Совети за одвикнување од цицањето прсти кај децата - Канал 5

Совети за одвикнување од цицањето прсти кај децата

Ако родителот не може да го одвикне своето дете од лошата навика на цицање палец, следат неколку „трикови“ коишто може да бидат корисни.

Совети за одвикнување од цицањето прсти кај децата

Пред сѐ, во случај кога детето си ги цица прстите при заспивање, советот гласи: Обидете се да му наместите да гушне плишана играчка и слично. Ако пак, има омилена играчка, искористете ја „за да стекнете предност“. Може, на пр., да му се каже на малечкото дека играчката сака да престане да го цица палецот...

Доколку пак, детето се обидува да се ослободи од стресот со цицање палец - утешете го, кажете му дека сте тука за него, прегрнете го итн. Покрај тоа, може да му се дадат и мали „награди“ и задоволства, ако детето успее да издржи цел ден без да го цица палецот, во вид на слатки, петки на рачето, нова играчка и сл.

Во „потешките случаи“, се воспоставува правило за постепено но целосно ослободување од оваа навика. Тоа значи, на почетокот малечкото „ќе може“ да си го цица прстот само во одредени случаи, на пр. - пред спиење, додека гледа цртан филм итн.

Стручњаците наведуваат дека децата треба да престанат со оваа навика до тригодишна возраст. Доколку детето го пречекори тој праг, се препорачува консултирање со стоматолог. Некои деца ќе го сфатат разговорот со стоматологот посериозно и ќе го послушаат него попрво отколку своите родители. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на Русија

Територијалното прашање останува да се реши пред да може да се постигне договор за крај на војната меѓу Русија и Украина, но Киев не е подготвен на отстапки, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на американскиот претседател и негов зет.

Кушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на Русија

Тој додаде дека американската страна изминатите девет месеци работела на други елементи од мировниот договор, вклучувајќи безбедносни гаранции и механизми за спречување на повторно разгорување на непријателствата.

Кушнер истакна дека за време на преговорите во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ги изнел своите територијални барања. „Ако Украина се согласеше да се повлече до таа линија, веќе ќе го имавме подготвено остатокот од договорот. Но, засега, украина не е подготвена да го стори тоа“, рече пратеникот на Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранети

Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца.

Девет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранети

Најмалку девет лица загинаа, а десетици се ранети во серијата жестоки руски воздушни напади врз неколку украински области, во кои се оштетени станбени згради и критична инфраструктура, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија загрижувачки ја пренесува војната кон економијата со истрелување на речиси 500 дронови од раните утрински часови.

Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените руски напади врз електроцентралите и другата инфраструктура. Од своја страна, украина изведува напади врз енергетски објекти и магацини во оддалечените области на Русија, а двете страни напаѓаат и бродски пловни објекти.

„Москва ја пренесува војната од фронтот, каде што не постигнува успех, кон економијата, уништувајќи објекти што му помагаат на населението да се справи со воените услови. Русија сака да ја уништи украинската економија и да го скрши нашиот отпор“, изјави Зеленски на Телеграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија без активни пожари

Центарот за управување со кризи денеска за првпат после подолго време информира дека нема активни пожари и пожари под контрола.

Македонија без активни пожари

Во изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар и сите се изгаснати.

На ден 12/13.09.2026 година, до 08:00 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои нема активни пожари, нема пожари под контрола, а изгаснати се 21 пожар, се вели во информацијата од ЦУК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер