Совет на Европа: Македонија е демократска држава каде што се почитуваат политичките слободи - Канал 5

Совет на Европа: Македонија е демократска држава каде што се почитуваат политичките слободи

Македонија и пофалена и предупредена за партизирано судство и корупција. 

Совет на Европа: Македонија е демократска држава каде што се почитуваат политичките слободи

Коизвестувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Сибел Арслан и Џозеф О’Рајли во извештајот направен по посетата на Македонија го поздравуваат и се задоволни од напредокот постигнат во исполнувањето на обврските што произлегуваат од членството на државата во Советот на Европа.

„Македонија е демократска држава каде што политичките слободи – вклучувајќи ги правата на слобода на здружување, собирање и изразување, како и медиумскиот плурализам – генерално се почитуваат“, наведуваат двајцата коизвестувачи. Тие сепак, посочуваат дека се уште постои итна потреба од реформа на изборната рамка во согласност со препораките на Канцеларијата за демократски институции и човекови права ОБСЕ и Венецијанската комисија.

-Иако забележуваме одреден напредок во реформата на судството, загрижени сме за бројните обвинувања за политизација на судството и широко распространета корупција низ целиот јавен сектор, како и за недостатокот на ефикасни мерки за борба против овие феномени. Ги повикуваме властите да ги засилат своите напори за таа цел, особено со усвојување на потребните законски измени, во соработка со Советот на Европа и други меѓународни партнери, велат тие.

Арслан и О’Рајли во извештајот кратко се осврнуваат и на македонските евроинтеграции со јасна порака до македонските политички партии да најдат компромис за уставните измени и внесување на Бугарите.

-Во меѓувреме, целосно ја поддржуваме кандидатурата на земјата за членство во ЕУ и ги повикуваме сите политички партии да најдат компромис за спроведување на „францускиот предлог“ со вклучување на бугарското етничко малцинство во Уставот, се наведува во извештајот.

Коизвестувачите изразуваат и загриженоста поради лошите услови во некои притворски установи и ги повикуваат македонските власти без одлагање да ги спроведат преостанатите препораки на Комитетот против тортура на Советот на Европа.

Арслан и О’Рајли, за време на минатонеделната посета на земјава, имаа повеќе средби средби со собранискиот спикер, претставници на сите пратенички групи, министрите за надворешни работи и внатрешни работи, Муцунски и Тошковски, со заменик-министерот за правда Ален Деребан, со судии, јавни обвинители, невладини организации и дипломати.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лидерката на германската АФД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген

Копретседателката на ултрадесничарската Алтернатива за Германија -АФД, Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната влада, ќе бара Германија да ги напушти еврозоната и шенгенскиот договор.

Лидерката на германската АФД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген

Копретседателката на ултрадесничарската Алтернатива за Германија -АФД, Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната влада, ќе бара Германија да ги напушти еврозоната и шенгенскиот договор, затворање на националните граници и значително заострување на миграциската политика..

Вајдел тоа го изјави во интервјуто за германската телевизија Зе-Де-Еф..

„На Германија ѝ беше значително подобро пред воведувањето на еврото“, рече Вајдел тврдејќи дека заедничката европска валута ја ослабела германската економија и го намалила богатството на домаќинствата..

Во однос на миграцијата, таа најави затворање на германските граници и излез на Германија од Шенген-зоната..Таа се заложи и за поголем број депортации и ограничено доделување германско државјанство. На национално ниво испитувањата на јавното мислење на афд ѝ даваат поддршка од 27 отсто, додека владеачката Це-Де-У има 22 отсто од гласачите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европската комисија одобри 6,1 милијарда евра помош за одбраната на Украина

Европската комисија денеска одобри дополнителни 6,1 милијарди евра финансиска помош за украина за купување нови одбранбени системи.

Европската комисија одобри 6,1 милијарда евра помош за одбраната на Украина

Средствата се наменети за воздушна одбрана, ракети, муниција и радари.. Овој нов пакет помош се надоградува на претходно одобрените 16 милијарди евра за опрема. Од оваа сума, досега се исплатени 8,35 милијарди евра, пишуваат светските медиуми..

„Додека Русија ги интензивира своите напади, ние се залагаме да ѝ помогнеме на Украина да го заштити својот народ и своето небо. Европа стои со Украина и ние ќе ѝ го испорачаме она што ѝ е потребно, кога ѝ е потребно“, соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Поради обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, правдата за модуларните не виде бел ден

Поради обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, правдата за модуларните не виде бел ден, а факт е дека Филипче сам си ги пишувал условите во тендерот.

Лефков: Поради обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, правдата за модуларните не виде бел ден

Со непокренување на обвинение за 19 модуларни болници, правдата не виде бел ден. Ова е благодарение на обвинителот во заминување, Ислам Абази кој целиот свој мандат наместо да ја извршува функцијата обвинител за гонење организиран криминал, дури и на крај на мандатот покажа дека имал единствена цел, а тоа е заштита на интересите на СДС и ДУИ.

Така благодарение на овие постапки на Абази, од СДС и самиот Венко Филипче велат дека се било во ред со модуларните. Но, дека не е така јасно им е на сите. Јавноста сведочеше на низа вештачења, низа документи кои укажуваат дека за болниците да се изградат не бил баран никаков услов според Закон за градење, туку единствен закон во тоа време била волјата на Филипче. И токму поради тоа исходот од едната модуларна болница беше суровиот факт – изгореа 14 пациенти.

Филипче во процедурите одел до таму да прави анекси за зголемување на цената на модуларните, барал од надлежните само да се потпишуваат на документите кои им ги доставувал, а не ги оставал да работат според закон. За тоа сведочи изјава на вработено лице во Министерството за здравство кое во исказ пред обвинителството изјавило, цитирам „сакам да појаснам дека не сум ја изготвила техничката спецификација, туку само сум ја проследила по налог на министерот Филипче до министерот за труд и социјална политика“.

Значи Филипче следејќи ги личните и партиските интереси не се интересирал ниту што велеле експертите. А денес излегува во јавност и се фали дека правилно постапил обвинителот на СДС и ДУИ. Но, Филипче мора да има на ум дека при нов доказ повторно може да почне постапка за исто дело. А граѓаните, семејствата на жртвите имаат право на правда.

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер