Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, биле сослушани 26 луѓе - Канал 5

Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, биле сослушани 26 луѓе

Тројцата повредени во трагичната несреќа во Нови Сад и натаму се во критична состојба… 

Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, биле сослушани 26 луѓе

Србија тагува за изгубените животи во несреќата во Нови Сад, повредените се борат за живот, досега никој не презеде одговорност за трагедијата во која загинаа 14 лица, меѓу кои македонскиот научник Васко Саздовски. Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, кој е во работна посета на Шангај, оттаму изјави дека обвинителството и полицијата работат на утврдување кривична одговорност за несреќата, но и дека политичка одговорност ќе има и таа ќе се утврди во наредните денови.

-Што се однесува на политичка одговорност, таа мора да постои, тоа не е спорно. Јас и пред малку зборував со претседателот на државата и синоќа, веќе не знам ни по кое време, доцна, по српско време се слушнавме, тоа воопшто не е прашање. Само што ќе ја донесеме таа одлука со ладна глава и рационално, а не не со твитови и објави на социјалните мрежи и лепење на плакати, туку за таа одлука од која не се бега и нема да се бега, ниту тоа се може, таа ќе биде резултат на одговорен политички разговор, изјави српскиот премиер.

Првиот човек на српското МВР, Ивица Дачиќ, соопшти дека вчера биле сослушани 26 лица, меѓу кои и надлежниот министер Весиќ, а распитите продолжуваат и денеска. Во разговор за државната телевизија кажа дека во моментот на уривањето на бетонската натстрешница на Железничката станица под неа биле 17 луѓе, од кои само тројца преживеале, но оти нивната состојба и натаму е критична. Се работи за две девојки и едно момче на возраст од 18 до 25 години. На момчето и едната девојка им се ампутирани двете нозе, додека на другата девојка, која спасувачите првично не можеле да ја видат туку ја слушнале од под рушевините, и е ампутирана раката.

-Јас знам дека спасувачите измерија во текот на подигнувањето на бетонот од една личност која преживеа, тежината била околу 26 тона. Јас кога дојдов ја затекнав таа жена, тоа беше вака на 3 метра, таа беше на самиот крај на оградата. Само главата и се гледаше, се останато беше покриено со бетон. Таа беше жива, гледаше во нас. Пожарникар, односно спасувач, го ризикуваше својот живот, влезе под бетонот да и даде малку вода и да приклучи инфузија, за да и помогнеме, но можеше да се сруши целата таа конструкција...изјави Дачиќ

Новинарка: Цела Србија навистина чека одговор на прашањето: Кој е виновен? Кој е одговорен г-дине Дачиќ?

-Знаете што, тој дел од процесот не е во рацете на министерството за внатрешни работи, туку тоа е истрага која ја води Обвинителството, вели Дачиќ.

Српските граѓани со тага и неверување им оддаваат почит на настрадините од уривањето на бетонската натстрешница, меѓу кои има и деца. Во Војводина е втор ден на жалост.

„Тоа се знае кој е одговорен, оној кој ги изведувал работите, оној кој надгледувал, надзорниот орган, а не Заводот за заштита на споменици на културата. Тоа е веќе еден доказ дека работите сакаат да се тргнат од правиот пат – настрана. Да не се дознае вистината.“

„Јас немам зборови, јас од вчера само чувствуван, бескрајна тага, бес и чувствувам немоќ, велат граѓаните.“

Во меѓувреме неколку стотици луѓе се собраа на протест во Белград пред надлежните институции револтирани од трагедијата во Нови Сад. Насобраните граѓани бараат оставки и кривична и политичка одговорност за несреќата.

Дел од учесниците на протестот ги обоија рацете со црвена боја и оставија отпечатоци со порака до властите дека „рацете им се крвави“. Граѓаните и активистите носат транспарент со пораки „Злосторство, а не трагедија“ и „Оставки“. Протестот започна на плоштадот Сава пред старата железничка станица во Белград со едноминутно молчење за жртвите во Нови Сад и читање на имињата на 14 лица кои загинаа при уривање на настрешницата. Насобраните потоа се упатија кон зградата на Министерството за градежништво, а оттаму кон Владата на Србија во центарот на Белград.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„AfD“ ја менува стратегијата: Нов план за Европската унија

Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) сè повеќе се оддалечува од идејата за напуштање на ЕУ и го насочува својот фокус кон нејзино реформирање, со цел да го зајакне своето влијание, како во Европа, така и во самата Германија.

„AfD“ ја менува стратегијата: Нов план за Европската унија

Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) – која се појави како опозиција на политиките на Европската унија за време на кризата со еврото – сè повеќе се преориентира кон реформирање на ЕУ, наместо да се залага за нејзино напуштање.

По историската победа на регионалните избори во Саксонија-Анхалт во септември, „AfD“ – која според анкетите на јавното мислење моментално е најпопуларната партија во Германија – е поблиску од кога било до можноста да стане дел од сојузната влада.

Во рамките на партијата расте уверувањето дека зајакнувањето на десничарските позиции и растечкото влијание на политичките движења со слични ставови низ Европа, го прават реформирањето на Унијата одвнатре поповолен пат отколку нејзиното напуштање.

„Од крајот на Втората светска војна, изгледите за реформирање на ЕУ во согласност со нашата визија никогаш не биле подобри“, изјави Себастијан Минценмајер, пратеник на „AfD“ во Бундестагот.

Прашањето за напуштање на еврозоната – што беше клучен приоритет за многу од основачите и раните поддржувачи на партијата – се покажа како посложено за решавање, пренесува Ројтерс. Помладите членови на партијата, како што е 29-годишниот Жан-Паскал Хом – шеф на младинското крило на„ AfD“, „Генерација Германија“ – предупредуваат дека тврдокорниот став на партијата кон Европа би можел да го попречи нејзиниот најреален пат до власта: идна соработка со Христијанско-демократската унија (CDU) под водство на Фридрих Мерц. Засега, „CDU“ ја отфрла секоја можност за коалиција со „AfD“.

Минатиот месец, во Европскиот парламент во Стразбур, копретседателката на „AfD“, Алис Вајдел – заедно со сојузниците од парламентарната група „Европа на суверени нации“ (ESN) – претстави стратешки документ насловен „Нов договор за Европа“.

Наместо да се залага за излез од еврозоната и од ЕУ, документот предлага преговарање за нови договори со цел создавање на полабава форма на Унија. Се предлага воведување механизам за „исклучување“ (opt-out) за земјите-членки кои не прифаќаат заеднички политики – на пример, во однос на трошоците за одбрана или миграцијата – при што истовремено се повикува на построго спроведување на буџетските правила. Ова ја остава отворена можноста еврото да остане заедничка валута.

Доколку овие реформски напори не успеат, документот предлага идниот европски правец на Германија да се одреди преку референдум.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам

Додека Црна Гора започнува проверки на врските меѓу медиуми, телекомуникации и Алта банка, во Македонија сè е одамна докажано и документирано.

СДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам

ВМРО-ОКГ е директно врзана за медиуми, телекомуникации и банка.

Орбан контролира околу 40 проценти од медиумскиот простор. Нови медиуми на Вучиќ влегоа на пазарот: Ало група, Информер и Euronews.

Телекомуникациската поддршка доаѓа од Орбановиот 4iG и од Вучиќевиот Телеком Србија - државен ресурс користен како приватен.

Алта банка служи како финансиер на системот, преку маркетинг агенции од ВМРО, примарно за Алфа ТВ и за порталите финансирани од Орбан.

Конкретен пример: истрагата за перење пари преку Словенија со фиктивни рекламни услуги, која Мицкоски ја блокираше во обвинителството.

Телеком Србија е сопственик на Euronews лиценцата. 4iG обезбедува телекомуникациска поддршка за пласирање на медиумските содржини.

Управувањето со сите овие медиуми се врши преку палката на БИА, човекот за Македонија, „началник“ Латас и Ивона, уредничка на Euronews и Алфа ТВ. Тоа е македонската верзија на српскиот Информер.

4iG на Орбан и Телеком Србија ги плаќаат истите лоби куќи во Америка за Мицкоски и за Вучиќ. 4iG е поврзан и со трговија со оружје и со потребата за рудник на антимон.

Во Унгарија веќе три министри се уапсени. Обрачот се стеснува околу Орбан.

Во Србија Вучиќ падна. Почнаа апсења и истраги. Целиот правосуден систем почна да работи, а новата влада сè уште не е формирана.

Уапсени се главни луѓе во полицијата. Ова е само почеток на крајот на една голема организирана криминална група - балканскиот картел.

Мафијашки синдикат во кој е Христијан Мицкоски, а ВМРО е сестринска партија на СНС.

Сите коцки се сложија a картелот се распаѓа. Паѓаат како домино. Мицкоски остана сам да ја чува касата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиење

Нова патна инфраструктура не се гради, старата не се одржува.

ВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиење

По девет години локална власт на СДС во општина Кривогаштани, граѓаните се уште со основни проблеми од секојдневниот живот, како исправна вода за пиење, функционални училишта, неодржувана инфраструктура и чиста животна средина.

Еден од најсериозните проблеми е водоснабдувањето. Голем дел од населените места се соочуваат со чести прекини, дефекти на водоводната мрежа и проблеми со исправноста на водата, додека околу 40 проценти од населението воопшто не добива вода од општинскиот водовод.

И покрај предизборното ветување на актуелниот градоначалник за носење вода од Студенчица, досега јавноста нема добиено конкретен план, временска рамка или информации за реализација на проектот, дополнително, и населените места кои се снабдуваат од овој систем во текот на летото се соочуваа со сериозни проблеми во водоснабдувањето.

Загрижувачка е и состојбата во општинските училишта, при што намалувањето на бројот на ученици, иселувањето и неповолните демографски движења создаваат дополнителен финансиски притисок врз образовните институции. Ситуацијата е до толку загрижувачка што за првпат имаме училишта со блокирани сметки, додека општината не презема доволно мерки за рационализација на трошоците и долгорочно одржливо функционирање.

Наместо сериозен пристап кон финансиското стабилизирање на училиштата, обезбедување непречено функционирање и квалитетен образовен процес за учениците, локалната власт предводена од СДС гледа само како да издејствува согласности за нови партиски вработувања.

Градоначалникот на СДС на општина Кривогаштани бара служба за итна помош, а заборава да каже дека токму неговиот партиски претседател, Венко Филипче ја укина во период кога раководеше со министерството за здравство.

Дополнително загрижува и финансиската состојба на самата општина која е со блокирана сметка и каде само тужените побарувања надминуваат 35 милиони денари, а вкупните долгови се значително повисоки. Овие состојби бараат транспарентност и одговори од градоначалникот, а граѓаните имаат право да знаат колкави се вкупните долгови, по кои основи се создадени и како општината планира да ги сервисира.

Проблемите не завршуваат тука, локалната инфраструктура, полските патишта и јавните површини бараат сериозно внимание и континуирано одржување. Владината поддршка за изградба на улици е добредојдена, но таа не може да биде замена за обврските и одговорностите на локалната самоуправа.

Особено загрижувачка е и состојбата со животната средина, горењето на депонијата кај Кривогаштани, загадувањето на почвата, водата и воздухот, како и нерешените проблеми со одводните системи и пречистителните станици, се прашања кои бараат конкретни институционални решенија, а не молк и одложување.

Локалната власт и градоначалникот треба да одговорат и за состојбата со сточниот пазар, јавната чистота, уличното осветлување и другите комунални услуги кои се во надлежност на општината.

Одговорноста на локалната власт е да ги решава проблемите на граѓаните, да управува домаќински со општинските средства и да создава услови за подобар живот, тоа го заслужуваат и жителите на општина Кривогаштани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер