Состанок на Кипар за електричното поврзување со Грција - Канал 5

Состанок на Кипар за електричното поврзување со Грција

Герапетритис ја истакнува важноста на проектот.

Состанок на Кипар за електричното поврзување со Грција

Електричното поврзување Грција – Кипар е од голема важност и од заеднички интерес за Европската Унија, која делумно го финансираше проектот, истакна шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис одговарајќи на пратеничко прашање, додека пак во Никозија, кипарскиот претседател Никос Христодулидис за денеска свика состанок за конкретниот проект, јави дописничката на МИА од Атина.

Проектот „Great Sea interconnector“ во висина од околу два милијарди евра предвидува поврзување на Кипар со Европа преку Грција, а електричниот кабел да се прошири и до Израел со ќе биде најдолгиот подморски кабел во светот во вкупна должина 1.208 километри.

За денешниот состанок што Христодулидис го свика во Претседателската палата, кипарските медиуми коментираат дека е од клучно значење за проектот, а позитивниот исход ќе донесе укинување на енергетската изолација на Кипар, ќе стави крај на загриженоста што секоја година се изразува за капацитетите за снабдување на пазарот со електрична енергија, а се очекува и да ги избалансира високите тарифи за струја.

Никозија, според истите информации изразува загриженост и за економскиот и за геополитичкиот ризик.

Од друга страна, Атина акцентот го става на важноста проектот да биде економски одржлив, а министерот за надворешни работи на Грција од Парламентот посочи дека намерата на грчката влада е да продолжи и да заврши проектот, но и дека сметаат дека „продолжувањето на проектот не може да биде спречен од никаков геополитички ризик“.

-Електричната интерконекција Грција-Кипар е проект што е од голема важност, бидејќи ја отстранува енергетската изолација на Кипар, бидејќи всушност ќе донесе многу големо олеснување на кипарските граѓани во однос на цените на струјата. Ова е јасно за сите. Според нас, не постои и сметаме дека нема да има проблем во однос на она што се нарекува геополитички ризик. Сакам да бидам јасен. Истражувањето, како и поставувањето на електричен кабел, се дозволени и апсолутно гарантирани со меѓународното право, истакна Герапетритис

На крајот на јули годинава имаше мини тензија во Егејското море откако Турција испрати воени бродови вон грчките територијални води кај островот Касос, поради истражувањата на италијанскиот брод „Ievoli Relume“ за поставување на подводниот кабел за електрична интерконекција меѓу Крит и Кипар, по што Грција одговори со распоредување на бродови од воената морнарица и крајбрежната служба./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре облачно и постудено време со температура до 18 степени- разведрување за викендот

Утре времето ќе биде променливо облачно и постудено, информира УХМР.

Утре облачно и постудено време со температура до 18 степени- разведрување за викендот

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

4 Попова Шапка, 5 Крушево, Маврови Анови, 9 Берово, Прилеп, 10 Претор, Крива Паланка, Битола, 11 Охрид, 12 Тетово, Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Штип, 13 Демир Капија, Струмица, Велес, Скопје Петровец, 15 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

8 Кавадарци, 6 Берово, Прилеп, 5 Битола, Демир Капија, 4 Виница, 3 Штип, Гевгелија, Претор, Охрид, 2 Велес, Крушево, 1 Маврови Анови, Крива Паланка.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно и посвежо. Наместа имаше повремени локални врнежи од дожд. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Денес и во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h. За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Итно се повлекуваат возила на Форд- причината е ризик од пожар

Патничкото возило Ford, Transit Custom, Tourneo Custom е предмет на отповикување поради идентификуван ризик за потрошувачите.

Итно се повлекуваат возила на Форд- причината е ризик од пожар

Повлекувањето се однесува на Transit Custom, Tourneo Custom модел или модели, а видот на ризик е: Ризик од пожар.

Овој случај е заведен под отповикување број 130/2026, од 13.10.2026 година. Категоријата на случај е отповикување на производи за потрошувачи.

На потрошувачите кои го поседуваат овој производ им се препорачува да проверат дали нивната копија е покриена со повлекувањето и да ги следат упатствата на производителот, дистрибутерот на Форд или надлежните органи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива

Министерството за внатрешни работи распиша потерница по Михаилова Ива (23) од Кочани, од татко Симеон и мајка Христина двајцата од Кочани. 

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива

Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од Кривичниот законик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер