МФ: Изворните приходи од даноци во Буџетот се реализираат согласно планираното, расходите редовно се сервисираат
2МФ: Изворните приходи од даноци во Буџетот се реализираат согласно планираното, расходите редовно се сервисираат
Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
1Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
3 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
МакедонијаСостојба на патиштатаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона. Од ден 26.05.2025, се започнува со градежни активности - санација на мост на река Драгор на ул. “Довеџик” општина Битола, со што ќе има затворање на сообраќајот кај мостот на ул. “Довеџик" при што сообраќајот ќе се пренасочува по времен премин - девијација. Патниот правец Р2337 Кичево – крак со с. Цер од ден 12.05.2025 ќе биде целосно затворен за сообраќај од 10.00ч. – 16.00ч. поради изведување на градежни работи на пат – (асфалтирање). На ден 13.05.2025 се започнучува со градежни активности - санација на мост на река Вардар на државен пат А2, делница Гостивар-Стража, односно ќе се воспостави времена измена на режимот на сообраќај. Од 24.04.2025 г. има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино - Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување. Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 г. до 31.5.2025 г., поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е пренасочен во левата тунелска цевка. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 09.04.2025 година(Среда), ќе се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот ќе се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Овој времен режим е започнат од 03.04.2025 година и ќе трае до завршувањето на градежните активности На експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, од 17.03.2025 г. до 04.04.2025 г., поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница. На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 г., поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот. Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот. „Доо Стентон Градба – Битола” известува дека согласно Одобрение за времена измена на режим на сообраќај, на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп ќе врши санација на ударни дупки од 19.12.2024 г. до завршување на градежните работи. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект. На 08.10.2024 година поради изградба на патен коридор 10Д, делница Прилеп - Битола, извршено е пренасочување за секаков вид на сообраќај и тоа од клучка Тополчани по Р1101 до депонија Алинци. Временскиот режим ќе трае во временски период од една година. СТРАБАГ АГ Подружница СТРАБАГ Скопје известува за времена измена на сообраќајот од 08.10.2024 до 31.12.2024 година на автопат А1 делница Велес – Неготино поради изградба на делница Градско - клучка Дреново. Сообраќајот ќе се одвива под времен режим со соодветно поставена сообраќајна сигнализација. Од 09.07.2024 г., на десна коловозна лента на автопат Скопје - Куманово извршена била времена измена на режим на сообраќај, при што во должина од 1000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот ќе се одвива по левата сообраќајна лента за претекнување. Жикол Дооел Струмица известува дека поради вршење на градежни активности на објект: Реконструкција со проширување на регионален пат Р1109 делница Понов мост - влез во Богданци, сметано од 24.06.2024 година ќе биде поставен времен режим на сообраќај. Времена измена на режим на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово, заради извршување на градежни активности. Измената на режим на сообраќај ќе започне да се применува од петок, 31.05.2024, а во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект „Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп - Битола“, и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата. На 26.03.2024 година од 14.15 часот извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот 300м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ за време на поправка и рехабилитација на државен пат А1/А2 делница Скопје-Куманово (десна коловозна лента) каде што со ветикална сообраќајна сигнализација во должина од 200м сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) сообраќајна лента во средната (за возење) сообраќајна лента за да потоа во должина од 1500м целиот сообраќај ќе се одвива по сообраќајната лента за претекнување (левата), а средната и сообраќајната лента за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај. Од 18.03.2024 г. има измена на режимот на сообраќај на државниот пат Р1101, делница Прилеп – Битола, заради интезивирање на градежните активности во врска со проект Санација на патот, кај мост на река Шемница. Започнувајќи од 11.12.2023 год. ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп - Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи. Започнувајќи од 05.12.2023 год. е изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово - Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните. Oд 24.11.2023 година, режимот на сообраќајот на делницата од автопатот А-1, Куманово – ГП „Табановце “поточно кл. Куманово-кл. Кр. Паланка, десната сообраќајна лента за присилно запирање и застанување е затворена за сообраќај во должина од 500м, додека сообраќајот се одвива по сообраќајната лента за возење и претекнување. ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно ново издаденото одобрение за времен режим на сообраќај поради изведување на градежни работи на Автопат А4, делница ГП „Блаце“ - Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 – од 08.11.2023 г. постоечкиот локален пат до с. Блаце од магистраниот пат А4 пред граничниот премин ќе биде затворен, а пристапот до с.Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин, согласно поставената сообраќајна сигнализација. Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на 2 км пред граничниот премин "Блаце" на местото на изведување на градежните работи сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На 07.11.2023 г извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од Автопат А1, Пeтровец – Катланово - рехабилитација со проширување на автопатот А1 (лево и десно коловозот во двата правца) во должина од 6000 м, сообраќајот ќе се одвива по новоизградената коловозна лента (Катланово - Петровец) двонасочно, со вертикално поставена сигнализација, додека коловозната лента Петровец - Катланово ќе биде затворена за сообраќај. Oд 24.10.2023 година ќе се започне со реконструкција на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација. ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка „Стенковец“) Подделница 1 - проширување на постоен пат А4 од ГП "Блаце" до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот Премин "Блаце" од 06.10.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива нов времен двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) со поставена соодветна соорбаќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Oд 11.9.2023 г. воспоставен е времен режим на сообраќај во тунелот на патниот правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Поставена е светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата. БИОН ДОО Тетово известува дека од 20.05.2023 година на патниот правец "Државен пат А3, делница: Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид" ќе има измена на времениот режим на сообраќај поради изведување работи што се предвидени на објектот "Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема на државен пат А3, делница Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид". Режимот ќе биде според сообраќајниот проект. Работите на објектот се предвидени да завршат на 29.02.2024. Од 14.06.2023 година почнува проектот „Санација на трупот на патот Р1303, делница Македонски Брод – Прилеп, премин Барбаpос. Сообраќајот на овој патен правец ќе се одвива непречено со ограничување на максимална брзина до 30 км/час. Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208. Работите започнуваат на 09.6.2023 г., а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Почнувајќи од 06.03.2023 г., на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување. Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново на државен пат А1, делница Велес-Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско. На патниот правец Градско - Прилеп се изведуваат градежни активности и затоа препорачуваме внимателно возење и прилагодена брзина на движење. На патниот правец Кичево - Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.Тагови: сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердувиСветската музичка ѕвезда Ријана повторно блесна на карневалот во нејзиниот роден Барбадос, појавувајќи се во спектакуларен костим украсен со скапоцени камења и пердуви. Креацијата е дело на нејзината долгогодишна соработничка, Лорен Остин. Иако во последно време ретко се појавува на црвениот тепих, 38-годишната пејачка привлече големо внимание на парадата „Гранд Кадумент“ (Grand Kadooment) во Барбадос, со која беше заокружен традиционалниот карипски фестивал „Кроп Овер“ (Crop Over). Веднаш по нејзиното појавување, социјалните мрежи беа преплавени со видеа и фотографии од пејачката во раскошната креација, која беше специјално изработена за оваа прослава. Ријана носеше впечатлив костим украсен со накит и реси, кој дополнително ја истакнуваше нејзината фигура. Според списанието „Вог“, таа се придружи на групата на нејзиниот брат наречена „Аура“, а за нејзиниот изглед се погрижи локалниот дизајнер Лорен Остин. Посебен впечаток оставија големиот украс за глава со шарени детали и накит, како и раскошната опашка од пердуви што се спушташе сè до земјата. Лорен Остин, кој уште од 2013 година изработува карневалски костими за пејачката, претходно за „Вог“ изјави дека Ријана има смел и впечатлив моден стил. – Таа не се плаши да носи што сака и кога сака – рече дизајнерот. Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканРеките во Хрватска на историски ниски нивоаХрватска е зафатена од силен топлотен бран кој, во комбинација со долготрајната суша, ги спушти водостоите на реките на историски ниски нивоа и почна да предизвикува проблеми во енергетскиот сектор, пловидбата и водоснабдувањето. Поради високите температури на реката Сава, Нуклеарната централа „Кршко“ ќе го намали производството на електрична енергија за 20 проценти. На истокот од земјата, реките Дунав и Драва достигнаа рекордно ниски водостои. „Хрватски води“ предупредуваат дека реките Орљава кај Пожега и Плитвица кај Вараждин би можеле да пресушат во наредните денови. Ниските водостои веќе ја попречуваат пловидбата, го запреа фериботскиот сообраќај кај Оборово и предизвикуваат проблеми за рибниците и за делови од системот за водоснабдување во Славонија и Далмација. ДХМЗ издаде црвено предупредување за екстремни горештини за цела Хрватска за денес и утре, додека метеоролошката служба „Severe Weather Europe“ предвидува дека температурите на истокот од земјата до утре би можеле да достигнат и до 42°C.Тагови: реки Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаМФ: Изворните приходи од даноци во Буџетот се реализираат согласно планираното, расходите редовно се сервисираатПриходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното. Податоците за реализација на Буџетот за 2026 година на заклучно со 31 јули 2026 година покажуваат дека вкупните приходи се реализирани во износ од 204,553 милијарди денари што е 53,9% од планираното и бележат раст од 9,3% во споредба со истиот период претходната година. Приходите од даноци, како изворни приходи, се реализирани во износ од 117,963 милијарди денари или 55,33% од планот и со раст во споредба со истиот период претходната година од 10%. Кај даночните приходи најголема реализација согласно планот од 62,8% е евидентирана кај Данокот на добивка од којшто во Буџетот се слеани 16,687 милијарди денари што е раст од 20,6% во споредба со седумте месеци од 2025 година. Реализација од 56,78% од планираното има кај ДДВ со остварени 53,026 милијарди денари или раст од 13,4% во споредба со периодот 01.01.-31.07.2025 година. Од Данок на личен доход се остварени 20,925 милијарди денари или 53,93% од планот и раст во споредба со истиот период лани од 11,9%. Увозните давачки се реализирани во износ од 9,361 милијарди денари што претставува 56,4% од планот и бележат раст од 10,3%. Истовремено е извршен и поврат на ДДВ кон компаниите во износ од 23,333 милијарди денари што е за 3,5% повеќе од извршениот поврат во периодот јануари-јули 2025 година. Имено податоците за реализацијата на овие изворни приходи упатуваат на одржување на тренд на стабилност и раст во економијата, на што упатуваат и за последните податоци објавени за индустриското производство во јуни кога е забележан раст од 6,5% во споредба со истиот месец минатата година. На расходната страна значајна реализација има кај капиталните расходи во износ од 21,288 милијарда денари што е раст од 39,6% во споредба со реализацијата на капиталните расходи во првите седум месеци од 2025 година. Исто така, за поддршка на проекти во домашните компании се трансферирани и 717 милиони денари кон Развојната банка. Исто така, извршена е исплата на 49,351 милијарда денари обврски по основ на стари долгови на странскиот пазар, како и 11,665 милијарди денари отплати кон домашни кредитори. Во овој период се исплатени и обврзници по основ на денационализација во износ од 308 милиони денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook