Во Белорусија се изврши размена на телата на загинатите војници- Русите предале 252, Украинците 25 тела
2Во Белорусија се изврши размена на телата на загинатите војници- Русите предале 252, Украинците 25 тела
ФудбалСоседите се жалат од Нејмар: Девојки пискаат, прозорците се тресат, а тој се забавува Францускиот весник L'Equipe денеска објави извештај од Бугивал, град во предградието на Париз каде живеат богати жители.Меѓу нив е и Нејмар, кој живее во Бугивал од 2017 година, кога дојде од Барселона, а неговите соседи се револтирани од неговото однесување. Како што пишува L'Equipe, за овие пет и пол години во Бугивал, Нејмар имал десетици забави кои редовно го нарушувале нормалниот живот во градот. Последната забава ја одржала на 5 февруари, за 31-виот роденден, а соседите на новинарите им кажаа дека забавата траела цел ден. „Тој нема почит кон никој од нас, а не го оправдува ниту тоа што е Нејмар. Неговите забави можат да траат по два дена, тоа е неподносливо“, им се пожалил еден постар сосед на новинарите на „Л’Екип“. Ниту градоначалникот Лук не е премногу задоволен. "За неговиот роденден донесе шатори, нарача оркестар и музиката ечеше. Тоа беше навистина премногу, мора да ги почитува луѓето кои живеат околу. Роналдињо, кого сите го сакавме, исто така живееше тука. Ќе дојдеше да ги гледа децата како играат фудбал, се дружат, а Нејмар не можете да го видите на улица“, рече градоначалникот на Бугивал. Соседите раскажаа како по пријателскиот натпревар помеѓу Бразил и Тунис во Париз, целата репрезентација на Бразил дошла во куќата на Нејмар каде се забавувале до шест часот наутро, во работен ден. Сепак, има и такви кои со симпатии го коментираат однесувањето на Нејмар. „Можете да слушнете како врескаат девојки, автомобили возат наоколу и гласна музика, но тоа не ми пречи. Луѓето се жалат, но Нејмар прави такви забави три пати годишно. Тоа е сосема нормално. Тој е млад, има пари, тој е добар пријатели, а кога ќе се забавуваш ако не сега? Да не се викаше Нејмар, немаше да се зборува толку за тоа“, рекол соседот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развојОдржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која разговаравме за можностите за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети на државата.Продолжуваме со посветена работа на создавање услови за нови инвестиции, реализација на значајни инфраструктурни проекти и забрзување на економскиот развој, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо Белорусија се изврши размена на телата на загинатите војници- Русите предале 252, Украинците 25 телаРусија и Украина разменија останки на 277 војници убиени во војната.Русија ѝ ги предаде телата на 252 загинати војници на Украина, а за возврат ги презеде останките на 25 свои војници, објави белоруската новинска агенција БелТА. Размената се одржа на граничниот премин Новаја Гута во Белорусија. Договорено обновување на трипартитните мировни преговори Репатријацијата на останките се случи еден ден откако специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, ги заврши разговорите со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург. Тие разговараа за обновување на трипартитните мировни преговори, кои беа прекинати уште во февруари. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Киев го поддржува американскиот предлог за трилатерални преговори со Москва и Вашингтон. Кремљ објави дека Путин се согласил да ги продолжи преговорите со посредство на САД, веќе следниот месец. Русија и Украина претходно разменија останки на паднати војници во август и септември. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирило Буданов, на 2 октомври објави дека повеќе од 26.000 тела и останки се вратени во Украина како дел од репатријацијата, но значаен дел од нив сè уште не е идентификуван.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизТом Круз добива награда за животно делоПризнание за исклучителен придонес за филмот, холивудската ѕвезда, актерот Том Круз добива награда за животно дело .Мегапопуларниот актер Том Круз е добитник на Наградата за животно дело на Американскиот филмски институт, која ќе му биде врачена во април следната година, соопштија денеска организаторите. Наградата е посветена на зачувувањето и промовирањето на филмот. „Како актер и продуцент, тој внесува извонредна посветеност во сè што прави. Она што особено го ценам е неговата длабока верба во филмовите и нивната моќ да ги зближуваат луѓето“, изјави Кетлин Кенеди, претседателка на Управниот одбор на Американскиот филмски институт. Меѓу претходните добитници на наградата на Институтот се Бети Дејвис, Џин Кели, Елизабет Тејлор и Том Хенкс. Круз бил номиниран три пати за наградата на Филмската академија, а минатата година доби почесен „Оскар“ за животно дело.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00