Состанок во ЦУК: Министерството за здравство треба да го поправи урнатиот потпорен ѕид

Градот Скопје, општина Центар, ЦУК и МВР денеска на координативен состанок се договорија дека урнатиот ѕид кај Детската клиника треба да го изгради Министерството за здравство.

Претставници од Министерството не беа присутни на состанокот, иако биле поканети. По едночасовната дискусија трите страни утврдија дека проблемот со паднатата ограда треба одделно да се решава од проблемите на улицата Белградска.

Проблемите со подземните води и отворањето на каналите за атмосферска канализација меѓусебно ќе ги решаваат Град Скопје и општина Центар, за што ќе треба да се направи дополнителна анализа околу финансиската конструкција и подземната инфраструктура. Градоначалничката Данела Арсовска не сака да избрзува со конечно решение, прво сака да ја види документацијата, а потоа ќе одлучува дали ќе бара владина поддршка за замена на атмосферската канализација.

И деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски апелира надлежните институции што побрзо да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид. Напомена дека уште пред 15-тина години испратил писмо како загрижен за она што се случува во тој дел од градот и за стабилноста на објектите кои таму се градат во кое посочил дека голем дел од потпорните ѕидови не се испроектирани за да можат да носат таков зголемен товар.

Потпорниот ѕид падна пред една недела. Тогаш сите засегнати страни се оградија од одговорснот за негова санација.

Јанчев: Подготовки за асфалтирање на ул. ,,Шишка’’, комплетирана е улицата ,,Страшо Пинџур''

Интензивно се работи на реконструкција на ул. ,,Шишка'' во делот од Булевар Видое Смилевски до Северен булевар.

Комплетно вадење на постечкиот асфалт, тротоари, рабници, и проширување со уште една коловозна лента, се изврши тампонирање, по што следува и асфалтирање во два слоја со нови тротоари, дрворед и осветлување, со вкупна должина од 450 метри и површина од 4000м2. Инвестиција на општина Кавадарци во висина од 10.974.000 денари, додека изведувач на проектот е фирмата Ескаватори од Скопје.

Кавадарци за сите!

Комплетно асфалтирана е улица ,,Страшо Пинџур''

Асфалтирање на улица ,,Страшо Пинџур’’ која се категоризира како регионален пат, со што ќе се заокружи реконструкцијата на истиот. Инвеститор е Македонија пат со поддршка на Јавното претпријатие за државни патишта на Македонија.

Кавадарци за сите!, објави на Фб градоначалникот Митко Јанчев.

Зибери: Во многу институции при вработувањето сѐ уште има дискриминација по етничка основа

Во многу институции при вработувањето се уште има дискриминација по етничка основа, констатирал народниот правобранител, Насер Зибери.

Во многу институции при вработувањето се уште има дискриминација по етничка основа, констатирал народниот правобранител, Насер Зибери согласно посебниот извештај за 2023 година, кој се однесува на следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност во јавниот сектор.

Извештајот покажал дека бројот на институции се зголемува, а бројот на вработени во јавната администрација се намалува. Во годинава што изминува се отвориле 10 нови институции и нивниот број сега изнесува 1335., а бројот на вработените во јавната администрација се намалил за речиси 2.500 лица.

Народниот правобранител исто така упати апел кон институциите – да го почитуваат правото на правична застапеност, како основен уставен постулат, без оглед на укинувањето на алатката Балансер.

Зибери верува дека во најбрз можен рок ќе се донесе ново законско решение притоа запазувајќи ги принципите на стручност и компетентност, односно запазувајќи го мерит системот.

Народниот правобранител исто така имаше забелешки во однос на вработувањата по етничка застапеност во МАНУ, МЕПСО и ЈП . Тој кажа дека од 91 вработен во МАНУ, 90 се Македонци, а само еден Албанец и ниту еден од друга етничка заедница. Во МЕПСО и ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор етничката застапеност, како што кажа е крајно непочитувана и таа е под 10 отсто, односно само 6 отсто на албанската етничка заедница, а под 1 отсто турската етничка заедница.

Мицкоски: Ќе нема 13. плата за државната администрација, добиваат К-15

Целосно свесен за времето во кое живееме и фактот дека се бориме со последиците од минатото, на денешната седница Владата донесе одлуки .

Целосно свесен за времето во кое живееме и фактот дека се бориме со последиците од минатото, на денешната седница Владата донесе одлуки со кои:

Нема да растат платите на именуваните и избраните лица, судиите, членовите на судскиот совет, јавните обвинители и членовите на советот на јавните обвинители и истите преку интервенција во коефициентите за пресметка на платите се замрзнуваат.

Нема да има исплата на 13та плата во сите органи на државната управа и средствата ќе се пренасочат за развојни проекти.

Започнува исплатата на К15 за сите вработени во целата администрација.

Македонија ќе биде пристојно место за живеење, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

притисни ентер