СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа
1СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа
Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
1Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
МакедонијаСостанок на Националниот комитет за борба против насилен екстремизам и тероризамУдарна игла“ против екстремизмот и тероризмот е функционална држава, во спротивно земјите стануваат лесна цел за ваквите појави.„Ударна игла“ против екстремизмот и тероризмот е функционална држава, во спротивно земјите стануваат лесна цел за ваквите појави - е заклучокот кој произлезе од денешната седница на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам. Последните бројки од Стејт Департментот регистрираат 143 граѓани од земјава кои заминале да се борат за ИСИС и Ал Каеда на Блискиот Исток, а добар дел од нив се повратници, заедно со своите идеали... Тие се во процес на реинтерација, а според премиерот Христијан Мицкоски, клучно е раното препознавање на тероризмот и екстремизмот, кое е возможно само преку силни и некорумпирани институции, кои според него веќе се ослободуваат од заробеноста на „моќниците“, што вели е нотирано и од меѓународната заедница.. -Кога ја презедовме одговорноста да ја водиме државата најдовме институции заглавени во мрежа од злоупотреби, клиентелизам и системска корупција. Корупцијата не беше појава, туку беше правило. Правдата беше селективна, Владата беше сервис на моќни интереси, а не на граѓаните. Тоа беше сликата што ја наследивме. По години на институционален мрак, извештајот на ГРЕКО, кој вчера беше објавен, е сигнал дека Македонија се движи напред кон систем што функционира. ГРЕКО потврди, Македонија ја напушти ерата на селективна правда и политичка недопирливост,- – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада. Националниот кординатор на комитетот, Павле Трајанов уверува дека Македонија е безбедна држава со ниско ниво на терористички закани, а така вели, ќе остане само со сериозен општествен, институционален, но и политички пристап... -Во Македонија радикализацијата се одвива на идеолошка и верска основа, но постои лев и десен радикализам, но, што е многу побитно, присутен е и етнонационализамот кои на еден или друг начин политичките партии го поттикнуваат. Вкупните состојби, мирот, стабилноста и безбедноста пред се зависат од функционалноста на државата и политиките кои се спроведуваат,- Павле Трајанов – Кординатор на Националниот комитет за насилен екстремизам и борба против тероризам. Инаку, последен поголем случај во контратероризмот беше оној каде полицијата уапси 21 – годишен Гостиварец кој, според надлежните, формирал терористичка ќелија регрутирајќи лица од земјава и странство, со цел да изведуваат напади врз цивилни и јавни објекти. Покрај него, беа уапсени уште три лица од струга... Претходно, во 2020 година, полицијата уапси и тројца кумановци, на кои им беа пронајдени оружје, воена опрема и елеци самоубиствени напади, а кои според информациите исто така биле припадници на Исис.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
ЗдравјеМЗ: Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со вакцина БСЖВо однос на информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, веднаш заседаваше Комисијата за имунизација во рамки на Министерството за здравство. Имајќи предвид дека станува збор за ист производител, веднаш е контактирана Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и се побарани информации за сериите на вакцини што се користат во нашата држава. Потенцираме дека имунизацијата со оваа вакцина во нашата држава е задолжителна имајќи предвид дека земјата е со висок ризик од туберкулоза. Во моментот, на Институтот за ТБЦ има 95 пациенти со туберкулоза од кои 83 се од годинава, а во Детската болница Козле во 2025 се евидентирани 15 случаи, а во 2026 се евидентирани 12 нови случаи. Врз основа на наведеното, Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со оваа вакцина до добивање комплетни информации во однос на сериите, нивниот квалитет и асоцираноста со појавата на несакани реакции. Воедно, потенцираме дека во изминатите десет години до МАЛМЕД е пристигната само една пријава за сомнеж на несакана реакција од БСЖ вакцина (во август 2022 година), која се однесувала на појава на апцес на местото на апликација на вакцината, што како реакција е опишано во упатството за употреба на вакцината,стои во соопштението од Министерсвото за здравство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Се соблече „српската Шакира“ „Српската Шакира“ се соблече во супер минијатурни бикини.Раперката Диа Костиќ важи за една од дамите со најатрактивна фигура насрпската јавна сцена, а сега се појавија и жешки фотографии од нејзиниот одмор. Атрактивната русокоса на фотките позира на тераса во минијатурно бикини со интересен дезен, истакнувајќи ја својата извајана фигура во прв план. Посебно внимание кај фановите предизвикал нејзиниот раскошен задникот, како и тесниот струк и долгите нозе. Диа позира пред луксузниот хотелски комплекс и базенот, а нејзиниот изглед дефинитивно не помина незабележано. Во опуштено издание, со брановидна руса коса и минимален накит, Костиќ уште еднаш покажа зошто привлекува големо внимание каде и да се појави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од ЕвропаАрамијата денеска седнува на извештај што сам не би го нарачал. „Македонија: излез од стапицата на среден доход“. Светска банка не му честита. Му вели дека земјата со години стои во истата категорија. БДП по жител е околу една третина од просекот на Европската Унија. Не трета економија. Третина од стандардот. Новите работни места се во ниска продуктивност и ниска плата. Дијаспората е над половина милион. Што ќе црта сега? Бајката „трети во Европа“, пропадна. Најбрз раст, падна. Пензии 16 пати повеке, падна. Фон дер Лајен му ја зеде лагата за идентитетот. Македонскиот јазик и културата се заштитени. Преспанскиот договор го нарече самиот ремек-дело. Сиљановска потврди дека идентитетот е заштитен. Тоа го зачува претходната влада. Не тој. Нема сега каде да бега. Веќе призна дека во буџетот фали милијарда евра. Потпиша нови 1,3 милијарди евра за нови долгови. За две години ги задолжи граѓаните за 4 милијарди евра. Повеќе од половина од долгот од независноста. Сега му треба алиби за избори. Не реформи. Излез. Затоа дефокус. Руска партија на далечински. Платформа за 1,6 милиони. Гета замина со 5,53 милиони народни. Нема друга бина. Мора да се обвини претходната влада. Народот не вели за џабе: лагите имаат кратки нозе. И кој лаже, тој и краде. Затоа бега од ЕУ. Затоа што бега од европско обвинителство и од Лаура Ковеши. Затоа се кара со Бугарија пред да се седне на разговор. Арамијата разговара. Не преговара. Изолацијата му одговара. Таа му носи слобода и луксуз. А авионот? Останаа ли пари во буџетот, или и тој ќе се црта на табла, да ни објасни како го болат колената од клечење. Нема бегање. Таблата е празна. Касата е празна. Време е арамијата да им положи сметка на граѓаните - за нивните пари и нивните интереси. Скопје, 06.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08