Соседните држави и годинава остануваат најпосакувана дестинација за македонските граѓани - Канал 5

Соседните држави и годинава остануваат најпосакувана дестинација за македонските граѓани

Грција, Албанија, Турција и годинава остануваат најпосакувана дестинација за македонските граѓани. 

Соседните држави и годинава остануваат најпосакувана дестинација за македонските граѓани

Освен приватното сместување со сопствена режија, и годинава, за оние со подлабок џеб, атрактивни се ол инклузив услугите на дестинации како Анталија, Тунис, Египет.

„Алл инклузив услугата е доста актуелна. По ковид перидото кога, кога одредени земји, како Турција беше дозволено да се оди тогаш кога беше затворена Грција, сакаат да одат луѓето. Анталија да покаќени се цените од претходните години, но тука конкурентен е Тунис....“ - Ана Марија Алексова Малева - сопственичка на туристичка агенција -„Здраво Македонијо“.

И додека македонците се решаваат да заминат на одмор во соседните држави, туризмот во земјава бележи значителен раст во првите месеци од годинава и тоа главно поттикнат од големиот интерес на странските посетители. Според туристичките водичи во земјава акцент се става на Охрид и Струга, но голем е, велат бројот и на посетители во главниот град. Од Асоцијацијата на туристички водичи за Канал 5 како позитивен го оценуваат напредокот во инфраструтурата, но велат има уште работа, доколку земјава сака вистински да го почувстутва бенефитот од туризмот.

„Имаме зголемен број на посетители, и на индивидуални и на турситчки групи кои што ја посетуваат нашата држава. Акцентот е даден на Охрид и Стурга, но и Скопје како главен град е доста посетуван и тоа изминативе неколку години... Што се однесува до домашните туристи, тоа е можеби поради некој небаланс на цени кој што ги имаме во туристичките места како што е Охрид, некој прескапи туристичко угостителски цении хотелско сместување можеби тоа влијае....“ - Елвир Садиковиќ – потпретседател на МАТВП.

Инаку според последните податоци на заводот за статистика во мај годинава бројот на туристи достингува нешто над 130 илјади, од нив 22, 4 % се домашни аа 77,6 % се странски туристи. Најмногу посетители имало од Турција, потоа Германија и Фрнација и на последно место или околу 6 000 Срби ја посетиле Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски од Брисел- Посветно ги спроведуваме реформските процеси и Планот за раст на ЕУ

Поддршка за проширувањето на ЕУ е голема , јавното мислење е со голема подршка за членство во ЕУ. 

Николоски од Брисел- Посветно ги спроведуваме реформските процеси и Планот за раст на ЕУ

Македонија успешно ги спроведува реформските процеси, бележи трет најголем економски раст во Европа од 4,3% раст на БДП во вториот квартал, целосно сме посветени и целосно усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, истакна заменик претседателот на Владата на панел дискусијата посветена на проширувањето на ЕУ, во организација на тинк тенк орагнизацијата “Пријатели на Европа” што се оддржува денеска во Брисел.

“Што се однесува до реформите, генерално добро се справуваме. Беше споменат Планот за раст, сè што беше побарано од нас, направивме. Економијата буквално бележи рапиден раст. Во вториот квартал од оваа година имаме раст на БДП од 4,3%, што е трет највисок во Европа. Она што е многу важно за мојата земја: имаме политичка, економска, но и меѓуетничка стабилност и кохезија, нешто кон кое стремевме во минатото. кога ќе јагледнете целата слика, земјата се движи во добар правец. Целосно сме посветени и усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија — не 80%, не 90%, туку 100%. Единствената причина зошто не напредуваме, за жал е ова вето од Бугарија” – се обрати Николоски.

Тој истакна дека поддршка од ЕУ е голема за Македонија. Голем сигнал е тоа што претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен доаѓа во Скопје.

“Сега работите дефинитивно се менуваат. Секако, ситуацијата со Украина и Молдавија му помага на целиот процес на проширување и тоа треба да се искористи. Постои интерес за регионот. Претседателката Фон дер Лајен доаѓа во Скопје — беше во Албанија, Црна Гора, Косово и доаѓа во Македонија, што е одличен сигнал. Се надевам дека ќе се најде механизам што Европската Комисија ќе може да го искористи и да ги отвориме пристапните преговори. Отворените прашања со соседите мора да се решат на еден или друг начин, но сметам дека атмосферата ќе биде многу порелаксирана и позитивна ако ги започнеме преговорите” – рече Николоски.

На панелот, тој потенцира дека успехот на регионот е заедничкиот настап и тоа веќе се препознава преку економскиот раст на регионот, преку развој на туризмот и развој на ависообраќајкот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби, Бајрами, и уште шест лица

Денеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица.

Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби,  Бајрами, и уште шест лица

Според обвинението, тие со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од над 9 милиони евра сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судската постапка ја води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринација

Двајца израелски безбедносни претставници рекоа дека првичната проценка на израел е дека копилотот, идентификуван од Израел како државјанин на Оман, веројатно дејствувал сам, иако истрагата е сè уште во тек.

Нетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринација

Копилотот на патничкиот авион кој го избоде капетанот во очигледен обид да го собори авионот додека летал кон Израел, бил подложен на радикална исламистичка индоктринација и очигледно имал самоубиствени намери, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

Катастрофата беше избегната на авионот на „Флајдубаи“ од Дубаи до Тел Авив, откако ранетиот капетан успеа да ја отклучи вратата од пилотската кабина, дозволувајќи им на патниците да го совладаат напаѓачот.

Резервен екипаж што бил во авионот го спуштил авионот, во кој имало повеќе од 170 патници, на аеродромот Табук во Саудиска Арабија.

Авионот паднал повеќе од 14.000 стапки за помалку од 30 секунди за време на инцидентот додека летал над Саудиска Арабија на патувањето од Обединетите Арапски Емирати до Израел,.Нетанјаху рече дека е јасно оти копилотот планирал самоубиство.„Изгледа многу веројатно дека тој планирал да го собори авионот“, рече Нетанјаху.„Но, повторно, сè уште не донесувам конечни заклучоци. Но, тоа се индикациите што ги имаме сега“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер