Состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства меѓу Македонија и Хрватска - Канал 5

Состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства меѓу Македонија и Хрватска

Отворена и конструктивна дискусија, размена на информации за актуелната состојба и за предизвиците со кои се соочуваат македонското малцинство во Хрватска и хрватското во Македонија.

Состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства меѓу Македонија и Хрватска

Отворена и конструктивна дискусија, размена на информации за актуелната состојба и за предизвиците со кои се соочуваат македонското малцинство во Хрватска и хрватското во Македонија, како и формулирање конкретни препораки кои ќе овозможат натамошен напредок се очекува од одржувањето на Седмиот состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства помеѓу Република Македонија и Република Хрватска.

-Секој ваков состанок е можност да ги зајакнеме односите меѓу двете земји, можност да покажеме дека дијалогот функционира и можност да додадеме дополнителен импулс на нашата заедничка европска иднина. Ние сме две пријателски земји со долга традиција на соработка. Денешниот состанок е уште една потврда за таа соработка. Соработка која се гради на взаемно почитување, на заеднички вредности и на искрена желба за напредок, изјави пред почетокот на средбата заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски.

Тој додаде дека за нас мултиетничноста е дел од нашиот идентитет и оти ние сме општество изградено врз принципите на соживот, толеранција и почитување на различностите.

-Грижата за националните малцинства и кај нас и во странство е наша стратешка определба. Ова е особено значајно во контекст на нашата европска агенда. Процесот на пристапување кон Европската унија не е само економски или политички проект. Тоа е прашање на вредности, а почитувањето на малцинските права е еден од клучните индикатори за владеење на правото, за демократскиот капацитет и за институционалната подготвеност на државата. Таа покажува како европските стандарди се применуваат во пракса, не преку декларации, туку преку конкретен дијалог, партнерство и реципрочен пристап. Ова е модел кој може да послужи како пример и за други билатерални односи во регионот, истакна Димитровски.

Тој изрази благодарност до Република Хрватска за досегашниот третман на македонското национално малцинство.

-Хрватска обезбедува поддршка во образованието за нашето малцинство, од изучување на мајчиниот јазик до пристап до образовни ресурси. Постои институционална отвореност кон потребите на заедницата. Македонското малцинство има медиумска застапеност и можности за културна афирмација. Овие политики се во целосна согласност со европските стандарди и заслужуваат високо признание. Хрватска за нас не е само сосед и партнер. Таа е земја членка на Европската унија, која покажува како членството се рефлектира на внатрешните политики, особено во сферата на човековите и малцинските права. За нас тоа е важен извор на искуства и добри практики, од кои учиме и кои сакаме да ги применуваме. Но, партнерството е двонасочна улица. Затоа сакам јасно да нагласам ние сме цврсто определени кон реципроцитет, рече заменик-министерот.

Додаде дека нашата политичка волја е недвосмислена и оти ни сме посветени на континуирано унапредување на положбата на хрватското национално малцинство во нашата земја. Тоа, според него, значи подобрување на институционалната поддршка, зајакнување на образовните можности, поддршка на културните активности и зачувување на идентитетот, обезбедување медиумска застапеност и видливост на заедницата.

Државниот секретар во Средишниот државен уред за Хрватите надвор од Република Хрватска, Звонко Милас, кој заедно со Димитровски е копретседавач со состанокот, истакна дека според него, најважно е да се продолжи со одржување на континуитетот во одржувањето седници во изминатите осум години во одржувањето седници.

Тоа, рече, ја покажува насоката на владите на двете земји дека сакаат да ја промовираат, подобрат заштитата на малцинствата, и на македонското во Република Хрватска и хрватсото во Република Македонија, но и да ја прошират билатералната соработка.

-Сигурен сум дека препораките што ги дадовме на последната сесија во Загреб и ги испративме до владите, но исто така верувам дека денес, кои ќе ги дадеме и ќе ги договориме на седмата сесија, ќе придонесат за уште подобар и повисок квалитет на живот и негување на сите оние вредности што нашите луѓе, кои нашите сонародници ги чувствуваат неопходни за да можат да живеат, ги чувствуваат како да припаѓаат на народот на кој припаѓаат, без оглед на земјите во кои живеат. Сакам со гордост да истакнам дека Република Хрватска навистина го држи македонското малцинство високо заштитено во контекст на правата на малцинствата. Тоа им е гарантирано со Уставот и верувам дека еден ден ќе ги видиме и Хрватите во Македонија, и дека тоа е така, верувам преку изјавите на највисоките македонски функционери и преку позитивниот напредок во изминатите неколку години, рече Милас пред состанокот.

Сигурен сум, додаде тој, дека ќе работиме заедно за да обезбедиме и Хрватите да добијат сè што им е потребно за да бидат правилно дефинирани како национално малцинство и сигурен сум дека ова ќе се реши за време на првото отворање на Уставот во Република Македонија.

Тој се заблагодари на македонските власти за обезбедувањето простор, односно најважното нешто, за да можат Хрватите да спроведуваат активности што ќе можат да го негуваат зачувувањето и развојот на културното наследство и учењето на јазикот, односно хрватскиот идентитет.

-Средишниот државен уред за Хрватите надвор од Република Хрватска ќе продолжи да биде, како и другите институции на Република Хрватска, во поддршка на Хрватите во Македонија. Нашата работа ќе биде фокусирана на проекти, на програми што ќе им овозможат да зачуваат и развиваат уште подобро и уште посилно сè што им припаѓа според вредностите што му припаѓаат на хрватскиот народ. Ќе бидеме фокусирани на работа со деца, со млади луѓе, бидејќи сè што сакаме, сакаме тие да се поврзат со својата матична татковина. Сакаме да развијат чувство на припадност кон хрватскиот народ, со тоа да го научат јазикот, да ја отворат во себе потребата да дојдат во Хрватска, да видат каква е татковината на нивните мајки и татковци, на нивните баби и дедовци. И сигурен сум дека тука ќе наидеме на пријателска соработка на нашите пријатели од Македонија, владата и сите оние кои ќе можат да придонесат за припадниците на македонското малцинство во Хрватска, односно Хрватското во Македонија, да може да живеат живот како лојални граѓани на земјите во кои живеат, но во исто време да имаат сè што им е важно за да го негуваат сопственото чувство на припадност кон народот на кој му припаѓаат, рече Милас.

Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства помеѓу Република Македонија и Република Хрватска е формирана врз основа на спогодбата потпишана во 2007 година во Сплит. Повеќе од една деценија претставува стабилен и функционален механизам за дијалог меѓу двете пријателски држави. Таа е доказ дека билатералната соработка може да биде конструктивна, партнерска и насочена кон конкретни резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 11. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 11. ноември 2026 година.

Дневен хороскоп за 11. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе се прашувате колку дена се потебни за другите да ве разберат во целост.Потрудете се појасно да се изразувате , па се ќе дојде на свое место.

Кариера

Вашата фантазија и креативноста ќе дојдат денеска до израз без оглед што и да работите. Тоа ќе биде долгорочно дело.

Здравје и совет

Одморете си ги нозете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот стил на додоворување ќе и биде симпатичен на другата страна, но во исто време таа ќе биде доста чувствителна и нема да ви ги открие сите детали.

Кариера

Ќе бидете во ситуација некој да ви каже да си ја гледате работата или спонтано истото ќе си го кажете самите на себе.

Здравје и совет

Посветете му се на вашето хоби.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Пред вас е искушение да се согласите на некои отстапки кон саканата личност , кои не ви се допаѓаат.Најдете компромис.

Кариера

Во соработката со млади колеги и натаму постои нејаснотии , што треба да се расчистат , но чекате да стигнат сите информации.

Здравје и совет

Прифатете ги другите какви што се.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Меѓу работата и љубовта ќе ги изберете и двете. Денеска е таков денот , па ќе успеете да ги споите. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место.

Кариера

Некој од колегите би можел да ви ги каже своите грижи или тајни. Ќе бидете слушател за пофалба.

Здравје и совет

Радувајте се .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ви претстои забава или дружење со доста пиење и слично. Внимавајте да не побарате утеха во пиењето поради љубовната суша.

Кариера

На работа се ќе се одвива површно без позначајни достигнувања. Денот ќе ви прелета и ќе се прашувате што е сработено.

Здравје и совет

Будете поумерени.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе настојувате во односот со саканата личност да внесете повеќе лежерност и сништа. Сепак , не зборувајте многу , туку делувајте.

Кариера

Сигурно е дека ништо не е сигурно. Би можеле малку да се изнервирате , зашто работите не се дефинирани.

Здравје и совет

Однесувајте се природно.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Во љубовните работи ќе бидете нереални. Ќе гледате нешто што во реалноста не постои. Затоа држете се до реалноста.

Кариера

Ќе ви се чини како обрачот околу вас да се стега и притисоците ќе ги забележувате.Ќе избегате во својот свет на сништата.

Здравје и совет

Соочете се со светот на реалноста, тоа е здраво.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Некои би можеле да се заљубат и навистина да уживаат во денешниот ден. Оние кои се во врска , ќе бидат многу среќни.

Кариера

На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично и разгледувајте ги полека.

Здравје и совет

Ќе ви се спие.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето , па нема да бидете целосно реални. Ќе почнете да се отуѓувате со саканата личност.

Кариера

Уште очекувате да добиете еден одговор , што би можел да ви ја отвори вратата за соработка кон странство.

Здравје и совет

Поработете на флексибилноста на телото.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Постои можност за подобра соработка меѓу вас и другата страна , но треба да бидете поотворени.

Кариера

Ќе поработите на сопствената независност во работењето , а тоа ќе ве доведе до откритието дека можете подобро и повеќе.

Здравје и совет

Повеќе живејте во сегашноста.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некои целосно ќе му се препуштат на светот на фантазијата , за да се оттргнат од љубовната реалност. Сепак , нека не претеруваат.

Кариера

Други ќе ви излегуваат во пресрет и ќе бидат љубезни кон вас , но длабоко во душата ќе почувствубате дека не се искрени.

Здравје и совет

Држете се до фактите .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Особено е значајна емотивноста со која зрачите. Саканата личност ќе ве прифати , ќе ве теши и ќе понежна кон вас.

Кариера

Оние кои се занимаваат со креативна или уметничка работа , денеска ќе имаат посебна инспирација.

Здравје и совет

Чувајте се од провев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Богдан Илиевски и Иво Рангеловиќ во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Богдан Илиевски и Иво Рангеловиќ

Богдан Илиевски и Иво Рангеловиќ во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цвеќе, вечера, внимание... Дали женските критериуми се навистина превисоки?

Според „Вајс“ (Vice), мажите сè почесто им порачуваат на жените дека нивните критериуми за врска се прев

Цвеќе, вечера, внимание... Дали женските критериуми се навистина превисоки?

исоки. Купувањето цвеќе, плаќањето вечера или романтичните гестови некои мажи ги сметаат за материјализам и претерани очекувања.

Ваквите коментари го отвораат прашањето: зошто од жените се очекува да се задоволат со минимум, додека вложувањето труд и внимание во врската се третираа како нешто посебно?

Зошто желбите на жените често се етикетираат како „претерани“?

Поради своите очекувања во врските, жените често се опишуваат како „нереални“, „пребирливи“ или дека „премногу бараат“. Сепак, јасното изразување на сопствената желба и очекувањето почит од партнерот не би требало да бидат основа за осуда. Секој има право да постави свои критериуми и сосема е разумно да се очекува партнерот преку своите постапки да покаже дека жената му е важна.

Жените при запознавање и излегување често се соочуваат со одредени ризици кои ги надминуваат оние со кои се соочуваат мажите. Затоа, важно е и другата страна да покаже труд и подготвеност да вложи во врската. Мажот кој не се труди да остави добар впечаток, тешко може да очекува да разбуди интерес кај жената.

Сè почести се и дискусиите за тоа колку еден маж треба да вложи во една врска. Некои мажи дури и ја исмеваат самата идеја дека жените уживаат кога добиваат цвеќе. Сепак, иако во некои западни земји ваквите гестови може да се сметаат за непотребен трошок, во словенските култури подарувањето букет и покажувањето внимание кон партнерката често се смета за стандарден дел од додворувањето.

Од друга страна, некои мажи дури и скромните очекувања ги етикетираат како „материјализам“. Притоа, често забораваат дека вредноста на подарокот не е секогаш најважна, туку намерата што стои зад него. Во една врска, двете страни треба да се трудат да покажат грижа, внимание и подготвеност за заемно вложување. Затоа, мажите не треба да очекуваат дека се изземени од ваквите очекувања.

Треба ли мажот да ја плати вечерата?

Трендот на средби без обврска и краткотрајни врски го промени начинот на кој многу луѓе денес пристапуваат кон запознавањето. Врските понекогаш се сфаќаат несериозно, а луѓето сè повеќе се доживуваат како лесно заменливи.

Прашањето дали мажот треба да ја плати сметката во ресторан и понатаму предизвикува поделени реакции. Иако двете страни би требало, во најмала рака, да понудат да го платат својот дел, јавното изразување незадоволство поради трошоците за средбата, особено кога мажот бил тој што ја поканил жената на вечера, остава впечаток дека тој е скржавец. Ако некој смета дека жената со која излегол не вреди колку една вечера, можеби би било подобро воопшто да не излегува со неа. Бидејќи ја потценува вредноста на нејзиното време, а ја преценува вредноста на вечерата.

Притоа, често се заборава дека и жените вложуваат време и пари во подготовките пред излегување, од облека и шминка до фризури и други детали. Особено е проблематично кога од жените се очекува подеднакво финансиски да придонесуваат во врската и да останат емоционално стабилни и независни, додека се занемарува трудот што мажите би требало да го вложат во врската.

Некои мажи тврдат дека врската не треба да биде трансакциска, но нивните постапки понекогаш укажуваат на сосема спротивното: тие очекуваат нивната партнерка да им пружи внимание, грижа и поддршка, додека самите не се подготвени да возвратат на ист начин.

Германскиот писател Јохан Волфганг фон Гете понудил интересна перспектива за љубовта: „Девојките ги сакаме поради тоа што се, а момчињата поради ветувањето што би станале“.

Наместо да прашуваат што жените носат во врската или колку се подготвени да придонесат за заеднички живот, мажите би требало да се фокусираат на личноста покрај себе. Личноста со карактер, некоја на која искрено и значи партнерот, ќе најде начин да го збогати неговиот живот.

Освен тоа, ниеден однос не може да функционира без заемна зависност и поддршка еден на друг. Ниту една личност не може да живее сосема одвоена од другите луѓе.

Зошто некои мажи веруваат дека жените имаат превисоки стандарди?

Ако не се претпазливи, жените можат да се најдат во врска во која другата личност го искористува нивното внимание, време и труд. Не се ретки примерите кога жените по целодневна работа доаѓаат дома и ги преземаат речиси сите домашни обврски, како и грижата за децата, а потоа слушаат како облеката што посакуваат да ја купат е прескапа.

Во такви ситуации, концептот за рамноправност понекогаш се користи како оправдување за себичноста. Некои мажи се повикуваат на еднаквоста за да ѝ порачаат на својата партнерка дека не треба да очекува ништо посебно од нив, истовремено земајќи го здраво за готово она што таа им го дава.

Слични форми на манипулација се појавуваат и во дискусиите за феминизмот. Некои се претставуваат како заговорници на еднаквоста, а истовремено ги занемаруваат проблемите што директно влијаат на женското здравје и на квалитетот на живот на жените. Ендометриозата, на пример, е состојба на која сè уште не ѝ се посветува доволно внимание, но сериозно влијае врз секојдневието на оние жени што заболуваат од неа.

Затоа расправата за „превисоките стандарди“ на жените не треба да се сведува на прашањето кој ќе ја плати вечерата, туку фокусот треба да биде ставен на почитта, заемноста и подготвеноста двете страни да вложат во односот. Да се очекува труд и внимание не е исто што и да се бара од партнерот да го задоволи секое барање.

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер