Манасиевски : СДС и Филипче со години молчеа за небезбедната вода, а денес глумат загриженост за граѓаните
2Манасиевски : СДС и Филипче со години молчеа за небезбедната вода, а денес глумат загриженост за граѓаните
Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
2Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
МакедонијаСостојба на патиштатаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.Тагови: сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Вокален и пијанистички огномет“ за роденденот на „Охридско лето“Со вокален раскош, пијанистичка виртуозност и уметничка енергија, „Охридско лето“ го одбележа својот 66. роденден. Во прекрасната „Света Софија“ каде и започна приказната за „Охридско лето“, фестивалската публика имаше можност да ужива во впечатливиот настап на Мајан Лихт, контратенор од Израел и Пшемек Виницки, пијанист од Полска, уметници кои со својата интерпретација донесоа посебна енергија и уметничка емоција на фестивалската сцена. -Роденденот на „Охридско лето“ секогаш е посебен момент за нас, затоа што го славиме она што е суштината на фестивалот – уметноста, врвните уметници и публиката. Годинава овој значаен ден го одбележавме со два исклучителни уметници, Мајан Лихт и Пшемек Виницки, кои приредија концерт исполнет со виртуозност и емоција. Особено ми е драго што и оваа година роденденската вечер беше пред полна „Света Софија“ и што публиката заедно со нас го сподели овој убав момент. Тоа е најголемата потврда дека традицијата на „Охридско лето“ продолжува да живее, вели директорот на „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски. Лихт, еден од највозбудливите вокални уметници на денешницата, со својот специфичен глас и впечатлива сценска интерпретација донесе несекојдневна музичка енергија. Неговата вокална виртуозност дојде до израз во внимателно одбраната програма, која ги обедини барокот, романтизмот и познатите оперски нумери. -Се радуваме што настапуваме на 66. Роденден на „Охридско лето“. Станува збор за култен фестивал што постои толку многу години и на кој секоја година доаѓаат врвни уметници, а тука сме и ние, изјави талентираниот Лихт по завршувањето на концертот. Во акустичниот амбиент под сводовите на црквата одекнаа дела од Хендл, Броши, Глинка, Шимановски, Персл и Бизе, меѓу кои „Ombra mai fu“, „Venti, turbini“, „Lascia ch’io pianga“, „The Cold Song“ и „Хабанера“ од „Кармен“. Посебен дел од вечерта беше посветен на пијанистичката виртуозност. Пшемек Виницки се претстави со дела од Менделсон и Бетовен, меѓу кои и прочуената „Патетична“ соната, внесувајќи дополнителна динамика и раскош во роденденската концертна програма. Роденденската вечер во „Света Софија“ заврши со долг аплауз од публиката, која со воодушевување ги поздрави уметниците и нивната извонредна изведба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
ФудбалСалах претставен во својот нов клуб, ќе заработува 17 милиони евра годишноДосегашната ѕвезда на Премиерлигата и Ливерпул, 34 годишниот Мохамед Салах беше претставен како нов играч на Трабзонспор. Трансферот на легендарното египетско крило во Трабзонспор претставува неочекуван потег, со оглед на тоа што во изминатите месеци тој главно се поврзуваше со клубови од Саудиска Арабија и со Бешикташ. Приказната за Трабзон се појави неодамна, а работата брзо беше завршена. Поранешниот фудбалер на Ливерпул – со кого клубот спогодбено го раскина договорот – ја даде својата прва изјава за веб-страницата на Трабзонспор. „Трабзон, дали сте подготвени? Ве слушам. Се гледаме наскоро“, рече Салах. 𝐒𝐚𝐥𝐚𝐡 𝐌𝐨𝐝𝐞: ON 🔥 pic.twitter.com/mqi1DLa9DH — Trabzonspor (@Trabzonspor) August 5, 2026 Трабзонспор се смета за четвртиот најголем турски клуб, покрај истанбулските гиганти Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ. Минатата сезона тие завршија на третото место и ќе играат во квалификациите за Лигата на Европа. Bordo-Mavili formasıyla ilk kez kameraların karşısında… İlk mesajı Büyük Trabzonspor Taraftarına: “Bize Her Yer Trabzon!” ❤️💙#SalahIsComing pic.twitter.com/Sr1KcRDwpk — Trabzonspor (@Trabzonspor) August 5, 2026 Салах го напушти Ливерпул по девет години, период во кој постигна 257 гола на 442 натпревари. Со клубот освои две титули во англиското првенство и Лигата на шампионите. Сезоната 2024/25 беше негова најуспешна; со 29 гола и 18 асистенции, тој постави нов рекорд во Премиер-лигата за вкупен придонес кон голови во сезона со 38 натпревари. Исто така, стана првиот играч што во иста сезона ги освоил наградите за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар асистент. 34-годишникот ја започна својата европска кариера во Базел во 2012 година, а пред да дојде во Ливерпул во 2017 година, настапуваше за Челси, Фиорентина и Рома. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаМанасиевски : СДС и Филипче со години молчеа за небезбедната вода, а денес глумат загриженост за граѓанитеСДС и Филипче се обидуваат да собираат политички поени на темата вода во Гостивар, а со години не кажаа ниту збор за случаите на небезбедна вода кои биле евидентирани додека токму тие ја водеа државата.Деновиве објавивме документи, кои јасно покажуваат дека надлежните институции во нивно време располагале со информации за небезбедна вода во повеќе населени места. Но, наместо решенија и транспарентност, граѓаните добија молк. СДС и Венко Филипче должат одговор на три едноставни прашања. Зошто не ги известиле граѓаните за наодите? Колку од тие случаи биле целосно отстранети? И третото и најважно, со кое лице бараат одговорност за нешто што самите со години не го решавале? Не може исти луѓе кои со години беа власт, денес да се претставуваат како да немаат никаква одговорност за состојбите што ги оставиле зад себе. Наместо политички театар, СДС и Филипче, треба да им објаснат на граѓаните зошто ништо не направиле додека ја имаа целата институционална моќ во свои раце. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Прашање: Кој е вашиот став за денешното обвинување од страна на СДС дека наводно се создава терен за прифаќање на француски предлог? Одговор: Хистеријата во СДС е на завидно ниво. Талогот од СДС веќе не знае што повеќе да излаже. Ќе ве потсетам, лажеа со години дека ќе банкротираме во 2024 година, во 2025 година. Еве сега сме 2026. Не банкротиравме. А лажат дека ќе банкротираме и оваа година. Лажеа и за ИПАРД програмата, дека ќе биде блокирана, дека парите нема да бидат наменети за земјоделците, но еве и таа лага се распрсна како меур од сапуница. Лажеа за мигрантите. Ќе ве потсетам, велеа дека ќе дојдат во март, април, мај, јуни. Еве сега сме август. Нема ни трага ни глас од никакви мигранти по договорот со Обединетото Кралство. Лажеа за извештајот на европратеникот Томас Вајц. Лажеа, а сега денес слушаме и дека ние ќе го прифатиме тој француски предлог. Ние во Собранието имаме 2/3 мнозинство. Доколку сакавме да го направиме тоа, ќе го направевме. Немаше да чекаме волку голем период. Да резимирам, сè што говори талогот од СДС е сосема спротивно од вистината. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter