Состојбата со сметот во Скопје и денеска е слична – делови од градот и натаму се гушат во ѓубре - Канал 5

Состојбата со сметот во Скопје и денеска е слична – делови од градот и натаму се гушат во ѓубре

Скопје делумно се ослободи од сметот, но само на еден ден, препознатливата слика од полни контејнери и просторот околу нив повторно е видлива, а топлото време утринава направи и поинтензивно да се почуствува.

Состојбата со сметот во Скопје и денеска е слична – делови од градот и натаму се гушат во ѓубре

Граѓаните кои живеат во оваа зграда се жалат дека со денови не можат да отворат прозорци и да ги проветреат своите домови. Бидејќи, наместо со свеж воздух, просториите им се исполнуваат со смрдеа.

Некои велат воопшто не излегуваат од дома оти градот стана непријатен за гледање, други пак кои ги шетаат внуците мора постојано да внимаваат да не допрат нешто, а има и такви кои гледаат да заминат што подалеку од градот.

-Скопје не требаше ни до сега вака да изгледа, срамота и „брука“. Градоначалниците се натпреваруваат кој побргу ѓубрето ќе го исчисти, „демек“ тоа е главна цел сега.

-Преполни се Јас не бев тука, во викендичка, ама кога дојдов, има што да видиш. На чист воздух доле се дружам, овде не ми се седи.

-На кого не му пречи ова? На кого не му пречи ова? Само будала човеќ ќе каже супер е ова.

Поразителната слика што се гледа на скопските улици во 2025г година се производ само на политиката и ништо друго, бидејќи во спротивно до состојбата немало ни да дојде до тука велат дел од еко-активистите. Итната реакцијата на обвинителството и на Владата вели не промениле ништо, Скопје останува затрупано во смет, вели Горјан Јовановски од Зелен Хуман Град, па според него целата алармантност била само „цртан филм“.

И ова е чиста политички креирана ситуација, избори се. Го имавме во летото исто со пожарите, го имаме сега со ѓубрето. Политички партии ни се силат за да дојдат на власт, а ние како граѓани сме буквално колатерлна штета на целата оваа ситуација. Ние сме буквално ненормални што дозволуваме ова да ни се случи во главниот град, па треба да погинеме сега од болести и зарази што ни се шират од контејнерите, „демек“ наеднаш не може сега да се собира ѓубрето, а наеднаш ќе може, само да завршат изборите.

Со своја реакција за постапувањето на институциите вчера во два наврати преку Фејсбук се огласи и адвокатот и поранешен судија – Владимир Туфекџиќ. Тој првенствено праша зошто се уште никој не е приведен или уапсен за градското злосторство со сметот. Во втората објава пак оцени дека обвинителството калкулира со истрагата за загрозување на јавно здравје, чекајќи да се „истераат“ изборните кругови. Според него, ако обвинителот се плаши и тактизира со истрага за оние кои со политичко калкулирање и непостапување го довеле градот во ваква состојба, загрозувајќи го здравјето, тогаш, заклучи Туфекџиќ, дека треба да се „стави клуч“ на државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брутални воздушни напади во Газа, најмалкуи пет загинати (ВИДЕО)

Најмалку пет лица беа убиени во израелски воздушен напад врз станбена зграда во западна Газа.

Брутални воздушни напади во Газа, најмалкуи пет загинати (ВИДЕО)

Најмалку шест други се сериозно повредени, објави Ал Џезира, повикувајќи се на медицински персонал во болницата Ал-Шифа во Газа.

Нападот наводно ја погодил зградата Ал-Асала во населбата Ремал рано утрово без предупредување.

Ремал е една од најгусто населените станбени области во Газа, дом на илјадници раселени лица кои се засолнуваат во импровизирани кампови низ населбата.

Репортер на Ал Џезира на местото на настанот изјави дека нападот се случил среде ноќ, додека жителите спиеле.

„Ги слушнавме воените авиони како стануваат погласни, а потоа следеа три удари, погодувајќи го станот и убивајќи ги оние внатре“, рече тој.

Нападот го пробил целниот стан и ги пробил катовите подолу, предизвикувајќи понатамошно уништување низ повеќекатната зграда.

Пожарите гореле најмалку еден час пред палестинските тимови за цивилна одбрана да можат да ги изгаснат.

Екипите на цивилната одбрана сè уште го пребаруваат местото за исчезнати лица и тела, рече тој, додека израелските беспилотни летала продолжуваат да летаат над областа, а борбени авиони може да се слушнат како летаат ниско над Газа.

Болницата Ал-Шифа соопшти дека меѓу загинатите има четири жени, вклучувајќи една постара христијанка и нејзината ќерка.

Шестмина од ранетите се однесени во болница на лекување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм во Британија: Двајца Иранци обвинети за заговор за тероризам

Британската полиција соопшти дека двајца ирански државјани се обвинети за подготовка на терористички напад врз еврејска заедница во северна Англија пред Јом Кипур.

Аларм во Британија: Двајца Иранци обвинети за заговор за тероризам

Рахман Салехи, 35-годишен, и Салам Ахмадџан, 36-годишен, се обвинети за подготовка за извршување терористички чин или помагање на друго лице да изврши терористички чин на или пред 20 септември 2026 година, соопштија полицијата и обвинителите, објави Ројтерс.

Британските детективи за борба против тероризмот изјавија дека двајцата мажи се осомничени дека биле во контакт со трето лице од странство, потенцијално во Иран, во врска со заговорот.

Вики Еванс, виш национален координатор за борба против тероризмот, изјави во соопштение дека станува збор за „исклучително сериозни обвинувања“.

Истрагата за наводниот заговор е во тек.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Две години работа, две години резултати

Отчет на Злате Мехмедовиќ, Дитектор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за физикална медицина и рехабилитација

ЗНАМ: Две години работа, две години резултати

Една љубов – Македонија

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот

отчет на своите избрани и именувани функционери, затоа што за нас

јавната функција не е привилегија, туку обврска да се работи и да се

испорачуваат резултати.

Отчетот на директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина

и рехабилитација, Злате Мехмедовиќ, покажува дека и институција со

сериозно наталожени проблеми може да се трансформира кога има одговорно

раководење, јасна визија и политичка поддршка.

Во изминатите две години Клиниката е значително модернизирана.

Реконструирани се амбулантите и повеќе кабинети, воведена е

ехо-дијагностика, повторно е ставен во функција кабинетот за лимфна

дренажа, а посебен фокус е ставен на развојот на роботската

рехабилитација за возрасни и деца.

Во нова медицинска и роботска опрема се инвестирани околу 700.000 евра,

а обезбеден е и нов инвестиционен циклус од дополнителни 450.000 евра за

современа опрема и натамошен развој на роботскиот кабинет.

Особено важен доказ дека јавната здравствена институција мора да биде

подготвена да реагира кога е најпотребно беше трагедијата во Кочани, по

која Клиниката презеде значаен дел од рехабилитацијата на повредените

преку организиран мултидисциплинарен пристап.

Работата не се однесува само на медицинските услуги.

Решен е и долгогодишниот проблем со употребата на мазут, со што е

намалено загадувањето во центарот на Скопје.

Најголемата трансформација допрва следува.

Со поддршка од Светска банка е обезбеден грант од 1,5 милиони евра за

целосна реконструкција и енергетска трансформација на Клиниката,

вклучително и енергетска санација, нова фасада, замена на прозорците,

топлотни пумпи и напуштање на фосилните горива.

Ова е разликата меѓу политика на зборови и политика на резултати.

ЗНАМ не влезе во Владата за да биде нем набљудувач на состојбите, ниту

само коректор на туѓите политики.

Нашата цел беше програмата на ЗНАМ да стане дел од владините политики и

да се реализира преку институциите.

Денес, овие резултати покажуваат дека таа политика може да се претвори

во конкретна промена.

Не велиме дека сите проблеми се решени.

Велиме дека проблемите се преземаат, се решаваат и зад резултатите се

застанува со име и презиме.

За ЗНАМ, јавната функција значи одговорност.

Политиката значи работа.

А отчетот значи да се покаже што е направено.

Две години работа.

Две години резултати.

Една обврска – отчет пред граѓаните.

Една љубов – Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер