Совети за безбедно користење четбот и за заштита на личните податоци - Канал 5

Совети за безбедно користење четбот и за заштита на личните податоци

На својата страница, американската компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) ги предупредува корисниците на „Чет-ГПТ“ да не споделуваат чувствителни и доверливи податоци. Истото им го препорачува и „Гугл“ (Google) на корисниците на неговиот четбот „Џемини“.

Совети за безбедно користење четбот и за заштита на личните податоци

Додека многу корисници на „Чет-ГПТ“ и другите четботови веќе бараат помош за сè - од совети за брак и претворање слики од нивните миленици во човечки ликови до пишување професионални е-пораки, користењето вештачка интелигенција носи и одредени опасности за приватноста. Според „Њујорк пост“ (New York Post) и Џенифер Кинг, стручњак во Институтот за ВИ „Стенфорд“, сè што внесувате во четботот може да стане јавно.

- Така ја губите сопственоста врз тие податоци, вели Кинг.

Затоа е важно да се следат неколку основни правила при разговор со четбот. Како што „Опен-АИ“ и „Гугл“ советуваат, за ако користите ВИ, следат пет работи што никогаш не треба да ги споделувате со четботовите.

Лични, возачки и здравствени информации

Никогаш не се споделуваат лични податоци коишто би можеле да го откријат Вашиот идентитет, како што е број на лична карта, возачка дозвола, пасош, датум на раѓање, адреса или телефонски број. Иако некои четботови се обидуваат да идентификуваат и отстранат чувствителни податоци, најдобро е целосно да се избегнува тоа. Целта, според „Опен-АИ“, е ВИ-моделите да учат за светот, а не за поединци.

Здравствени податоци

Тие податоци се заштитени со законите за приватност, но четботовите, општо земено, немаат таква заштита. Доколку барате од „Чет-ГПТ“ да толкува медицински наоди, Кинг советува прво дигитално да го исечете и уредите документот, оставајќи ги така само резултатите од тестот, без личните информации.

Финансиски информации

Никогаш не се споделува број на банкарска сметка, инвестиции или други финансиски податоци, бидејќи хакерите можат да ги злоупотребат и да ги користат за пристап до Вашите пари.

Лозинки

Иако може да изгледа погодно да споделувате кориснички имиња и лозинки со четбот за одредени задачи, тој не може да ја гарантира безбедноста на Вашите сметки и профили.

Податоци за клиентите

Ако користите „Чет-ГПТ“ или слични четботови за деловни цели, на пр. за пишување е-порака или уредување документи - постои ризик ненамерно да откриете податоци за клиентите или деловни тајни. Некои компании користат свои, затворени верзии на ВИ-системи, или имаат поставено дополнителни безбедносни мерки за заштита на податоците.

Ако сакате да користите чет-бот без да ја загрозите својата приватност, стручњаците советуваат и користење силни лозинки, повеќефакторска автентикација и редовно бришење на историјата на разговор. Некои компании, како американската „Антропик“ (Anthropic), наведуваат дека податоците избришани од платформата - трајно се бришат по 30 дена. Иако вештачката интелигенција може да олесни многу задачи, секогаш следете ги основните правила за приватност, за да се избегнат сите можни закани и опасности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер