Состојбата со афлатоксинот во регионот под контрола

Состојбата со афлатоксинот во регионот е под контрола, порачаа на денешната конференција во Белград министрите за земјоделство од пет земји во регионот.


На средбата на која присуствуваа министрите од Србија, Македонија , Хрватска, Босна и република Српска, беа усвоени пет заклучоци, меѓу кои и клучните – да се зголеми контролата на сточната храна и сировото млеко, како и нивото на хигиена во фармите. Домаќинот, српскиот министер Кнежевиќ , кој пред неколку дена за десет пати го зголеми дозволеното ниво на афлатоксин, сега легна на брашно, откако од Владата порачаа дека му се тресе фотелјата, заедно со уште четворица негови соработници.

“И во Србија за неколку дена ќе се врати стариот стандард од 0, 05 микрограми во литар млеко. Тоа, како што реков беше изнудена мерка за спас на малите фармери и на млеко производителите. Сега тој период е надминат, изјави Горан Кнежевиќ, министер за земјоделство на Србија.
Скандалот со млекото и присуството на афлатоксин го стресе цел Балкан, а канцерогена српска пченка беше откриена и во Германија.
Сепак, домашните потрошувачи можат да бидат спокојни, млекото и млечните производи се безбедни, апелираат како домашните производители така и увозниците на овие производи.

“Млекото што ние го увезуваме е безбедно тоа го потврдува фактот што секоја пратка ја пуштаме на анализа, истата се проверува и од наша страна . Тоа покажува дека нашите производи редовно се пуштаат на анализи . Ние по добивањето на анализите ги пуштаме производите во слободен промет . Потрошувачите може да ни веруваат оти ние сме поборници за здрава храна“ изјави Андреја Максимовски, Монтенегро од Гостивар.
Министрите за земјоделство на денешната средба се договорија да одржуваат редовни состаноци на кои ќе разменуваат искуства и ќе ги решаваат тековните проблеми.

Бостон избори четвртфинале, Далас поведе против ЛА клиперс во плејофот на НБА

 Екипата на Бостон селтикс ноќеска го победи Мајами хит со 118:84 и со вкупно 4:1 ја доби серијата во првото коло од плејофот на НБА-лигата.

Противник на Селтикс во четвртфиналето ќе биде поуспешниот од пресметката Кливленд кавалирс – Орлано меџик (3:2 по пет натпревари).

На вториот натпревар одигран ноќта среда кон четврток, Далас маверикс убедливо го совлада Лос Анџелес клиперс со 123:93. Далас до третата победа во серијата прв до четири дојде најмногу по заслуга на Лука Дончиќ кој постигна 35 поени.

Во четвртфиналето победникот од двојката Далас – ЛА клиперс ќе игра со Оклахома Сити. /МИА

СДСМ: Со глас за СДСМ на 8 мај ги чуваме темелите на државата

​Враќање на режимот на ДПМНЕ во најава, би значела сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии, што би и нанело огромна штета на иднината на државата.

Преголема моќ за десничарска партија како ДПМНЕ која воопшто не е променете, ќе претставува сериозна закана од враќање на заробена држава, поделби, уцени и закани.

Гласот ЗА СДСМ е глас за чување на темелите на државноста, демократските вредности, внатрешната кохезија, стабилни етнички односи, безбедна и европска иднина на Македонија.

Центар за комуникации на СДСМ

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот.

Вашингтон вчера објави нов бран санкции насочени кон руски и странски компании и поединци обвинети за вмешаност во руските воени напори за инвазија врз Украина. Покрај руски одбранбени компании и кинески субјекти, санкциите се и на неколку истражувачки единици и компании вклучени во руски програми за хемиско и биолошко оружје. Воведени се санкции за речиси 200 субјекти, а Стејт департментот таргетираше повеќе од 80 во една од најобемните акции против кинески компании досега во санкциите на Вашингтон насочени кон Русија, јавија американските медиуми.

Канцеларијата за контрола на странски средства соопшти дека санкционирала компании со седиште во Кина, Хонг Конг, по повеќекратните предупредувања од Вашингтон за поддршка на руската војска.

Министерството за финансии санкционираше речиси 60 субјекти лоцирани во Азербејџан, Белгија, Кина, Русија, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Словачка, бидејќи и овозможија на Русија да ја набави потребната технологија и опрема од странство, заобиколувајќи ги санкциите.

„Министерството постојано предупредуваше дека компаниите ќе се соочат со значителни последици за обезбедување материјална поддршка за Русија во војната во Украина, а САД ги воведуваат денеска за речиси 300 субјекти“, рече министерката за финансии на САД, Џенет Јелен./МИА

притисни ентер