МакедонијаСостанок на ЗЕЛССостанок на ЗЕЛС за иницијативата центрите за социјална работа да преминат под надлежност на локалната самоуправаСостанок посветен на разгледување на можностите за децентрализација на социјалните услуги се одржал денеска во просториите на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Се дискутирало за иницијативата центрите за социјална работа да преминат под надлежност на локалната самоуправа. Овој чекор, според ЗЕЛС, се гледа како клучен во насока на подобрување на пристапот и квалитетот на социјалните услуги, како и за зајакнување на координацијата меѓу локалните и централните институции. Општина Кисела Вода информира дека со пренесувањето на надлежноста, општините би добиле поголема улога во управувањето со центрите за социјална работа, кои и понатаму би функционирале во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Тоа би овозможило поконкретен и поефикасен пристап во грижата за граѓаните, особено за ранливите категории. -Секако дека треба да се одбере модел кој е проверен и базиран врз регионалното искуство. Децентрализацијата на социјалните услуги значи поголема достапност за граѓаните, побрза реакција на институциите и креирање функционален систем кој ќе одговара на реалните потреби на локалното население. Локалната самоуправа е најблиску до граѓаните – затоа таа треба да има клучна улога во грижата за нив, изјави претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. На состанокот, покрај Ѓорѓиевски, присуствувале и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, кој воедно е и претседател на Комисијата за социјални прашања при ЗЕЛС, како и други градоначалници и претставници на локалната самоуправа.Тагови: ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривични пријави за два слуачи поврзани со силување децаПолицијата поднесе кривични пријави за два случаи во кои биле силувани деца.. Едниот случај се случил во февруари 2026 година, а другиот во јули 2025 година.„СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Во февруари 2026 година, пријавениот извршил полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата. Втората пријава е поднесена протов двајца сторители. „СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(47) и А.Т.(62) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Во јули 2025 година, пријавените извршиле полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаАХВ заловила 96 грла добиток во Крива Паланка, акцијата ја попречуваат сопственицитеИма ли решение за кравите кои слободно шетаа низ Крива Паланка, а по кои станавме светски познати. Агенцијата за храна и ветеринарство досега заловила 96 грла крупен добиток во Крива Паланка, но акцијата се соочува со сериозни пречки. Од АХВ велат дека екипите имаат проблеми со непристапниот терен и опструкциите од поранешните сопственици. Институцијата, во координација со надлежните органи и локалната самоуправа, работи на одржливо решение за проблемот. Во меѓувреме, случајот предизвика политички препукувања меѓу градоначалникот Сашко Митовски и локалната ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата бараат вонредна седница на советот и акциски план за решавање на проблемот. Обвини градоначалникот го обвинуваат дека избегнува одговорност, додека Митовски возврати дека ахв веќе донела решенија за одземање на добитокот, кои не се спроведуваат. Градоначалникот претходно побара од владата да му додели законски овластувања за самостојно координирање на акцијата, како и прогласување 30-дневна кризна состојба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
СветТрамп, Путин и Си Џинпинг на историска трилатерална средба во КинаАмериканскиот претседател Доналд Трамп се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Самитот на АПЕК во кинескиот град Шенжен.Пред средбата, Трамп изјави дека од разговорите можат да произлезат „прекрасни работи“. Тој претходно имал и краток разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, во кој, меѓу другото, станало збор за директорот на „Нвидија“, Јенсен Хуанг нарекувајќи го неговото отстранување од компанијата „вистинска трагедија“ - Хуанг призна дека имал афера со жена која е обвинета дека шпиунира за Кина. Подоцна е предвидена и заедничка тристрана средба на Трамп, Путин и Си Џинпинг, прва од ваков формат меѓу лидерите на трите земји. На дневен ред се очекува да бидат војните во Украина и Иран, нуклеарното оружје, трговските тензии и развојот на вештачката интелигенција. Јавноста е загрижена, особено во Европа, дека трилатералната средба меѓу Си, Трамп и Путин ќе биде одраз на конференцијата на Јалта одржана во 1945 година, кога Втората светска војна се ближеше кон крајот,пишува Би Би Си.Таа конференција беше жестоко критикувана за одлуките што ја обликуваа иднината на помалите нации без нивно учество.Украинскиот претседателот Зеленски изрази стравувања дека состанокот би можел да доведе до договор за Украина без учество на Киев.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook