Соул-божицата Марта Хај ќе настапи на 29. Златна Бубамара - Канал 5

Соул-божицата Марта Хај ќе настапи на 29. Златна Бубамара

Омилената манифестација, Златна Бубамара на популарноста, оваа година ги проширува своите музички хоризонти со настапот на една повеќедеценсика соул-легенда.

Соул-божицата Марта Хај ќе настапи на 29. Златна Бубамара

Taлентирана и интригантна, американската вокалистка Марта Хај (1945) се смета за една од највредните жени во шоу-бизнисот. Респектирана како „соул-божица“ и позната поради 32-годишната соработка со кумот на соулот Џејмс Браун, Марта Хај градеше две кариери – сопствената соло и кариерата на прв придружен вокал на Џејмс Браун.

Настапувала на иконични концерти, кои биле вистинска пресвртница во музиката од концертот во Бостон Гарден 1968 до серијата европски концерти со Лин Колинс, насловени „James Brown's Funky Divas Tour“ во 2005.

Од своите почетоци во 1967, кога како членка од групата The Jewels го придружуваше Џејмс Браун, Марта Хај остана негов повеќедецениски придружен вокал следните 32 години. И кога The Jewels се растурија. Во децениите со него, снимаше и самостојни албуми како „Sal Soul“ во 1979, продуциран од Џејмс Браун. Во нејзината кариера е вклучено и создавањето на неколку соул – групи.

YouTube video

Биографија на Марта Хај објаснува зошто е наречена највредната дама во шоу-бизнисот.

Настапувала и со некои од најпознатите музичари, како Литл Ричард, Џери Ли Луис, Темптејшн, Арета Френклин, Пати ЛаБел, Б.Б.Кинг, Мери Џи Блајџ, Стиви Вондер, Принс, Мајкл Џексон, Полис и многу други.

Нејзинитот моќен вокал и денес звучи чудесно и потпишува обемно музичко наследство, во кое освен соул и фанки, има и многу блуз и џез - мелодии.

-Со нетрпение чекам да настапам пред публиката на Македонија – порача Хај пред нејзиниот настап на овогодишната 29. Златна Бубамара на популарноста, на која ќе и биде врачена награда за животно дело.

Таа ќе ја изведе култната „I Feel Good“ – во очекување сите во салата Борис Трајковски да се чувствуваат добро во вечерта на 26 февруари, на 29. Златна Бубамара на популарноста, соопштуваат организаторите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар.

Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна.

Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста.

Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки.

Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката.

Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци.

За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните.

Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер