3Министерот Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии
МакедонијаСостојбата со Ковид-19 во Гостивар се влошуваПоследните бројки од ковид статистиката за Гостивар се алармантни. Речиси десетина од активните случаи во земјава се на територијата на трите гостиварски општини. Во текот на вчерашниот ден регистрирани се 82 новозаразени. Од компликации со коронавирусот починале две повозрасни лица. Влошената епидемиолошка состојба во градот упатените ја толкуваат со непочитување на заштитните мерки, со оглед дека најголемиот број на новоинфицирани се од семејни кластери и прослави. Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа во гостиварско имало 82 позитивни тестови на Ковид-19. Пријавени се две починати лица (67г и 72г). Во Гостивар има 370 активни случаи. Зголемениот број новозаболени го потврдуваат и медицинарите во гостиварската болница. Раководителот на инфективното одделението д-р Ратко Наумоски вели дека нагло е пораснат и бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација. Одделението е речиси полно и се планира повторно отварање и прием на болни во модуларната болница. Според клиничката слика, дел од нив добиваат кислородна поддршка, а има и случаи во потешка состојба и тоа се пациенти со други коморбидитети. Амбулантски прегледи минатата недела побарале четириесетина лица, а како што вели д-р Наумоски, карактеристично е што станува збор за помлади пациенти, главно под 35 години. Порастот на новозаболени, според него, е поради непочитување на мерките за заштита. – Луѓето како да заборавија на носење маски, миење раце, одржување дистанца, иако пред два месеци предупредуваме. Сметам дека во голема мерка така е и поради укинувањето на рестриктивните мерки, нема никакви ограничувања. Во затворени простории, маска ретко кој носи, се одржуваат прослави на кои присуствуваат многу луѓе. Граѓаните без ограничување патуваат на одмори, а на граница за влез не се бара тест, потврда за вакцина, вели д-р Наумоски. Влошувањето на епдимеиолошката состојба на подрачјето го зголеми и интересот за заштита со вакцинирање во регионот Гостивар. Дневно се аплицираат од 300 до 500 вакцини. Медицинскиот персонал работи во две смени од 8:30 до 18 часот. Минатата недела биле дадени речиси 2.500 вакцини. Деновиве имаше редици пред пунктот за вакцинација. Од здравствен дом Гостивар, институцијата задолжена за спроведување на вакцинацијата против Ковид-19 велат дека се соочени со технички потешкотии во системот. Интернет врските и преоптеретеноста го прават нефункционален на периоди и го забавува работењето. Дополнително оптоварување е и тоа што медицинските власти го скратија рокот за ревакцина. Лекарите повикуваат на трпение. – Имаме многу работа. Сега почнавме и давање на втората доза вакцини „Синовак" и „Астра Зенека". Иако овие пациенти беа закажани за септември, од Министерство го скратија рокот за ревакцина, па во исто време доаѓаат и тие кои се со термин и тие кои сакаат побрзо да се ревакцинираат. Сега и условите се потешки. Се водиме како четири пункта, но практично граѓаните ги примаме на едно место, па така во еден термин имаме четворица пациенти. вели Дафина Богданоска, одговорната докторка на вакционалниот пункт. Таа појасни дека до скоро работеле во модуларната болница, но заради влошување на епидемиолошката состојба, просторот требаше да се ослободи и да продолжат во делот Здравствениот дом во делот за вакцинација./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите15:00Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаВнатрешната контрола на МВР истражува тврдења за насилство и одземен пиштолДали имало случај на физичко насилство или не од страна на полициски службеници врз двајца млади, но и дали тие претходно одзеле пиштол на еден од полицајците истражува внатрешната контрола при МВР.Од таму информираат дека се превземаат мерки и активности за целосно утврдување на фактичката состојба и на околностите, по објавните информации за настанот преку партиско соопштение на опозициската ДУИ. Од партијата објавуваат и фотографии на кој тврдат дека се двете момчиња на возраст од 21 и 23 години, а случајот го нема во официјалниот полициски билтен. Според тврдењата од ДУИ во интерен полициски извештај било наведено дека лицата му го одзеле пиштолот на еден од полицајците, но дека тие тврделе оти оружјето само завршило во нивниот автомобил откако полицијата скршила стакло од нивниот автомобил. Двете лица според ДУИ во изјавите навеле и дека полициските службеници пукале со огнено оружје, им ги дупнале гумите на автомобилот, по што ги врзале, ги легнале на земја и ги малтретирале. Од МВР велат случајот се уште се испитува.. „По објавите во дел од медиумите дека на 07.10.2026 година, на подрачјето на Скопје, две лица биле физички нападнати од полициски службеници при нивното постапување, при што, според нивните наводи, им бил оштетен и автомобилот, министерот за внатрешни работи наложи на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди да го испита случајот. Одделот презема мерки и активности за целосно утврдување на фактичката состојба и околностите на настанот, како и за утврдување на евентуална одговорност на инволвираните полициски службеници“-– Гоце Андреевски, портпарол на МВР. Од опозициските ДУИ и Алиајнса за Албанците обвинуваат за полициско насилство. Бараат итно и целосно расветлување на случајот и оставка од заменик министерот за внатрешни Астрит Исени кој доаѓа од редовите на Влен. - Бараме итна, непристрасна и транспарентна истрага за целосно расветлување на настанот, како и одговорност за секое прекршување од страна на полициските службеници. Правата и достоинството на граѓаните не смеат да бидат повредувани од оние чија должност е да ги штитат, велат од ДУИ. Од МВР посочуваат дека по завршување на проверката и целосното утврдување на фактичката состојба ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите15:00Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо НагоричанеДоживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане. Кумановскиот суд пресуди како што се очекуваше. Тој е виновен за за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Во Куманово е Михаило Донев.. Михаило, дали веќе можеби е соопштена пресудата? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологииМинистерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерскиот панел на високо ниво на 9. Германско-источноевропски здравствен форум во Берлин. Форумот е официјален придружен настан на Светскиот самит за здравство (World Health Summit), во организација на Источниот комитет на германската економија (Ost-Ausschuss) и германската здравствена алијанса (GHA). На панелот учествуваа и министерот за здравство и социјални работи на Грузија, Михаил Сарџвеладзе, и министерката за здравство на Ерменија, Анахит Аванесјан. Во своето обраќање, министерот Клековски пред германските и меѓународни претставници на институции, индустрија и академската заедница ги претстави состојбата, предизвиците и резултатите на македонското здравство, како и некои од насоките за понатаму. Беше ставен фокус на регионално вмрежување и заедничка набавка на иновативни лекови; дигитализација вредна 50 милиони евра преку нова стратегија за периодот 2027–2031, изработена со поддршка од ЕУ, како и поголемо користење на програмата ,,EU4Health". „Германските компании веќе се меѓу клучните инвеститори во Македонија. Сега сакаме таа соработка да стигне и до здравството – преку нови технологии, дигитализација и едукација на кадрите. Нашите лекари во Германија можат да бидат вистински мост меѓу двете земји“, изјави министерот Клековски. На маргините на Форумот, министерот Клековски одржа билатерални средби со министерот Сарџвеладзе и со министерката Аванесјан. Тие разменија искуства од реформите на здравствените системи и разговараа за можностите за соработка меѓу земјите од регионот. Министерот се сретна и со ,,Siemens Healthineers: – за модернизацијата на медицинската опрема и дијагностиката; KPMG – за реформите и дигитализацијата во здравството; Charité – Универзитетската болница Берлин, со која македонското здравство веќе соработува во лекувањето на децата со цистична фиброза со цел натамошна соработка и едукација на кадри; како и со проф. Патрик Јеурисен, советник во Министерството за здравство на Холандија – за холандските искуства со одржливото финансирање на здравствениот систем и со ,,Falk Consulting" – за поддршка на реструктуирање на болниците. Воедно, тој одржа средба со македонските лекари во Германија. Во Амбасадата во Берлин, министерот Клековски се сретна со голем број лекари, стоматолози и студенти по медицина од македонската дијаспора. На средбата зборуваа и амбасадорот, проф. д-р Илбер Села и д-р Блашко Димковски, претседател на Асоцијацијата на македонски лекари и стоматолози во Германија. Министерот ги претстави реформите во здравствениот систем, а д-р Димковски ја изрази подготвеноста на Асоцијацијата да биде мост за пренесување на германското медицинско знаење и технологии во болниците во Македонија, преку едукации и заеднички научни проекти. „Само во Асоцијацијата на македонски лекари и стоматолози во Германија членуваат речиси 500 лица. Тоа е огромен потенцијал за македонското здравство. Сакаме нашите лекари во Германија да бидат мост за знаење, едукација и соработка“, изјави министерот Клековски. Инаку, посетата на Берлин започна вчера со средба со претставници на GHA, на Источниот комитет на германската економија и на Германската стопанска и индустриска комора (DIHK). На средбата се разговараше за потребите на македонското здравство, за техничка помош и едукација и за можностите за партнерства. Министерот Клековски се сретна и со раководството на Бизнис клубот Германија – Македонија (DNMBC), со претседателот Гафар Вејсели и со потпретседателите, Драган Илиевски и Зибер Сељами. Тема на средбата беше пренесувањето на искуства од Германија во Македонија. Заедно со амбасадорот Села, министерот ја посети и македонската православна црковна општина „Св. Климент Охридски“, каде што се гради нов храм. Министерот Клековски во текот на посетата беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Германија, проф. д-р Илбер Села, соопштуваат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter