Совет на амбасадори: Непристојна е заканата на Бугарија со евентуално блокирање

Советот на амбасадори соопшти дека ја смета за непристојна заканата на Бугарија со евентуално блокирање на патот кон членството во Европската унија ако Македонија не признае дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени.

Од Советот на амбасадори нагласуваат дека вистината за посебноста на македонскиот народ и македонската нација се наоѓа во светските архиви во кои се чуваат документи и факти кои се предмет на обработка од страна на историчарите и во никој случај не може да биде предмет на пазарење од било која страна.

– Во последните денови на неприфатлив начин се доведуваат во прашање односот и соработката меѓу Македонија и Бугарија со објаснувачкиот Меморандум упатен од бугарска страна до членките на ЕУ пред започнувањето на првата меѓувладина конференција во декември оваа година со која фактички ќе започнат и преговорите на нашата земја со ЕУ. Советот е зачуден зошто официјална Софија се определи за таков чин во предвечерјето кој очекуваме да започне со позитивни одлуки и оценки за нашиот напредок и спремност за старт на преговорите. Нашиот источен сосед на 31 октомври 2020 , официјално преку странски медиум излезе и постави услови кои се практично уцена до нас како суверена и независна држава , притоа наметнувајќи непристојни прашања во вид на трговија со македонскииот идентитет и јазик и со факти од историјата, потенцираат од Советот на амбасадори.

Македонија од 2017 година, нагласуваат од Советот, решително отвори нова страница во односите и соработката со потпишаните договори со Република Грција и Република Бугарија и искрено започна со имплементација на значајни точки во договорите како тоа и прилега на земја со проевропска ориемтација.

Советот на амбасадори дава отворена поддршка на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев во истакнатите позиции дека со вакви услови и за вакви барања нема отстапки и компромиси. Советот во оваа прилика ја нагласува улогата на Европскиот Парламент, Европската комисија и со големо одобрување ги толкува и прифаќа досегашните позитивните информации дека патот за почеток на преговорите е отворен додека билатералните прашања и проблеми ќе треба да се решаваат како што е тоа предвидено со европското и меѓународното право и во духот на билатералната соработка, стои во соопштението.

Австралиската полиција заплени рекордни 2,3 тони кокаин- им се расипал бродот (ВИДЕО)

Австралиската полиција денеска соопшти дека заплениле рекордни 2,3 тони кокаин и уапсила 13 лица откако брод со дрога се расипа во близина на брегот на Квинсленд.

Полицијата наведува дека сите уапсени се австралиски државјани, а двајца од нив се помлади од 18 години и дека како максимална казна им се заканува доживотен затвор, пренесе АП.

Продажната вредност на запленетиот кокаин се проценува на 494 милиони долари.

Инспекторите им рекоа на новинарите во Бризбејн дека дрогата била транспортирана од Јужна Америка.

Апсењата вчера и завчера уследија по едномесечна истрага што следеше по дојавата дека криминална банда планирала операција за шверц на неколку тони кокаин, соопшти полицијата.

Германец исчезнал без трага, по 20 часовна полициска потера го нашле на најнеочекувано место

Неименуваниот 66-годишен Германец преживеал непријатни и напнати 20 часа, колку што бил исчезнат во родниот град, општина Ној-Улм.

Неговото семејство повикало полиција и им објасниле дека тој излегол од куќата во петокот попладне и повеќе не се вратил. Не контактирал со нив, како што обично прави, а тие биле загрижени дека нешто му се случило.

По пријавата, властите организирале претрес, а најпрвин ја посетиле компанијата во која работи човекот, пренесува Kleine Zeitung.

Во зградата немало многу малку вработени поради викендот, а обезбедувањето по кратко доцнење ја разрешило енигмата. Несреќниот маж бил пронајден заклучен во тоалетот, а со себе немал мобилен телефон.

Поради некоја причина, вратата од тоалетот се затворила и тој останал заробен. Бидејќи неговите колеги заминале дома, немал кого да повика на помош.

Но, тоа не било крајот на искушението. Полицајците не можеле да ја отворат вратата, па на помош била повикана локалната противпожарна единица. Проблемот го решиле со хидрауличен уред и несреќниот човек конечно успеал да се врати кај семејството.

Според полицијата, тој под овие околности добро се однесувал.

По „затворот“, мажот повторно вчера излегол на свеж воздух, и тоа околу 4 часот наутро“, соопштено е.

Израел одговори на провокацијата, го нападна Хезболах во Либан

Израел започна серија воздушни напади во областа Набатиех во јужен Либан како одговор на ракетните напади на Хезболах во близина на набљудувачка кула.

Израел започна серија воздушни напади во областа Набатиех во јужен Либан како одговор на ракетните напади на Хезболах во близина на набљудувачка кула, што е првпат групата да го нападне Израел откако стапи на сила прекинот на огнот во средата наутро минатата недела, објави Гардијан.

Вечерва Хезболах истрела две ракети во близина на набљудувачка кула во окупираните фарми Шеба. Ракетите паднале на отворен простор и не предизвикале повредени. Во соопштението, групата рече дека нападот на набљудувачките кули бил „почетен предупредувачки одбранбен одговор“ на „повторените прекршувања“ на прекинот на огнот од страна на Израел.

Портпаролот на израелската војска изјави дека војската напаѓа цели во Либан, но „подоцна ќе даде дополнителни детали“. Еден час претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети „силен“ одговор на нападот на Хезболах.

Израелските воздушни напади се најсериозните откако беше воспоставен прекинот на огнот во средата. Обновувањето на одмазднички напади во јужен Либан и северен Израел предизвика загриженост дека конфликтот меѓу Хезболах и Израел би можел да продолжи само пет дена по објавувањето на прекинот на огнот.

притисни ентер