Сосема гол маж се шета низ улица во Белград и запира автомобили- сите шокирани (ФОТО) - Канал 5

Сосема гол маж се шета низ улица во Белград и запира автомобили- сите шокирани (ФОТО)

На социјалните мрежи се појави фотографија од гол маж, наводно направена синоќа на белградските улици.

Сосема гол маж се шета низ улица во Белград и запира автомобили- сите шокирани (ФОТО)

На него можете да се види маж кој е целосно гол, пренесува страницата на Инстаграм Мој Београд, пренесе Телеграф.

Оваа необична сцена е снимена на белградското пристаниште.

„Пристаниште во Белград синоќа, еден дечко шеташе гол и запираше автомобили“, стои во описот на фотографијата.

Фотографијата предизвика големо внимание на социјалните мрежи.

„Па, му било жешко“, „Можеби жена му го исфрлила од дома“, „Петок е“, се само дел од коментарите под фотографијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови цени на бензините, Еуросупер 95, 100,5 , а 98- цата 102,5 денари

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 ден/литар.

Нови цени на бензините, Еуросупер 95, 100,5 , а 98- цата 102,5 денари

(1) Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 100,50 (денари/литар)

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 102,50 (денари/литар)

- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 99,00 (денари/литар)

- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 109,50 (денари/литар)

- Мазут М-1 НС - 48,243 (денари/килограм)

(2) Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките цени утврдени во став (1) од овој член. (3) Највисоките малопродажни цени формирани согласно со став (1) на овој член, освен цената за Мазутот М-1 НС, важат франко пумпна станица, а цената на Мазутот М-1 НС важи франко склад на трговец на големо со нафтени деривати и горива за транспорт во земјата. (4) Во највисоките малопродажни цени формирани согласно со овој член содржан е данокот на додадена вредност согласно Законот за данокот за додадена вредност.

Владата на РСМ на седница одржана на 13.09.2026 година донесе Одлука за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 214/26), со која е намален износот на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), во износ од 10% и истиот е применет во оваа Одлука. Исто така и во оваа предметна Одлука е продолжена примената на намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), согласно членот 92, став 11 од Законот за акцизи, а пресметани согласно средната дневна берзанска цена на Prem Unl 10ppm на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan, за периодот од 16-ти до 31-ви август 2026 година и средната дневна берзанска цена на 10 ppm ULSD на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan, за периодот од 16-ти до 31-ви август 2026 година. Имајќи ги предвид влијанијата на погоре наведените елементи во формирањето на цените на нафтените деривати согласно Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати, се зголемуваат во просек за 2,86%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 100,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 102,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 99,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 4,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 109,50 ден/лит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Каја Калас: Нападот на Русија врз возот е обид да се заплаши Европа

Рускиот напад со дрон врз воз во близина на украинско-полската граница беше изведен со цел да се заплашат и поделат Европејците, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро на Европскиот самит за Арктикот во Финска. 

Каја Калас: Нападот на Русија врз возот е обид да се заплаши Европа

Во неделата, руски дрон погоди патнички воз на границата меѓу Украина и Полска – земја-членка на НАТО – кратко откако поминал дипломатски воз во кој се наоѓале поранешниот британски премиер Борис Џонсон и други европски дипломати. Полскиот железнички оператор „ПКП Интерсити“ (PKP Intercity) соопшти дека возот, во кој патувале 206 патници, се движел од Киев кон Варшава.

Рускиот напад врз украинскиот воз имаше за цел да ги „заплаши“ сојузниците на Украина за да ја прекинат поддршката за Киев, оцени во понеделникот шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.

„Јасно е дека целта е да се заплашат западните земји за да ја прекинат поддршката за Украина и да се откажат од посетите за искажување поддршка“, изјави таа по пристигнувањето во Рованиеми, Финска, на самит за Арктикот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврдеше дека Москва „намерно“ го нападнала возот. „Сосема е можно рускиот дрон да имал за цел да го погоди дипломатскиот воз, кој ја напуштил станицата порано од планираното откако распоредот на возовите бил променет во реално време поради постојаните закани од руски напади“, соопштија Украинските железници на Телеграм во неделата.

И Москва и Киев ги засилија нападите со оружје со голем дострел во последните недели со цел да го свртат текот на војната во своја полза. Претходно во неделата, погоден бил и камион на помалку од еден километар од украинската граница со Полска, поради што граничниот премин Дорохуск-Јагодин привремено престанал да работи, соопшти граничната служба.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ја нападнало инфраструктурата што овозможува испорака на воена опрема од Европа кон западна Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

16 жртви во Ласкарци, укината пресуда.

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

14 жртви во Модуларната болница, нема обвинение. Случај Мазут, вреден 167 милиони евра, запрена истрага.

Ова не е случајност. Ова е правосудниот систем кој е поставен од СДС и ДУИ кој и денес ги штити нивните луѓе и интереси.

СДС и ДУИ ја загубија власта, но нивните судии и обвинители останаа последната линија на одбрана на системот што го создаваа со години.

Ислам Абази, Вилма Русковска, Добрила Кацарска и Африм Фидани се дел од малкумината судии и обвинители кои грчевито ги штитат од одговорност поранешните функционери на СДС и ДУИ.

Кога треба да одговара некој од нивниот круг, предметите се развлекуваат, истрагите се затвораат, а пресудите паѓаат.

Тоа е причината зошто граѓаните не му веруваат на правосудството.

Почитувани граѓани,

Од Ласкарци и Модуларната до случајот Мазут, истата правосудна мрежа ги штити истите политички структури.

Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ.

Времето на недопирливите мора да заврши. Одговорност мора да има за секого.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер