Сотир Костов и Љубиша Николовски во „Само вистина“

Почитувани гледачи, вечерва во Само Вистина секој со својата ќе дебатираат Сотир Костов и Љубиша Николовски.

Сотир Костов и Љубиша Николовски во „Само вистина“

Која е грешката на Коцевски и што ја прелеа чашата за неговото разрешување?

Дали по најавената интерпелација на 5-темина од Судски совет се отвора пат за „проветрување“ и во обвинителството?

Дали по ова ќе можеме да очекуваме системски промени или ќе се задоволиме со 2% доверба? Ќе ни даде ли Брисел „ветер во грб“ за коренити реформи на „брза лента“?

Извесна ли е средба Муцунски – Георгиев Минхенската безбедносна конференција, како до затоплување на тоновите меѓу Скопје и Софија или ќе мораме прво внатрешно да се Европеизираме?

Вечерва Александар Видиновски со Сотир Костов и Љубиша Николовски.

Врие во Филхармонија поради изборот на новиот директор, Љутков тврди дека е согаласно закон

Поставувањето на Мустафа Имери за нов директор на македонска Филхармонија ги револтираше вработените во оваа културна установа.

Врие во Филхармонија поради изборот на новиот директор, Љутков тврди дека е согаласно закон

Од Синдикатот на Филхармонија се гневни затоа што како што велат, Имери е политички договор на власта. Најавуваат и кривична одговорноста против министерот за култура Љутков.

-Непочитувањето на системот и законите и носењето погрешни одлуки во минатото веќе не чинеа прескапо. Вработените во Македонска филхармонија нема да дозволат најстарата институција во културата и бастион на класичната музика во нашата земја да биде уште една жртва на трулиот државен систем без вредности кој не почитува закони и промовира непрофесионалност. - Синдикат на Филхармонија

Во следниот период вработените велат дека ќе преземат поригорозни чекори.

-После концертот „Без зборови“ кој има хуманитарен карактер за настраданите од Кочани и е закажан за во четврток, вработените во Филхармонија заминуваат на бојкот. Веќе од наредниот период планираат и протести

Министерот Љутков пак за Канал 5 тврди дека конкурсот бил транспарентен, додавајќи дека Имери е компетентен за директорската функција.

Во изминатиот период, вработените во Филхармонија неколкупати протестираа пред Министерството за култура, револтирани против промените во нивната институција.

Министерство за социјална политика, демографија и млади: Правото на протест е загарантирано

Министерството веќе излегло со соопштение во кое го осудува немилиот настан во Центарот за социјални работи во Прилеп.

Министерство за социјална политика, демографија и млади: Правото на протест е загарантирано

Во врска со изјавата на Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани - УПОЗ, за наводно вршење на притисок врз вработени во центрите за социјална работа, како и закани дека ќе бидат избркани од работа доколку излезат на протест ве известуваме дека од страна на Кабинетот на министерот и министерот Фатмир Лимани лично, такво нешто не се случило. Самиот чин е недозволив и не смее да се случи, реагираат денеска од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Правото на протест, додаваат оттаму, е едно од основните права на човекот и е загарантирано со многу меѓународни документи, како и во националните устави на бројни држави.

-Во Македонија правото на протест е уставно загарантирано право што подразбира дека граѓаните имаат право мирно да се соберат и да организираат протести, митинзи и демонстрации, се вели во реакцијата.

Министерството, нагласуваат, веќе излегло со соопштение во кое го осудува немилиот настан во Центарот за социјални работи во Прилеп и истовремено информирало дека постапката за физичко обезбедување на сите центри за социјални работи и јавни установи за социјална заштита е во завршна фаза и наскоро ќе се реализира.

Мирни собири пред Центрите за социјална работа поради испуканите куршуми кон нивната колешка

Социјалните работници од Прилеп, Неготино, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово застанаа зад нивната 36-годишна колешка од Прилеп, која беше застрелана на работното место и повикаа на итни мерки за заштита. 

Мирни собири пред Центрите за социјална работа поради испуканите куршуми кон нивната колешка

Само на вработените од центрите за социјална работа во Скопје им било забрането да излезат и преку мирен собир да и дадат поддршка на поврдената колешка

Во меѓувреме, Mинистерството за социјална политика, демографија и млади го осуди настанот во Прилеп. Оттаму посочуваат дека пред воопшто да се случи ТОЈ настан, Министерството ја започнало постапката за физичко обезбедување на сите центри и јавни установи за социјална заштита во државата, имајќи ја предвид сензитивноста на работните задачи на социјалните работници кои се изложени на ризици по здравјето и животот.

-Оваа постапка е во завршна фаза, што значи дека наскоро ќе биде објавен и јавниот оглас за јавна набавка, велат од министерството. - МСПДМ

Немилиот настан се случи пред два дена кога 50 маж кој пред неколку дена избегал од психијатриската болница во Демир Хисар, пукал во 36 годишната социјална работничка. Директорот на Центарот за социјални работи Припел, Зоран Малкоски за немилиот настан го обвинува директорот на психијатриската болница од каде избегал насилникот. Смета дека ако биле известени дека сторителот е на слобода, ќе преземеле поолеми мерки за заштита на вработената.

Директорот на психијатриската болница, не одговори зошто Центарот за социјални работи во Прилеп каде и претходно правел проблеми, не бил известен за бегството.

притисни ентер