Сосед за атентаторот на словачкиот премиер: Ми кажа зошто му беше лут

На периферијата на заспаниот град Левице во Словачка, неколку полицајци денеска застанаа на влезот од станот во кој во изминатите 40 години живееше 71-годишниот поранешен чувар и поет Јурај Цинтула, осомничен дека пукал во словачкиот премиер Фицо.

Сосед за атентаторот на словачкиот премиер: Ми кажа зошто му беше лут

„Шокиран сум. Беше пристоен, услужлив и пристоен тип“, изјави за британски Гардијан неговиот долгогодишен сосед и пријател, Миле Људовит, застанат пред скромната сива зграда, во која тие двајцата живееле 40 години.

Људовит рече дека последен пат го видел Цинтула во понеделникот и не забележал никакви промени кај него. "Го познавам со децении. Ако планираше нешто, немаше знаци. Но, не можам да знам што има во неговата глава", рече тој.

Словачката полиција се уште официјално не го именува Јурај Цинтула како напаѓач. Људовит ги потврди претходните медиумски извештаи дека Цинтула бил поранешен чувар кој пишувал песни.

На неидентификувано видео објавено на Фејсбук, маж идентификуван од Ројтерс како напаѓачот, се гледа како вели: „Не се согласувам со политиката на владата“.

Људовит рече дека двајцата повремено ќе разговараат за политика и дека Цинтула изразил гнев поради, како што сметал, зголемените напади врз слободата на говор под водство на Фицо.

„Но, никогаш не би помислил дека е способен за такви постапки. Никогаш не зборувал за насилство“, рекол соседот, а потоа додал: „Немам објаснување зошто го направил тоа што го направил“.

Министерот за внатрешни работи Матус Шутај Естока го опиша пукањето како политички мотивиран обид за атентат. На атентаторот му се заканува затворска казна од 25 години до доживотен затвор. Министерот потврди и дека атентаторот дејствувал сам и дека претходно учествувал во антивладини протести.

Никола Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл

Кошаркарите на Денвер синоќа на домашен терен го совладаа Милвоки со 127:117 и со тоа го забележаа 46. сезонава во НБА лигата.

Никола Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл

Најефикасен во тимот на Денвер беше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ, кој во првиот натпревар откако се врати на паркетот по повредата забележа трипл-дабл со 39 поени, 10 скокови и 10 асистенции. Српскиот центар ги пропушти претходните пет натпревари на Денвер поради повреда на зглобот.

Во редовите на Милвоки поради повреда отсуствуваа Јанис Антетокумпо и Демијан Лилард.

Денвер е трет во Западната конференција со 46 победи и 28 порази, додека Милвоки е шести на Истокот со 40 победи и 32 порази. /МИА

Брачна двојка од Јапонија сe депортирани поради скандалозно однесување на Кинескиот ѕид

Маж и жена од Јапонија биле уапсени и депортирани од Кина поради „скандалозно однесување“ за време на нивната посета на Кинескиот ѕид.

Брачна двојка од Јапонија сe депортирани поради скандалозно однесување на Кинескиот ѕид

Сѐ почнало невино, или барем засегнатите така мислеле, кога сопругот решил да се пошегува па го покажал задникот додека жената го фотографирала на Кинескиот ѕид. Меѓутоа, тој чин, којшто според кинеските закони се смета за „навреда на јавната пристојност“, предизвика бес и доведе до брза депортација на прекршителите, истакнувајќи го судирот на културните норми меѓу Јапонија и Кина, пишуваат кинеските медиуми.

По инцидентот, обезбедувањето на историскиот споменик веднаш реагирало и ги приведе мажот и жената. Поради нивните постапки, тие биле уапсени и две недели биле в затвор пред депортацијата во Јапонија.

Јапонското Министерство за надворешни работи потврди дека туристите „на крајот биле ослободени и вратени во Јапонија“ и оти тоа се случило во јануари, иако веста е објавена сега.

За време на нивниот разговор со дипломатите и надлежните кинески власти, ослободените се правдале дека тоа било шега. Но, нивното објаснување не ја намалува сериозноста на културниот престап и прекршувањето на законските прописи во Кина.

Најмалку шест лица загинаа во терористички напад во Пакистан

Најмалку шест лица загинаа во терористички напад во областа Гвадар во југозападната пакистанска провинција Белуџистан, соопшти полицијата.

Најмалку шест лица загинаа во терористички напад во Пакистан

Според локалните власти, нападот се случил кога вооружени терористи отвориле оган врз цивили во областа Калмат во Гвадар, Пакистан, убивајќи пет лица, додека едно рането лице им подлегнало на повредите во болница.

Полицијата, безбедносните сили и спасувачките екипи брзо пристигнале на местото на инцидентот, кои ги префрлиле телата и повредените во блиската болница.

притисни ентер