Соседи пријавиле проблем со стаорци, комуналците влегле во станот и се шокирале - Канал 5

Соседи пријавиле проблем со стаорци, комуналците влегле во станот и се шокирале

Тим О'Саливен од Малоу, Ирска, бил пронајден мртов откако соседите пријавиле проблем со стаорци. Тој починал пред 20 години.

Соседи пријавиле проблем со стаорци, комуналците влегле во станот и се шокирале

Трупот на мажот бил неоткриен цели две децении. Конечно го пронашле работници вработени во општината, кои по пријава излегле на терен, пишува Мирор.

Посмртните останки на Тим биле идентификувани од стоматолог кој ги споредил забите со неговите медицински досиеја.

Двајца вработени во општината го пронашле телото во куќата на Тим, а според извештаите, посмртните останки биле покриени со јорган.

-Влеговме во имотот според пријавата, насекаде владееше хаос, забележувавме дека со години немало никој, но кога влеговме во куќата имавме што да видиме. На почетокот не бевме сигурни, но ми се чинеше дека нозе штрчат од под јорганот, а од горе се гледаше палто. Се јавив на колега кој со батериска ламба потврди дека се работи за труп - изјави Пол О'Доногју.

Судскиот лекар рече дека Тим, кој е роден во 1939 година, починал на имотот помеѓу 9 и 23 јануари 2001 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Њујорк со низа средби: Европската перспектива и регионалната соработка во фокусот на разговорите

Eвропската перспектива на Македонија, регионалната соработка, безбедноста и актуелните глобални предизвици во фокусот на средбите на македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк.

Мицкоски во Њујорк со низа средби: Европската перспектива и регионалната соработка во фокусот на разговорите

Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан, вчера се сретнаа со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, на маргините на Генералното собрание на ОН. Повеќе детали за што се разговарало на состанокот нема, а премиерот во кратка објава на социјалинте мрежи напиша дека биле разгледани регионалните предизвици и зајакнување на соработката.

– Остваривме средба со Каја Калас, на која беа разменети мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за понатамошно зајакнување на соработката и заедничките приоритети насочени кон стабилен, безбеден и просперитетен регион, објави премиерот Мицкоски на социјалните мрежи.

Премиерот Мицкоски, според најавите, пред генералното собрание на Обединетите Нации ќе се обрати утре, каде што се очекува фокусот да го стави токму на евроинтеграциите и блокадата со кои се соочува Македонија, а поради која, Мицкоски неодамна повика на вклучување на претставници на ЕУ во дијалогот со Бугарија за усголасување на Акцискиот план за малцинставата.

Иницијативата на Мицкоски за вклучување на трета страна во разговорите со Бугарија ја поддржуваат и вицепремиерот Беким Сали и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. И двајцата се согласни дека во моментов постои недоверба, а разговорите со Софија според Сали мора да добијат европски гарант.

–Комуникацијата со Софија во овој период недостасува, но во еден период секако таа треба да се води со присуство на лидер на земја членка или на официјални лица од Европската комисија или од Европскиот Совет. Сметаме дека овие комуникации треба да бидат веродостојни и секако потврдени од трета страна, имајќи ја предвид чувствителноста и значењето на овие комуникации и контакти. Би требало да се добредојдени доколку се поддржани со присуство на трета страна, изјави Сали во интервју за МИА.

Мицкоски во текот на вчерашниот ден оствари средба со претседателот на Финска, Александар Стуб, со кого разговарал за значењето на мирот, дијалогот и одговорното лидерство, како и за почитувањето на меѓународното право и зајакнувањето на мултилатералната соработка.

Мицкоски претходно имаше одвоени средби и со хрватскиот и косовскиот премиер Андреј Пленковиќ и Албин Курти, на кои, како што соопшти, се разговарало за унапредување на добрососедските односи, како и заедничките предизвици.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: За две години во образованието се вложени 70 милиони евра во над 90 инфраструктурни проекти

Еден од основните услови за квалитетно образование е да имаме добра образовна инфраструктура.

Јаневска: За две години во образованието се вложени 70 милиони евра во над 90 инфраструктурни проекти

Еден од основните услови за квалитетно образование е да имаме добра образовна инфраструктура - пристојни училишта со добро опремени кабинети, пристап до ИТ опрема и безбеден интернет и прилагодени објекти за инклузија на дечињата со посебни образовни потреби. Тоа е приоритет на актуелната Влада и на министерството и за две години вложивме 70 милиони евра во над 90 инфраструктурни проекти.

Ова денес го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието во врска со тоа што е направено за подобрување на образовната инфраструктура во Македонија во мандатот на актуелната Влада.

„Само преку министерството вложивме 35 милиони евра во 7 нови училишни објекти, 4 нови спортски сали, во реконструкција на 30 постоечки училишни и спортски објекти, во реконструкција на два студентски дома, а ја откочивме и изградбата на ФИНКИ и ФФК кои неправедно беа стопирани. Дополнително и Владата преку два повика за финансирање на капитални инвестиции, им додели на општините 35 милиони евра за реализација на 55 проекти“, рече Јаневска.

Потсети и дека заради воведување на концептот на едносменска настава се прошируваат капацитетите на 14 училишта во Центар, Карпош, Аеродром, Ѓорче, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Илинден и Градско, а уште 15 проекти ќе започнат етапно во следните неколку месеци.

„Ќе градиме и 30 нови спортски сали, а ќе ги реконструираме преостанатите државни студентски домови и шест училишта со ресурсни центри. Средствата се веќе обезбедени“, информираше министерката, нагласувајќи дека лесно се компарираат резултатите од работата на актуелната Влада остварени за две години и од, како што рече – неработењето на оние кои беа на власт во претходните седум, како и оние кои никогаш немале прилика да раководат со институциите, а се секогаш меѓу најгласните критичари.

Министерство за образование и наука

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски во Баку: Ново поглавје во спортската соработка меѓу Македонија и Азербејџан

Министерот за спорт Борко Ристовски престојува во официјална посета на Азербејџан, каде што оствари билатерална средба со министерот за млади и спорт Фарид Гајибов.

Ристовски во Баку: Ново поглавје во спортската соработка меѓу Македонија и Азербејџан

Во фокусот на средбата беше унапредувањето на односите меѓу двете земји во областа на спортот и создавањето конкретни механизми за долгорочна институционална соработка.

Како резултат на средбата, двете министерства потпишаа Меморандум за разбирање со кој се воспоставува широка рамка за размена на знаења, искуства и добри практики. Соработката ќе опфати спортска медицина, интегритет во спортот, управување со спортски настани, обука и размена на спортски кадри и експерти, адаптивен спорт, спорт за сите, спортски туризам и спорт во образовните институции.

Посебен акцент е ставен на поврзувањето на националните спортски организации, учеството на експерти и делегации на спортски настани во двете земји, како и на заеднички активности и размена на искуства во рамките на меѓународните спортски организации.

„Со потпишувањето на Меморандумот правиме конкретен чекор кон продлабочување на спортската соработка меѓу Македонија и Азербејџан. Создаваме нови можности за размена на знаења, експерти и искуства и за директно поврзување на нашите спортски организации. Добрата соработка се гради со конкретни чекори. Овој Меморандум е основа за директна, континуирана и практична соработка која треба да создаде нови можности за македонскиот спорт “ - истакна министерот за спорт Борко Ристовски.

Со Меморандумот, Македонија и Азербејџан поставуваат основа досегашните добри односи да прераснат во конкретна и континуирана соработка во спортот, со директни контакти меѓу институциите, федерациите и спортските професионалци.

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер