Сосетка на Писториус прво слушнала женски врисоци, а потоа пукање! - Канал 5

Сосетка на Писториус прво слушнала женски врисоци, а потоа пукање!

На почетокот на судењето на Оскар Писториус за убиството на неговата девојка Рива Стенкамп лани на Валентајн, се слушна сведочење кое не одговара со верзијата на Писториус - дека пукал мислејќи дека има натрапник во неговиот дом!

Сосетка на Писториус прво слушнала женски врисоци, а потоа пукање!
Мишел Бургер беше првиот сведок, и сведочеше веднаш откако Параолимпиецот се изјасни за невин за убиството на неговата девојка.

Бургер, која живее во соседството на Писториус, рече дека слушнала женски врисоци кои претходеле на 4 испукани истрели, во 3 часот ноќта кога Рива Стенкамп беше убиена.

- Мене и сопругот не разбуди женски врисок. Се уште седев на креветот кога ги слушнав врисоците. Таа викаше силно и бараше помош - рекла Мишел во судницата.

- Потоа слушнав и маж како викаше помош. Тој викна 3 пати. Но, по врисоците на жената се слушнаа 4 истрели - бенг, бенг, бенг, бенг...

- Не ми е јасно како јас можев да ја слушнам жената како вика, а Писториус тоа не го чул. Тоа не го разбирам - вели Мишел.

- Настаните таа вечер беа многу трауматични за мене. Стравот во гласот на жената не можам да го опишам!

На денешното судење Писториус за прв пат се најде во иста просторија со мајката на Рива Стенкамп. Џун Стенкап вели дека е подготвена да му прости, без оглед што ќе биде пресудата. Но, сака точно да знае што се случило таа кобна вечер. Таа претходно изјави дека би сакала Оскар да ја погледне директно во очи, но минувајќи покрај неа денеска тој тоа не го стори - пишува Дејли меил.

Emotional: June Steenkamp (left) shows the strain of her very first encounter with Pistorius as she waits for the start of his trial. She says she will be ready to forgive him whatever verdict is handed down


Писториус на почетокот на судењето негираше дека имал намера да ја убие Рива, остана на своето тврдење дека пукал бидејќи мислел дека натрапник влегол во неговата куќа, и демантираше дека тој и Рива се карале.

- Тоа остро го демнатирам бидејќи немаше никаква кавга. Обвинувањата дека сум сакал да ја убијам Рива не можат да бидат подалеку од вистината!

Обвинителството го товари Писториус за убиство со предумисла.

Доколку биде обвинет, тие ќе ја бараат најстрогата казна а тоа е доживотен затвор. Во тој случај ќе помине задолжителни 25 години в затвор, пред да добие можност за помилување. Доколку биде осуден за убиство без предумисла, казната ќе биде помала. На епилогот од судењето со нетрпение чека семејството на убиената манекенка.

- Се што сакаме е завршница на случајот која ќе не убеди дека нашата ќерка не страдала на тој трагичен Ден на вљубените - изјавија родителите на Рива Стенкамп на годишнината од убиството на нивната ќерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија

Од редовна обука во вистинска спасувачка акција: Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија.

Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија

Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС) успешно реализираа сложена спасувачка акција за евакуација на тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија.

За време на изведувањето на редовна напредна обука за планински операции, припадниците на БСС беа алармирани за несреќа што се случила во непосредна близина, при која цивилно лице – алпинист, во текот на качувањето по карпи, паднало на исклучително стрмен и непристапен терен, при што се здобило со тешки телесни повреди.

Веднаш по добивањето на информацијата, припадниците на специјалните сили пристапиле кон организирање и спроведување на спасувачката акција. На повреденото лице му била укажана прва медицинска помош на местото на несреќата, по што, со употреба на специјализирана алпинистичка и спасувачка опрема, било извршено безбедно извлекување од непристапниот терен и транспорт преку реката.

По успешно извлекување до пристапна точка, повредениот алпинист бил предаден на екипите на Итната медицинска помош за понатамошно згрижување и лекување.

Оваа успешна интервенција уште еднаш ја потврдува високата обученост, професионалноста, подготвеноста и способноста на припадниците на Баталјонот на специјални сили за дејствување во сложени и ризични услови. Воедно, таа е потврда за нивната пожртвуваност, решителност и подготвеност за ангажирање во најпредизвикувачки ситуации, во служба на граѓаните и заштита на човечките животи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќај по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини.

Сообраќај по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Возачите се предупредуваат на зголемена внимателност на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ потсетуваат дека веќе една недела, поточно од 15 ноември возачите имаат законската обврска во возилата задолжително да имаат зимска опрема, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе важи до 15 март наредната година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до 19 степени

Според УХМР времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. 

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до 19 степени

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

-3 Берово, -1 Лазарополе, Битола, 0 Попова Шапка, Струмица, Скопје – Петровец, 1 Демир Капија, Крива Паланка, Тетово, Маврови Анови, 2 Прилеп, Штип, Велес, Охрид, Крушево, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 4 Виница, Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

6 Маврови Анови, 5 Охрид, 4 Попова Шапка, Прилеп, 3 Крушево, Лазарополе, 2 Битола, Струмица, Претор, Берово, 1 Пожаране, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а попладне наместа повремено засилен со силен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер