Совети од ФБИ: Како да се слуша соговорникот? - Канал 5

Совети од ФБИ: Како да се слуша соговорникот?

Крис Вос е меѓународен преговарач на ФБИ со 30 години долга кариера. Тој открива три одлики за луѓето со висока емоционална интелигенција. 

Совети од ФБИ: Како да се слуша соговорникот?

Неговите преговарачки вештини може да се користат и во секојдневието на животот. Ако сме способни да ја совладаме вештината на слушање, вели, таа емоционална интелигенција може да се искористи за успешно да го смириме судирот со сопружникот, пријател, колега, па и со нервозниот тинејџер во соседната соба дома.

- Клучната вештина е да се знае како „да се слушаат и читаат“ луѓето спроти нас, вели Вос.

Тој, на пр., бил преговарач во заложничка криза - грабеж на банка во њујоршката општина Бруклин во 1990-тите. Тој телефонски преговарал со разбојниците, па да го решил конфликтот, тогаш направил три нешта за коишто истакнува дека луѓето треба да ги прават, кога комуницираат со други луѓе, особено при чувствителни разговори.

1. Зборувајте смирувачки

Во тие преговори, пред сѐ, Вос користел техника со смирен глас - како за на полноќна диџеј-радиоемисија (го нарекол „Late Night FM DJ“) - јасен, мирен, смирувачки тон, применлив за речиси секој ваков случај.

- Овој тон на глас предизвикува неврохемиска реакција што го смирува мозокот на Вашиот соговорник. Тоа создава несвесна, но јасна реакција кај двајцата соговорници. Вистинската грижа поттикнува емоционална контрола. Ако зборувате јасно, со смирувачки глас, всушност можете да се смирите и себеси, објаснува стручњакот.

2. Повторете ги изјавите на соговорникот во вид на прашања

Прегледувањето е делотворна техника за поттикнување на соговорникот и собирање информации.

- Со повторување на неколку клучни зборови што тој / таа ги употребил /-а во последната реченица, ја градиме сликата. На пр., ако ограбувачот на банката рече: „Имав навистина тежок ден поради сиот стрес под којшто сум“, одговарате со: „Под каков стрес сте?“ ...Ова Ве одржува присутни и емотивно трезни додека му дозволувате на ограбувачот на банка да продолжи да зборува, појаснува Вос.

3. Проценете ги емоциите на соговорникот

За време на преговорите, стручниот преговарач му рекол на друг ограбувач на банката: „Не беше твоја вина, нели?“ и „Се каеш што се случи ова, нели?“ И двете прашања инсинуираа дека разбојникот едноставно бил ставен во непријатна состојба - не по негова волја.

Оваа тактика се користи за вербално идентификување и именување на емоциите на соговорникот. Соодветните изјави од овој тип ги вклучуваат речениците: „Изгледа дека сте во стресна ситуација“ или „Се чини дека не сте задоволни од тоа како тргнале работите“.

Вос успеа да ги натера ограбувачите на банка да се предадат и да ги ослободат заложниците бидејќи направи нешто што многумина веројатно не би го направиле сред конфликт под висок притисок - ја слушал личноста спроти себе. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Последното писмо на Меган Маркл до татко ѝ, обвинет за педофилија- знаела што се случува

Британската војвотка од Сасекс Меган Маркл во последното писмо што му го испратила на својот татко Томас Маркл, со кого го прекинала контактот, изјавила дека е свесна за обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца.

Последното писмо на Меган Маркл до татко ѝ, обвинет за педофилија- знаела што се случува

Британската војвотка од Сасекс Меган Маркл во последното писмо што му го испратила на својот татко Томас Маркл, со кого го прекинала контактот, изјавила дека е свесна за обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца што му биле упатени, нагласувајќи дека одлуката да одбие контакт со своите деца ја донела за да ги заштити, пренесува британскиот весник The Sun, повикувајќи се на извори.

Според весникот, Меган го испратила писмото до нејзиниот татко во декември 2025 година, додека тој бил на болничко лекување на Филипините, по ампутација на ногата поради компликации предизвикани од згрутчување на крвта.

Во писмото, како што се наведува, таа вели дека нема да му дозволи да се сретне со нејзините деца и дека повеќе нема да биде во контакт со него.

Весникот наведува дека во писмото Меган упатила сериозни обвинувања против нејзиниот татко, вклучително и наводи за неговото наводно непримерно однесување кон малолетниците и дека била свесна дека случајот се разгледува.

Томас Маркл моментално е под истрага поради сомнеж дека поседува материјал кој прикажува сексуална злоупотреба на деца, што тој го негираше, пишува Сан.

Според весникот, спорниот материјал наводно бил пронајден во неговиот дом на Филипините, во неколку кутии.

Неговиот син Томас Маркл Јуниор, полубрат на војвотката од Сасекс, изјави дека дошол до материјалот и дека случајот го пријавил во надлежните институции во Соединетите Американски Држави.

Сан известува дека на 10 јули, Томас Џуниор го пријавил случајот во Федералното истражно биро (ФБИ), Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца и полицијата во државата Пенсилванија, каде што порано живеел неговиот татко.

Томас Маркл постариот ги отфрли обвинувањата во изјавата што ја даде за Дејли Меил во петокот.

Меган Маркл проговори за случајот во изјава за магазинот People во која изјави дека е длабоко потресена од информациите кои се појавија и дека нејзините мисли се со сите деца кои можеби биле повредени.

Таа исто така изјави дека во 2018 година, писмо со вознемирувачки наводи против нејзиниот татко било испратено до лондонската Метрополитен полиција и службата задолжена за заштита на членовите на кралското семејство и другите заштитени лица.

Меган и нејзиниот сопруг, принцот Хари, имаат две деца, седумгодишниот син Арчи и петгодишната ќерка Лилибет.

Томас Маркл не присуствуваше на нивната венчавка во мај 2018 година, кога беше придружувана по патеката од кралот Чарлс III.

Според магазинот People, Меган за писмото со обвинувања дознала по венчавката, а потоа, како што наведува извор запознаен со случајот, и било советувано да не зборува за тоа јавно за да не се загрози евентуалната истрага.

Изворот додаде дека таа е загрижена и за правните последици од јавното изнесување непотврдени тврдења.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

15- годишно дете од тетовско било застрелано во стомакот- во полиција сами се пријавиле татко и син

На 24.10.2026 во 14:10 часот во СВР Тетово, од Клинички центар Тетово било пријавено дека кај нив со прострелна рана во пределот на стомакот бил донесен 15 - годишен малолетник од с.Боговиње, тетовско. 

15- годишно дете од тетовско било застрелано во стомакот- во полиција сами се пријавиле татко и син

Подоцна, во Полициската станица Тетово се самопријавиле С.М.(42) и неговиот 16-годишен син, двајцата од с.Боговиње, кои предале пиштол со една празна рамка. Според изјавата на С.М., настанот се случил околу 13:45 часот во с.Боговиње, при што од невнимание дошло до испукување на еден куршум од пиштолот, кој го носел неговиот малолетниот син.

Извршен е увид во присуство на јавен обвинител од ОЈО Тетово и претставници од Центарот за социјални работи Тетово.

Малолетникот е задржан за понатамошна постапка и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 12 лица се повредени во пукотница во Флорида

Најмалку 12 лица, меѓу кои шест малолетници, беа повредени во пукотница во Талахаси, Флорида, доцна синоќа во близина на стадионот „Браг Меморијал“ на Универзитетот за земјоделство и машинство во Флорида.

Најмалку 12 лица се повредени во пукотница во Флорида

Најмалку 12 лица, меѓу кои шест малолетници, беа повредени во пукотница во Талахаси, Флорида, доцна синоќа во близина на стадионот „Браг Меморијал“ на Универзитетот за земјоделство и машинство во Флорида, соопшти локалната полициска станица и универзитетот.

Полицијата соопшти дека 11 од 12-те повредени лица имале прострелни рани, објави Ројтерс.

„Во овој момент, најмалку три од жртвите од пукотницата се во критична состојба, додека девет се во стабилна состојба“, соопшти полициската станица во Талахаси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер