно. Исплатата се организира преку СМС-пораки со известување за точниот датум и време на доаѓање. Дел од повозрасните граѓани велат дека воопшто немаат мобилни телефони, други дека не добиле известување, додека има и такви кои, иако дошле без СМС-порака, успеале да завршат работа за дваесетина минути.

Иако беше најавено дека покрај пензионерите, приоритет при исплатата ќе имаат и корисниците на социјална помош, дел од нив се пожалија дека денеска не успеале да ги подигнат средствата.

Од Народната банка информираат дека шалтерите ќе останат отворени и ќе работат во две смени, вклучително и во сабота, со цел да бидат услужени што поголем број граѓани. Според најавите, вакви шалтери наскоро ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица.

Иако стравувањата на штедачите ги оцени како оправдани, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска повика на смиреност, уверувајќи дека банкарскиот сектор во земјава е сигурен и дека случајот со АЛТА, како банка со мал удел во секторот, не претставува закана за неговата стабилност. Во однос на изјавата на гувернерот дека пред влезот на АЛТА банка на македонскиот пазар биле консултирани повеќе владини претставници, Кочоска демантира дека Министерството за финансии било дел од тие разговори.

-Не знам... гувернерот не сум го ни слушнала кога го кажал тоа, но ние како Министерство за финансии не сме имале апсолутно никаква комуникација. Ниту знаеме дека оваа банка имала преговори, ниту знаеме кои претходно други институции, банки биле заинтересирани, така што најодговорно тврдам дека Министерството за финансии апсолутно немало никаква комуникација со гувернерот по однос на ова прашање,-Гордана Димитриеска – Кочоска – министерка за финансии.

Лидерот пак на СДСМ Филипче на социјалните мрежи објави дел од записник од владина седница од 23 септември 2025 година, во кој според него, се содржани заклучоци поврзани со понудата за преземање акции од „Алта банка“ АД Белград, донесени на предлог на министерката Димитриеска-Кочоска.

Тој тврди дека ова покажува дека министерката била информирана за постапката и побара нејзина оставка, но и истрага од Јавното обвинителство и вклучување на Европското јавно обвинителство за проверка на текот на парите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извештајот на Европската комисија пристигна во владата, Рокас му го врачи на Мицкоски

Вчера објавениот Извештај на Европската комисија попладнево пристигна во Владата.. Евроамбасадорот Рокас му го врачи документот на премиерот Мицкоски.

Извештајот на Европската комисија пристигна во владата, Рокас му го врачи на Мицкоски

На прес-конференцијата, двајцата ги презентираат клучните наоди и забелешки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

“17“, македонскиот кандидат за „Оскар“ со скопска премиера на 26. Скопје филм фестивал

Во рамките на програмата на 26. Скопје Филм Фестивал, вечер во Македонскиот Народен Театар (МНТ), скопската публика ќе има можност премиерно да го погледне остварувањето „17“, официјалниот македонски кандидат за наградата „Оскар“.

 “17“, македонскиот кандидат за „Оскар“ со скопска премиера на  26. Скопје филм фестивал

Во рамките на програмата на 26. Скопје Филм Фестивал, вечер во Македонскиот Народен Театар (МНТ), скопската публика ќе има можност премиерно да го погледне остварувањето „17“, официјалниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ во категоријата за Најдобар меѓународен игран филм.

Ова остварување го означува долгометражното играно деби на режисерката Косара Митиќ, која со својот прв филм донесува свеж, автентичен и храбар авторски глас во домашната кинематографија. Филмот „17“ претставува суптилен и емотивно суров увид во созревањето, личните борби и предизвиците на новата генерација, отворајќи прашања за идентитетот, слободата и себепронаоѓањето.

Свечената премиерa ќе започне со дефиле на црвениот тепих со почеток од 20:30 часот, каде што ќе пристигнат режисерката Косара Митиќ, актерската екипа и авторите на филмот, заедно со бројни домашни и меѓународни гости од филмската индустрија, по што со почеток во 21:00 часот, ќе следува официјалната премиерна проекција на филмот.

“Скопје Филм Фестивал го заслужи најдоброто – бисерот на поновата македонска кинематографија. Скопје отсекогаш имало пребирлива и страсна филмска публика, па одржувањето на вечерашната премиера е од суштинско значење за културниот пулс на градот. Овој настан испраќа силна порака дека македонската филмска сцена има вкус, капацитет, визија и светски квалитет, факт кој до сега го покажа филмот “17“ со учествата на огромен број филмски фестивали, бројните освоени награди и признанија и секако, националната кандидатура за Оскар“, изјави Членот на Советот на СФФ и куратор на фестивалот, Ники Никитин.

Покрај проекцијата на филмот, публиката на Скопје Филм Фестивал ќе има можност да се сретне со дел од авторската и актерската екипа зад „17“, кои ќе споделат детали од процесот на создавање на филмот што ја претставува македонската кинематографија во трката за најпрестижното филмско признание.

Поради огромниот интерес за премиерното прикажување на филмот во Скопје, Организаторите на фестивалот препорачуваат билетите да се обезбедат навреме преку продажната мрежа на MK Tickets. Покрај премиерната проекција на „17“ во рамки на фестивалската програма, филмот ќе се прикажува во редовен репертоар во киното Синеплекс започнувајќи од 6 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер