3Продлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
1Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ЗдравјеСостојбата со големата кашлица под контрола, но се уште не е стабилнаСостојбата со големата кашлица под контрола, но се уште не е стабилна, од 56 случаи - 46 се во Скопје.Состојбата со големата кашлица е под контрола. Не може да кажеме дека е стабилна, бидејќи се уште има пораст на потврдени случаи и во моментот до денес се потврдени вкупно 56 случаи на луѓе заразени со голема кашлица, од кои 46 се од Скопје. Од вкупниот број случаи, 14 се деца под една година, а девет дополнително се на возраст од 1 – 4 години. Шеснаесет се невакцинирани, 12 се некомплетно вакцинирани, изјави денеска претседателот на Комисија на заразни болести Александар Петличковски по состанокот на Комисијата. -За разлика од последниот пат кога правевме пресек на епидемиолошката состојба сега се појавуваат и адолесценти, деца на возраст 10 до 14 години и повозрасни и веројатно во тек на следните недели ќе има малку промена на оваа демографска структура на позитивните случаи, односно очекуваме кај повозрасните и почесто да се потврдува оваа болест. Но, повторно сакам да потенцирам дека нашата најголема грижа како здравствен систем е спречување на ширењето на инфекцијата кај децата, кај малите деца бидејќи децата до една година возраст се најзасегнати, односно најризични по однос на оваа болест, рече тој. Додаде дека останува препораката за надополнување на пропуштените вакцинални дози и одзивот кој досега во изминативе денови, односно од 18 јануари кога била дадена првата препорака, до 14 февруари, вкупно се вакцинирани над 13.000 деца, што, според него, е солиден одзив, но како што кажа, се уште има илјади деца кои требало да се вакцинираат, а не се вакцинирани. -Изготвено е упатството кое го најавивме од Институтот за јавно здравје, и тоа е сеопфатно упатство за однесување, за постапки, за тек на нештата во услови на епидемија и до крајот на неделата ќе биде и обелоденето. Има некои забелешки и идеи за подобрување, но до крајот на неделата ќе биде објавено и испратено до сите инволвирани во процесот. И уште, дискутиравме малку и за тестирањето, за начинот на организација на тестирањето за што повеќе лаборатории од јавното здравство да бидат спремни да одговорат на барањата за тестирање, така што во следниве денови навистина брзо очекуваме да се реагира, да се проценат лабораториите кои исполнуваат услови за воведување на ова тестирање и исто така да се назначи, да се формира една референтна државна лабораторија, во која би можеле да се потврдуваат случаите на пертусис позитивни од приватни лаборатории. Тоа ни се заклучоците од денешниот состанок, кажа тој. Во однос на тоа дали возрасните треба да се ревакцинираат, Петличковски рече дека болеста пертусис за возрасни луѓе не е тешка болест, за неа има достапен лек и нема потреба од страв. -Возрсните луѓе, како преносители на малите деца, се опасни и затоа се размислува и се препорачува во ова упатство и нивна заштита. Прво заштита со вакцини, второ со заштита со антибиотици. Вакцини за возрасни во мометот, нема, но сме многу блиску да дојдат да се набават, мислам дека е прашање на ден, бидејќи е отпочната постапка, има најава дека ќе пристигнат многу скоро, и мислам дека од почетокот на следната недела би можеле да сметаме и на овие дози. Таа вакцина за возрасни е истата вакцин што се препорачува и за трудници, информира Петличковски. Додаде дека вакцините обезбедуваат имунитет што трае меѓу пет и десет години и е многу солиден, и поентата на вакцинирањето е да се преброди критичниот период на возраст за оваа болест. -Возрасните луѓе во нормални околности не мора да примаат засилувачки дози. Возрасните кои живеат во заедници кадешто има мали деца под една година, треба да бидат заштитени со дополнителна доза толкму со цел да не ја пренесат боеста на нив, рече Петличковски. Во врска со носење неваквинирани деца во градиките, Петличковски кажа дека врз основа на препораката и врз основа на пријавените случаи Центар за ЈЗ Скопје прогласува епидемија на Град Скопје. -Следната точка е посапување на МТСП по препораките на Комисијата за здравствена затита. Дел од градинките постапуваат по таа одлуика, дел не постапуваат мислам дека тука има малку застој во комуникацијата меѓу МЗ и МТСП, веројатно писмената порака уште патува но сигурно ќе стигне многу скоро, рече Петличковски. Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ, во врска со можноста за појава на епидемија на морбили кај нас, како во некои европски земји, особено во Романија, вели дека родителите треба да бидат совесни и да ги вакцинират своите деца и оти тоа е основниот прицип на заштита. -Деведесет и пет проценти вакцинирани против било кое зболување ни гарантира дека ние имаме безбедна популација и дека нема да имаме ширење зараза, рече тој, и додаде дека интензивно комуницираат со вакциналните тимови да ни ги кажат основните проблеми, а проблем број еден, според него, е антиваксерско движење и ширењето бомбастични наслови коишто одат спротивно од она што тие го работат и го загрозуваат јавното здравје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубреГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.- Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски на сите што несовесно создаваат депонии им порача да земат пример од младите и да покажат дека го сакаат Скопје со тоа што ќе го чуваат. - Наша должност е да им оставиме почист град. Благодарам на секој што одвои време, се приклучи и остави свој белег во оваа акција. Секој ваш труд се гледа. Секој ваш пример вреди. Продолжуваме со следната акција, со истата решителност и со уште повеќе луѓе – рече Ѓорѓиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот КавадарциДенеска, во просториите на Општина Кавадарци, се одржа работен состанок посветен на конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци.На состанокот присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, претставници на Јавното претпријатие за државни патишта, општинската администрација, стручните служби и инженери, поголем дел од членовите на Советот на Општина Кавадарци, како и професори од Градежниот факултет, во својство на ревиденти на проектот. По претходно разгледување на повеќе технички решенија и усогласување на стручните предлози, на денешниот состанок беше усвоено конечното решение за вториот дел од трасата, на потегот од „Југо Комерц“ до Витач. Согласно досега спроведените активности и обемот на потребната проектна документација, се очекува до средината на следната година да биде финализиран основниот и инфраструктурен проект, со што ќе се создадат услови за пристапување кон тендерска постапка и понатамошна реализација на проектот на терен. Утврдувањето на конечната траса претставува значаен чекор во процесот на подготовка за реализација на еден од важните инфраструктурни проекти за Кавадарци, кој има за цел подобрување на сообраќајното поврзување и растоварување на градскиот сообраќај. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисСинер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“Одлуката на најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, да го вклучи Магнус Норман во својот тим изненади многумина, а Италијанецот конечно објасни што стои зад овој неочекуван потег. Клучна улога во целиот процес одигра легендарниот тенисер Швајцарецот, Стан Вавринка – поточно, неговото повлекување од тенисот, со што шведскиот стручњак официјално остана без ангажман. Синер, кој оваа сезона урива рекорди, го чекаше вистинскиот момент за да го ангажира човекот за кој верува дека на идеален начин ќе ја продолжи работата во неговиот тим, на Дарен Кејхил. На прес-конференцијата во Милано, каде што официјално се прости од Кејхил, Синер детално објасни зошто се одлучил токму за Норман: Ист принцип на работа: „Го избрав Норман бидејќи е многу сличен на Кејхил. Магнус со години го тренираше Стан и одлично го разбира начинот на кој ние работиме. Тоа е многу важно за мене, бидејќи нема да морам да почнувам од нула. На тој начин ќе продолжам да се менувам за еден отсто годишно, за да станувам сè подобар и подобар.“ На емотивното збогување во Милано присуствувал и самиот Дарен Кејхил, кој не штедел пофални зборови за својот сегашен ученик: „Создадовме феноменален тим околу Јаник, но 99 отсто од она што го постигнавме се должи на него, бидејќи Синер беше тој што излезе на теренот. Тој има неверојатна желба за работа – кога ќе му кажеме да истрча 10 километри, тој трча 11. Покрај тоа, во мојата кариера никогаш немам видено спортист кој постојано прашува и бара начини дополнително да напредува, како што тоа го прави тој.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook