Состојбата со КОВИД-19 во 2022 година делумно се стабилизираше - Канал 5

Состојбата со КОВИД-19 во 2022 година делумно се стабилизираше

Состојбата со КОВИД-19 во 2022 година делумно се стабилизираше, треба да се следи циркулацијата на вирусот.

Состојбата со КОВИД-19 во 2022 година делумно се стабилизираше

Почетокот на 2022 година започна со околу 5.000 активни случаи на коронавирусот во земјава и доминација на омикрон сојот, којшто здравствените експерти го опишуваа како послаб сој за разлика од претходните. Светската здравствена организација процени дека до март 2022 година речиси 90 проценти од светската популација има антитела против КОВИД-10, без разлика дали е од вакцина или прележана болест.

Претставничката на Светската здравствена организација во Скопје, д-р Ане Јохансен во изјава за МИА вели дека и покрај тоа што се чини дека во 2022 година состојбата со КОВИД-19 се стабилизираше, сепак секоја недела во светот се пријавуваа неприфатлив број на заразени и смртни случаи. Додаде дека клучни изолирани групи луѓе и понатаму остануваат без имунитет, а вирусот е во циркулација на нивоа што се доволно високи за заканата од наредната проблематична варијанта да е постојано присутна.

Почетокот на второто тримесечје во 2022 година донесе олеснување на мерките за заштита од вирусот, речиси во целиот свет. Во земјава, на почетокот на април беа укинати голем дел од мерките, а остана да важи задолжителното носење маска во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и згрижувачките установи.

Во текот на летниот период беше забележан глобален пад на новозаболени од КОВИД-19, а и во земјава состојбата беше стабилна. Во последните месеци од 2022 година забележан е пораст на нови случаи.

– Во европскиот регион, сметајќи од 14 декември, бројот на случаи надмина 268 милиони од почетокот на пандемијата. Поразителен е фактот што над 2,1 милион лица, за жал, починаа од КОВИД-19. Во седмицата непосредно пред 11 декември, европскиот регион беше одговорен за 29 проценти од новите случаи на глобално ниво и за 26 отсто од новите смртни случаи, повторно на глобално ниво, вели д-р Јохансен.

Зголемениот број на случаи и хоспитализации, според д-р Јохансен, веројатно се должи на комбинацијата од повеќе фактори, вклучително и постуденото време и сезонските групни прослави што се типични за крајот на годината.

Во последниот месец од 2022 година, исто така се забележа зголемување на бројот на случаи на сезонски грип, што доведе до зголемен број на позитивни случаи меѓу пациентите хоспитализирани со сериозни акутни респираторни инфекции.

Со истовремената циркулација на КОВИД-19 и сезонскиот грип, здравјето на ранливите групи од населението – вклучително постарите лица, лицата со нарушен имунитет, бремените жени и новороденчињата – е под зголемен ризик.

– Мораме да продолжиме да правиме сè што е во наши раце за да ги спречиме инфекциите, да ги заштитиме ранливите и да ги подготвиме нашите здравствени системи да се справат со повеќестраната закана, апелира д-р Јохансен.

За очекувањата во новата 2023 година, вели дека не може со сигурност да се каже што ќе се случи во иднина.

– Омикрон – што ги вклучува соевите BA. 1, BA. 2, BA. 3, BA. 4, BA. 5 и резултирачките подсоеви – продолжува да биде доминантната варијанта на глобално ниво. Се очекува и натамошна еволуција на вирусот со нови варијанти, вклучително и варијанти што би биле проблематични, смета д-р Јохансен и додава дека траекторијата на оваа еволуција останува непозната, а карактеристиките на идните варијанти сè уште не може да се предвидат.

Очекува поради поминатото време во затворено во текот на зимските месеци, да се појават идни бранови на зараза предизвикани од различни подваријанти на Омикрон, па дури и различни проблематични варијанти, затоа што, колку повеќе циркулира вирусот, толку повеќе можности има да се промени.

Сепак, според нејзе, овие идни бранови на зараза не мора неизбежно да значат и идни бранови на починати, затоа што, како што вели, имаат алатки што ја превенираат заразата и тешката форма на болеста.

– За да се намали ризикот од тешката форма на болеста, задолжителна е употребата на вакцини и вакцинација, како и рана употреба на антивирусни лекови, за да се спречи припадниците на ризичните групи да развијат тешка форма на болеста што би довела до смрт, појаснува д-р Јохансен.

Претставничката на СЗО во Скопје апелира до државите повторно да започнат со напорите за ублажување на состојбата и да бидат подготвени да одговорат на зголеменото оптоварување на нивните здравствени системи.

Заклучно со 25 декември 2022 година, во Северна Македонија вакцинирани се вкупно 875.972 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани со две дози се вкупно 857.053 лица.

Д-р Јохансен апелираше дека примената на пет фактори на стабилизација на пандемијата ќе продолжи да биде клучна за заштита на населението – зголемено ниво на вакцинација, апликација на втора дополнителна доза на лицата со нарушен имунитет и на лицата во близок контакт со нив – и потенцијално да се понуди втора дополнителна доза на конкретни ризични групи, но не порано од три месеци по нивната последна доза. Да се поттикне носењето на маски во затворени простории и во јавниот превоз, вентилирање на преполните и јавните простори, како училиштата, канцелариите и јавниот превоз и примена на строги терапевтски протоколи за оние под ризик од тешка форма на болест.

Заклучно со 29 декември 2022 година на глобално ниво регистрирани се 663,618,946 случаи на коронавирусот, починати се 6,692,202 лица, а активни 21,205,812 случаи. Согласно последните податоци од Институтот за јавно здравје, во земјава до 25 декември активни биле 240 случаи, а регистрирани се 9.614 смртни случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сонцето во град на Алјаска повторно ќе изгрее дури на 23 јануари 2027 година (ВИДЕО)

Додека во повеќето делови од светот промената на денот и ноќта се случува речиси незабележливо, постојат места каде што природата наметнува сосема поинаков ритам на живот.

Сонцето во град на Алјаска повторно ќе изгрее дури на 23 јануари 2027 година (ВИДЕО)

Во некои делови од планетата, сонцето не изгрева над хоризонтот со денови, па дури и недели, во текот на зимските месеци. Жителите на таквите области мора да се прилагодат на долги периоди на темнина, екстремен студ и услови што за многумина е тешко да ги замислат.

Најсеверниот град во Америка

Едно од овие места е Уткиагвик во Алјаска, најсеверниот град во САД, каде штотуку започна поларната ноќ што ќе трае 65 дена.

Сонцето последен пат зајде над хоризонтот во среда, 18 ноември, во 13:42 часот по локално време, а ќе се појави повторно на 23 јануари, кога се очекува да изгрее во 13:03 часот.

Овој град е дом на околу 5.000 луѓе и се наоѓа на приближно 71 степен северна географска ширина, објавува Firstpost.

Сепак, ова не значи дека ќе има целосен мрак во овој период. Околу пладне, на јужниот хоризонт се појавува зона на самрак, која трае околу шест часа на почетокот на поларната ноќ. Како што се приближува Божиќ, овој период на светлина постепено се скратува на околу три часа.

Градот се викал Бароу до 2016 година, кога жителите гласале за враќање на старото име на јазикот Инупијат. Резултатот бил многу тесен - 381 глас за промената и 375 против.

Нема патна врска

Новото име официјално е усвоено на 1 декември истата година. Уткиагвик најчесто се преведува како „место за собирање диви корења“.

Зимата тука е сурова дури и според арктичките стандарди. Во јануари, просечната ниска температура е околу минус 28 степени Целзиусови, додека просечната месечна температура е околу минус 24 степени. И покрај сè, секојдневниот живот во градот не запира.

Уткиагвик не е поврзан со остатокот од Алјаска по пат, па затоа храната и другите залихи се транспортираат со авион или брод, или со баржа. Затоа, ловот е сè уште важен дел од животот на локалното население.

Поголемиот дел од жителите се членови на народот Инупијат, чии традиционални активности и начин на живот се прилагодени на суровите арктички услови.

YouTube video

Храна во ледените подруми

Ловците ловат китови со грофовија (Balaena mysticetus) секоја пролет и есен, во рамките на квоти утврдени од федералната влада и распределени меѓу заедниците на китоловци во Алјаска.

Месото и муктукот, традиционална храна што се состои од кожата и салото на китот, се делат меѓу членовите на заедницата. Некои семејства сè уште го складираат месото во традиционални ледени подруми, познати како сиџлуак, кои се копаат во трајно замрзнатата земја, или пермафрост.

Главен извор на пари за функционирање на областа е нафтената индустрија. Даноците на имот на нафтените полиња во заливот Прудо и околните области финансираат училишта, здравствени установи и водоводна и канализациска инфраструктура.

Оваа административна област опфаќа приближно 95.000 квадратни милји (245.500 квадратни километри), што ја прави поголема од американската држава Минесота.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неивесна е судбината на 133.000 Рохинџи во Малезија, откако Турција одби да ги прими

Малезискиот премиер Анвар Ибрахим денес потврди дека Турција не е подготвена да го прифати предложениот трансфер на 10.000 Рохинџи од Малезија, која е дом на повеќе од 133.000 членови на претежно муслиманската малцинска заедница.

Неивесна е судбината на 133.000 Рохинџи во Малезија, откако Турција одби да ги прими

„Јас лично добив потврда од турската влада пред два дена дека тие дури и не се подготвени да го разгледаат предлогот. Малезија побара тој да се разгледа за да се реши дел од нашиот проблем“, изјави Анвар пред парламентот, објави SCMP.com.

Малезија не е потписничка на Конвенцијата на Обединетите нации за статусот на бегалците и нема законска рамка за да им се даде трајна заштита на бегалците.

Изјавата на малезискиот премиер дојде помалку од една недела откако Меѓународниот суд на правдата го прогласи Мјанмар за одговорен за геноцид врз Рохинџите за време на воената кампања во 2017 година, обележана со масовни убиства, силувања и други сериозни кршења на човековите права.

Судот му наложи на Мјанмар да го олесни безбедното, доброволно и достоинствено враќање на заедницата, како и да обезбеди репарации.

Изјавата на Анвар е во спротивност со тврдењето на вицепремиерот Ахмад Захид Хамиди во петокот дека е постигнат договор за преселување на бегалците во Турција преку програми за стручно оспособување прилагодени на потребите на турската индустрија.

Неговата изјава беше отстранета околу еден час подоцна, а Анкара подоцна ги отфрли обвинувањата како „неосновани“.

Махи Рамакришнан, основач на групата за права на бегалците „Надвор од границите на Малезија“, рече дека владата им должи на јавноста и на бегалците Рохинџа целосно објаснување.

„Не можете да објавите дека кабинетот одобрил предлог за преселување на 10.000 бегалци во друга земја, јавно да објавите дека земјата домаќин се согласила да ги прифати, а потоа да ја повлечете таа објава без никакво објаснување“, рече таа.

Податоците од Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) покажуваат дека бројот на бегалци што ја напуштаат Малезија во рамките на програмите за преселување се намалил од 7.012 во 2024 година на 1.365 во 2025 година.

Глобално, бројот на заминувања преку програмите на Обединетите нации се намалил од 116.528 на 37.248 во истиот период.

Поранешниот малезиски министер за надворешни работи, Сејед Хамид Албар, изјави дека членовите на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) не се подготвени да ја преземат одговорноста за прифаќање на бегалци.

Тој ја наведе бегалската криза во Виетнам, која започна во 1975 година, како исклучок, кога Малезија прифати бегалци со разбирање дека подоцна ќе се вратат во својата татковина или ќе се преселат во други земји, како што се САД и Франција.

Анвар ги бранеше разговорите со властите во Мјанмар, чиј воен водач и претседател Мин Аунг Хлаинг ја посети Малезија на 7 и 8 октомври.

„Бесконечното очекување дека ќе се најде трета земја не даде резултати. Очекувањето дека тие лесно би можеле да се вратат дома, исто така, не е исполнето“, изјави малезискиот премиер пред парламентот.

Тој рече дека 10.476 државјани на Мјанмар се репатрирани во земјата на трошок на властите на Мјанмар, вклучувајќи 1.476 лица кои беа транспортирани со воени бродови на 29 септември.

Тој рече дека уште 6.803 лица треба да ја напуштат Малезија во декември.

Анвар рече дека, според мониторингот на малезиските разузнавачки агенции, немало случаи на притисок меѓу 10.476 лица кои биле репатрирани.

Но, УНХЦР соопшти дека не им е даден пристап до оние што се вратени во септември за да ја проценат нивната ситуација и праша дали одлуките донесени додека биле во притвор може да се сметаат за доброволни.

На 6 октомври, Анвар му рече на парламентот дека групата повратници не ги вклучува Рохинџите.

Во саботата, Малезиската комисија за човекови права повика на запирање на репатриациите сè додека условите за заштита на повратниците не можат независно да се потврдат.

Државата Ракхин во Мјанмар, која граничи со Бангладеш и е историска татковина на Рохинџите, е вмешана во години вооружен конфликт.

Војската се бори против армијата Аракан, етничка вооружена група, а истражителите на ОН документираат злоупотреби на правата на Рохинџите од двете страни, вклучително и присилно регрутирање.

Законот за државјанство на Мјанмар од 1982 година ја остави заедницата без државјанство, и покрај тоа што нејзините членови живеат во земјата со генерации, според УНХЦР.

Бангладеш е дом на повеќе од 1,2 милиони Рохинџи, од кои околу 1,17 милиони се во преполни бегалски кампови во областа Кокс Базар, според бројките објавени од властите на Бангладеш и УНХЦР во октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иранска пејачка и четири члена на нејзиниот бенд добија по 74 удари со камшик- не носела хиџаб на настапот

Иранската пејачка Парасту Ахмади вчера беше камшикувана 74 пати затоа што настапуваше без задолжителниот хиџаб, изјави нејзиниот адвокат Мостафа Нили, како што објави Иран за човекови права (IHRNGO).

Иранска пејачка и четири члена на нејзиниот бенд добија по 74 удари со камшик- не носела хиџаб на настапот

Четири члена од нејзиниот концертен тим беа исто така камшикувани 74 пати, соопшти IHRNGO на социјалните медиуми, цитирајќи го Нили.

Казните беа извршени во Одделот за извршување казни на Обвинителството на Ком, а меѓу нив беа Ахмади, организаторот на концертот Мохсен Лашкари и музичарите Сохеил Фагих-Насири, Амин Тахери и Амир-Али Пирнија.

Случајот следеше по објавувањето на интернет на снимки од „концертот во каравансарај“ на Ахмади, снимен во декември 2024 година во историскиот каравансарај Деир-е Гачин во близина на Ком, свет шиитски град каде што се наоѓаат голем број исламски религиозни училишта и се смета за упориште на религиозниот конзерватизам.

Видео од претставата, на која не присуствувала публика, ја прикажува Ахмади како пее заедно со машки музичари. Таа носела долга црна облека без ракави, а косата ѝ била откриена, кршејќи ја политиката за задолжително носење хиџаб во Иран.

Махмуд Амири-Могадам, директор на IHRNGO, за CNN изјави дека облеката на Ахмади била фактор во изрекувањето на пресудата, но додаде дека обвинителството се темели и на фактот дека таа пеела јавно и, пошироко, на нејзиното противење на иранските власти.

Кратко по објавувањето на видеото, новинската агенција Мизан, која е поврзана со иранското судство, објави дека властите отвориле постапка против Ахмади и членовите на продукцискиот тим за она што го опиша како „нелегален концерт“.

Агенцијата соопшти дека претставата не е во согласност со „законските и религиозните стандарди“ на земјата.

Судот ги осуди сите петмина за „навреда на јавниот морал“ со производство и дистрибуција на онлајн содржина опишана како вулгарна и неморална. Покрај камшикувањето, им беше забрането и да се занимаваат со уметнички и музички активности и да патуваат во странство во рок од две години.

Апелацискиот суд ја потврди пресудата во септември. Амнести интернешнл го опиша камшикувањето како сурова, нечовечка и понижувачка казна.

Групата за човекови права ги обвини иранските власти во извештај од минатата година дека сè повеќе прибегнуваат кон произволно притворање, гонење и камшикување на пејачки, новинарки и активистки за женски права кои го оспоруваат задолжителното носење превез.

Казната доаѓа во услови на постојан притисок врз женските изведувачи во Иран. Пејачката Хива Сејфизаде беше осудена на четири години затвор од понизок суд за „поттикнување корупција и проституција“ откако изведе традиционална иранска музика во Техеран во февруари 2025 година.

Сејфизаде во видео објавено на социјалните мрежи во август изјави дека испеала само неколку стихови од познатиот персиски поет од 13 век Саади Ширази и се запраша како изведбата може да претставува поттикнување корупција или проституција.

Таа рече дека има намера да поднесе жалба. Иранските власти не коментираа веднаш за наводното камшикување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер