Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
1Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
ЖивотСовети за децата и доаѓањето на нов член во семејствотоДоаѓањето на нов член во семејството е стресно за родителите, но и за децата. Психологот Ивана Кобер Врбат од Хрватска објаснува како родителот може да го подготви детето за раѓањето помал брат или сестра.- Нов член во семејството е голема промена за поголемото дете и може да очекуваме различни реакции. За среќа, постојат начини на коишто можеме да си олесниме. Веќе при бременоста, на пр. може да му кажеме на поголемото дете за тоа како ќе има братче или сестричка и како бебето живее во стомакот на мама... И оти мајката ќе оди в болница, па ќе се врати со бебето. За ова може да се користат и разни сликовници со вакви теми, советува психологот. Децата сакаат да учествуваат во збиднувањата, па треба да бидат вклучени и во ова. Имено, можат, на пр., да изберат играчка што ќе му ја дадат на бебето кога ќе се врати дома од породилиштето. - Исто така, може и бебето, кога ќе дојде дома, „да му донесе“ подарок на поголемиот брат или сестра, така што второво дете ќе ја поврзе првата средба со бебето со пријатното искуство со дарот. Децата сакаат рутина и предвидливост, тоа им дава сигурност, додава Кобер. Таа препорачува и да се избегнуваат други промени во животот на детето, како што е истовремено одвикнување од пелени или цуцла ако во тој миг се очекува раѓањето бебе. Што да се очекува од постарото дете кога ќе дојде новороденото бебе? За тоа има многу предизвици. На почетокот, на пр. може да изгледа дека постарото дете не е заинтересирано за бебето, а дури подоцна почнува да покажува љубомора и тешкотии при прилагодувањето. И тоа е нормално. Така се надраснуваат новите состојби и непознатото. - Треба да му се дозволи на детето да се справи со новонастанатата состојба на начин што му одговара. Затоа слободно земете го детето в раце и нишајте го како бебе. Постарото дете, исто така, може да биде пораздразливо, може да се нарушат претходно воспоставените навики на спиење. Сите овие однесувања се нормални доколку траат кратко, а најчесто детето релативно брзо се навикнува на новото и се враќа на вообичаеното однесување, вели стручњакот. Тој исто така додава дека не треба да се занемари и менталното здравје на мајката, која покрај сите хормонални промени низ кои минува телото и недостатокот на сон, треба да се прилагоди и на живот со две деца на кои им треба нејзиното внимание. Има и одредени работи коишто, се вели, родителите никогаш не треба да ги прават кога ќе дојде бебето. Меѓу нив, пред сѐ, е срамот или казнувањето на детето за емоциите и чувствата. - Не би било добро, на пр., да ги праќате децата в ќош или да ги казнувате на некој друг начин ако плачат. Не треба да ги спречувате да ги изразат своите емоции, добро е да ги оставите да плачат кога им е тешко и да ги утешите со прегратка, бакнеж или на некој друг нежен начин. Родителите тука може да кажат „Гледам дека ти е тешко навистина, и тешко е да добиеш брат / сестра“, вели психологот. Важна е трпеливоста, смета таа. Треба да се нагласи дека овој период ќе помине, иако се чини дека никогаш нема да заврши. Работите си доаѓаат на свое место, а децата најчесто се прилагодуваат и на крајот ја покажуваат потребната љубов и грижа кон најмалечкото. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Автомобилизам„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС. „Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “. You’ll want to hear this. For the drivers, with an all-motor heart born from racing. Ford Mustang Cobra, a Legacy Reborn. The story continues in 2027. https://t.co/fogI982jfl — Ford Racing (@FordRacing) November 10, 2026 Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС. За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент. Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС. Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име. Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање. Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“. Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор. Извор: Б92Тагови: Ford Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок.На состанокот на европските либерали во Даблин за време на неформалниот самит на ЕУ, претставникот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок, истакнувајќи дека времињата на безусловно следење на европските лидери се минато, а граѓаните во регионот сè погласно ја гледаат хипокризијата и недостигот на конкретни резултати. Кирјас ги повика европските колеги да ја прифатат новата глобална реалност, нагласувајќи дека четврт век подоцна светот е далеку покомпетитивен и дека Европската Унија повеќе не е единствениот „производ“ на светската сцена. „Мораме да сфатиме и да прифатиме дека 2026 година не е 2001 – 25 години подоцна светот изгледа многу поразлично и е далеку покомпетитивен. Ако порано единствената опција и модел што можеа да го видат граѓаните беше европскиот модел, денес на пазарот постојат и кинески, и руски, и турски модел, па во последно време и американски модел кој е различен од европскиот. За нас, особено за либералите, европскиот модел на благосостојба, економски развој, слобода на говор, просперитет и гарантирање на правата е најдоброто решение. Но, не можеме да очекуваме дека граѓаните секогаш слепо ќе ги слушаат своите лидери, нема да ги следат вестите и нема сами да носат одлуки за тоа кој е способен да преземе решенија, да го исполни ветеното, да гледа визионерски и да проектира моќ на светската сцена“, порача Кирјас во Даблин. Тој предупреди дека европските институции се наоѓаат во состојба на самоодрекување од глобалната реалност и веќе не се доживуваат како морализирачка сила во регионот. Како што објасни пред присутните, дури и во Македонија веќе не се зборува само за формално членство во ЕУ, кое за многу граѓани стана непривлечен поради долгогодишните блокади и неисполнети ветувања, туку за градење држава според стандардите на земји како Бенелукс, Данска, Ирска или Естонија. „Ако не направиме сѐ во наша моќ за повторно да ги направиме европската идеја и европскиот проект атрактивни, ќе имаме огромен проблем – не само со граѓаните, туку и со иднината на нашиот континент. Време е да престанеме да гледаме на нашиот проект како на единствена солуција во светот. Нашите граѓани сакаат да живеат просперитетно, да говорат слободно и да имаат правна држава, но тоа значи дека и на европско ниво сите мора да бидат подеднакво почитувани – без надменост, без надредување, без второкласни граѓани и без наметнување каде што само еден одлучува и ги суди другите, туку систем каде што сите си помагаме еден на друг. Колку побрзо го направиме тоа, толку ќе биде подобро за сите нас во Европа“, заклучи Емил Кирјас во своето излагање пред европските либерали на состанокот на АЛДЕ. Либерално-демократска партијаТагови: Емил Кирјас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на МицкоскиЕден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори. Еден ден се фали со економси раст, друг ден признава дека државата нема пари. Неговите противречни изјави ја разобличуваат целата владина пропаганда, сите негови лаги. И ММФ ги разби бајките на Мицкоски. Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа. Според проекциите на ММФ, Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии по БДП по жител, со 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора и Албанија. Разликата со најбогатите европски економии останува огромна. Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите. Ова е сè она за што СДСМ предупредува последната година. Сега потврдено и од ММФ. Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки. Пари во буџетот нема, пари за граѓаните нема. Но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда. Вистината е сега на виделина, и со скандалот со Алта банка, и со неговите врски со Вучиќ. За сè ова, одговорност ќе има. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook