Бизнис од 41 милијарда долари: Француски фармацевтски гигант презема американски производител на лекови
2Бизнис од 41 милијарда долари: Француски фармацевтски гигант презема американски производител на лекови
3Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
Кралицата Елизабета напишала писмо кое што не смее да се отвори до 2085.- ниту семејството не знае што напишала
1Кралицата Елизабета напишала писмо кое што не смее да се отвори до 2085.- ниту семејството не знае што напишала
МакедонијаСостојба на патиштатаОд денес (24.04.2025) ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино - Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот ќе се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе огласи Нетанјаху: Израел потврди ликвидирање на висок функционер на ХамасИзраелската војска (ИДФ) и безбедносната служба Шин Бет го убија Наим Абу Нахел, шефот на внатрешната безбедносна служба на Хамас во Појасот Газа, потврдија во вторник израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац.Убиството на Нахел се случува три месеци откако израелските сили го заробија неговиот претходник во операција што Нетанјаху и Кац ја опишаа како смел потег. Двајцата ги пофалија безбедносните сили на Израел за спроведувањето на офанзивната политика на владата против терористичките организации. „Ја пофалуваме израелската војска и Шин Бет за спроведувањето на офанзивната политика на нашата влада“, рекоа Нетанјаху и Кац. „Ниеден терорист нема да избега од долгата рака на Државата Израел“, додадоа тие. צה"ל חיסל כעת את נעים אבו נחל, ראש מנגנון ביטחון הפנים של החמאס, לאחר שקודמו בתפקיד נלכד על ידי כוחותינו במבצע נועז לפני שלושה חודשים. אנחנו משבחים את צה״ל ושב״כ שמיישמים את המדיניות ההתקפית של הממשלה שלנו. אף מחבל לא יצליח לחמוק מידה הארוכה של מדינת ישראל. — Benjamin Netanyahu - בנימין נתניהו (@netanyahu) November 24, 2026 Израелската армија и Шин Бет ги напаѓаат високите команданти на Хамас во Газа Минатата недела, израелската армија и Шин Бет објавија дека во воздушен напад во јужниот дел на Појасот Газа е убиен Самир Махмуд Хасан Абу Јунис, командант на бригадата Рафа на Хамас. Тој беше на функцијата само два месеци, откако неговиот претходник, Наел Абу Убаид, беше убиен во септември. Три дена претходно, израелската армија и Шин Бет извршија напад врз Халед Сулејман Абу Анза, командант на бригадата Кан Јунис на Хамас, во комплексот на болницата Насер во Кан Јунис. Според разузнавачките информации што доведоа до нападот, Хамас го користел болничкиот комплекс како штаб за планирање и извршување терористички напади. Тагови: Бенјамин Нетанјаху Хамас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
ЕкономијаБизнис од 41 милијарда долари: Француски фармацевтски гигант презема американски производител на лекови Француската фармацевтска компанија „Санофи“соопшти дека постигнала договор за купување на американската биотехнолошка компанија „Инсмед“ за 41 милијарда долари.Француската фармацевтска компанија „Санофи“соопшти дека постигнала договор за купување на американската биотехнолошка компанија „Инсмед“ за 41 милијарда долари, што е нејзино најголемо аквизиција во последните две децении и клучен дел од нејзината стратегија за наоѓање нови извори на раст. „Санофи“ понуди 175 долари по акција за „Инсмед“, премија од околу 17,5 проценти во однос на последната цена на затворање на берзата на компанијата пред објавувањето на понудата, објави „Ројтерс“. Француската компанија планира да ја финансира трансакцијата со комбинација од долг и готовина. „Инсмед“ е специјализирана за лекови за лекување на респираторни заболувања, проширувајќи го присуството на „Санофи“ во нови терапии. Аквизицијата е голем потег на новиот извршен директор на „Санофи“, Белен Гарихо, која ја презеде функцијата во мај и е задолжена да ја зајакне нејзината програма за развој на лекови и да го запре падот на цената на акциите на компанијата. Откако ја презеде функцијата во „Санофи“, „Гарихо“ започна стратешки преглед на бизнисот, го промени составот на извршниот одбор и ја прошири соработката со американската компанија „Реџенерон“, вклучително и договор за решавање на претходни судски спорови. Аквизицијата на Инсмед претставува најголем чекор досега во нејзините напори да го промени правецот на француската фармацевтска група. Инвеститорите реагираа позитивно на објавата за аквизицијата, а акциите на Санофи денес пораснаа за околу шест проценти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалТоти низ солзи си ја отвори душата- сопругата го оставила, Рома го издала, татко му починал (ВИДЕО)Легендарниот Франческо Тоти се претстави во верзија каква што публиката никогаш порано немала можност да ја види, низ разговор исполнет со иронија и длабоки емоции, искрени солзи и смеа, откри бројни непознати детали за себе.Во емисијата „Белве“, која се емитува вечерва, 24 ноември, на каналот Раи 2, Франческа Фанџани разговара со легендата на Рома за различни периоди од неговиот приватен и професионален живот. Тоти зборуваше за болниот крај на неговата врска со Илари Бласи, неговата нова љубов со Ноеми Боки и можните идни одлуки со неа, неговото семејство, неговиот комплициран однос со неговите деца, емотивните спомени од неговиот татко, разочарувањата и неговото збогување со фудбалот. - Кога ќе се осврнете денес, дали мислите дека некој ја искористил вашата позиција кога бевте на врвот на вашата кариера? - го праша водителот. - Луѓе од кои никогаш не би го очекувале тоа, членови на семејството, пријатели, роднини... Многумина ме искористија. Со текот на времето, патиштата се разделуваат и сфаќате што навистина се случило. Да можев да го вратам времето, не би ги повторувал истите работи - откри Тоти. Емотивен за својот татко и неговиот однос со децата Тоти се сети на својот татко на особено емотивен начин, признавајќи дека никогаш не му кажал колку го сака. - Никогаш не му кажав: Те сакам - рече тој со солзи во очите. - Што ти недостига најмногу? - го праша Фанџани. - Прегратка. Постојат работи што не ги правиш, а кога ќе ги изгубиш луѓето кои се центар на сè, се чувствуваш изгубено и осамено. Без него, сè е поинаку. Денес си велам дека бев глупав што не го направив тоа. За жал, ја правам истата грешка со моите деца. Знам дека грешам - искрено рече легендарниот фудбалер. Semplicemente Francesco Totti🐐 https://t.co/tf9CldKJZq — ّ (@ElPrincipe22__) November 23, 2026 Тагови: Франческо Тоти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00