3Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?
3Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ЗдравјеСостојка во бебешката пудра со можни канцерогени својства Меѓународната агенција за рак и истражување (ИАРЦ) при Светската здравствена организација го класифицираше талкот како „веројатно канцероген“ за луѓето, пренесува „Сајенс алерт“ (Science Alert). Талк или талциум е природен минерал којшто се ископува во многу делови од светот, а потоа се користи како состојка во бебешката пудра или во некои видови козметика. „Одлуката на СЗО е заснована на ограничени докази дека талкот може да предизвика рак на јајниците кај жените, доволно докази дека е поврзан со рак кај стаорци и силни механички докази дека покажува канцерогени знаци во човековите клетки“, соопшти ИАРЦ. Сепак, најважната изложеност на талк се случува при ископувањата на пинералот, преработката или во фабричката изработка на производите. Агенцијата додава дека постојат и бројни други истражувања коишто покажуваат зголемување на стапката на рак на јајниците кај жените кои користат талк во прав, особено во пределот на гениталиите. Но, ИАРЦ нагласува дека не може да се исклучи дека талкот во некои прочучвања бил контаминиран со азбест, што исто така, предизвикува рак. „Причинската улога на талкот не може целосно да се утврди“, според наодите објавени во „Лансет онколоџи“ (The Lancet Oncology). Треба да се има на ум дека студиите биле набљудувачки и затоа не можат да ја докажат причинско-последичната поврзаност. Најавата доаѓа само неколку недели откако американскиот фармацевтски и козметички гигант „Џонсон и Џонсон“ се согласи да плати 700 милиони долари за да ги реши обвинувањата дека ги доведувал корисниците во заблуда околу безбедноста на производите со талк во прав. „Џонсон и Џонсон“ не призна дека прописите се прекршени, иако ги повлече своите производи од северноамериканскиот пазар во 2020 година. ИАРЦ, исто така, го класифицира акрилонитрилот - хемиско соединение што се користи за производство на текстилни полимери, како канцероген за луѓето, со највисоко ниво на предупредување. Полимерите направени од акрилонитрил се користат во широка палета производи - од конците во облеката до теписи, пластика и други производи за широка потрошувачка./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНовак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)Новак Ѓоковиќ веќе неколку години активно се префрла од тенисот на работните места што ќе ги работи по завршувањето на неговата неверојатна кариера. Србинот продолжува да им пркоси на физиката и се обидува да освои уште еден голем трофеј на 39-годишна возраст. Од друга страна, тој е вклучен и во развојот на ATMA, нов луксузен бренд на Aman Group, кој има план да направи нешто навистина големо во Мајами. Имено, идејата е да се комбинираат сместување, спортски објекти и програми што ќе помогнат во здравјето, закрепнувањето и долговечноста. Централната фигура на сè ќе биде облакодер во Брикел, во една од најпознатите и најлуксузните области во Мајами. Се наведува дека кулата ќе достигне висина од 320 метри, што е три пати повисоко од Белградската кула... View this post on Instagram A post shared by Aman (@aman) Ѓоковиќ и Aman Group започнаа соработка во 2024 година. Српскиот тенисер треба да учествува во планирањето на програмата и идеите што луѓето ќе ги користат.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав погледГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава. - Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМаксим Димитриевски во „Само Интервју”Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.Правосудниот систем -тригер за владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ или секое чудо за три дена? Кој и зошто прави хистерија, важат ли во оваа држава законите еднакво за сите? ЕУ челниците не’ упатуваат решение за деблокада на процесите да бараме преку Софија, како до брз излез од ќор-сокакот со Бугарија, или ќе чекаме подобри времиња? Кој со какви очила го гледа европскиот извештај? Прави ли Владата доволно за подобрување на животниот стандард? Може ли растечките тензии во Европа да се прелеат и во регионот? Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter