Соработник на Курти е уапсен во Бугарија поради трговија со луѓе - Канал 5

Соработник на Курти е уапсен во Бугарија поради трговија со луѓе

Началникот на КРУ „Ѓаковица“ Хасан Красниќи е уапсен во Бугарија, врз основа на меѓународна потерница распишана од италијанската полиција поради сомнение за трговија со луѓе.

Соработник на Курти е уапсен во Бугарија поради трговија со луѓе

Апсењето на Красниќи било веќе извршено на 19 февруари 2024 година, пренесува интернет весникот Reporteri.net. Тој бил фатен од бугарските власти при влез во Бугарија, додека со семејството патувал на одмор. Тоа е затоа што се испоставило дека поранешниот кандидат на ЛВВ за Собранието на општина Ѓаковица бил на меѓународна потерница од Италија за трговија со луѓе, пишува онлајн весникот Reporteri.net.

На 22 февруари 2024 година, Бугарскиот окружен суд му одредил притвор во очекување на одлуката за барањето на италијанските власти за негова екстрадиција во Италија.

Се сомничи дека Красниќи, кој поседува и компанија која со автобуси превезува патници од Ѓаковица до европските земји, е осомничен дека преку нив шверцувал луѓе со фалсификувани документи.

Весникот побарал коментар од Министерството за надворешни работи на Косово и другите безбедносни органи за ова апсење, но до објавувањето на текстот не дале одговор за потврда на случајот.

Хасан Красниќи, три месеци откако како кандидат на движењето Самоопределување за пратеник во општина Ѓаковица не добил доволно гласови за да биде избран за пратеник, Владата на Косово го назначила за прв човек на Регионалното водостопанство во јануари 2022 година.

Законот за јавните претпријатија предвидува дека високите функционери на јавните претпријатија мора да бидат независни, односно да немаат политички ангажмани во последните 36 месеци.

Сепак, од 2014 до 2017 година, Красниќи служел еден мандат во Собранието во Ѓаковица од редовите на партијата Алтернатива - партијата на шефицата на пратеничката група на ЛВВ, Мимоза Кусари-Лила. Но, како во 2021 година со ЛВВ, така и во 2017 година со Алтернатива, не успеал да биде реизбран за заменик, пренесува Новости.рс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!

Во свет кој се менува со неверојатна брзина, приказната за Џон (101) и Џери (100) Керол од Тенеси е прекрасен потсетник за значењето на љубовта, верноста и семејството.

Таа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!

Тие неодамна одбележале неверојатен јубилеј – 80 години заеднички живот! И покрај нивната возраст, и понатаму живеат активно и со ведар дух.

Секој петок наутро, без исклучок, Џон и Џери одат на доручек со пријателите во локален ресторан. Оваа традиција ја одржуваат веќе половина век.

Џон, кој е ветеран од Втората светска војна, за својата виталност се грижи и со редовни утрински вежби.

А кога станува збор за тајната на нивниот долг и успешен брак, неговиот совет е едноставен:

„Почитувајте ја сопругата, помагајте ѝ и трудете се!“

YouTube video

Големо семејство

Во текот на осум децении заеднички живот, Џон и Џери добиле три деца, седум внуци, 21 правнук и едно чукунвнукче.

Нивната приказна покажува дека понекогаш токму малите секојдневни навики, меѓусебната почит, поддршката и времето поминато заедно се најголемата тајна на долготрајната љубов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ријана ги покажа децата, ги одведе на своето посебно место

Светската музичка ѕвезда Ријана живее во нејзиниот роден крај, Барбадос, и ужива во одморот со своите три деца, што го покажа и на фотографиите што ги објави. 

Фото: Ријана ги покажа  децата, ги одведе на своето посебно место

Таа позира со своите синови и ќерката, која се роди пред единаесет месеци, а се фотографираа на улицата „Вестбери Њу Роуд“, која во нејзина чест од 2017 година го носи името „Ријана Драјв“.

Мегапопуларната Рири на своите деца им покажала каде израснала, а познато е и дека уште од почетокот на кариерата ја нарекуваат „убавицата од Барбадос“, па затоа е јасно дека ова за неа било многу емотивен момент.

„Во еден момент се чувствувам како она дете од Вестбери, а во следниот – ги носам сопствените деца на улицата на Ријана. Неверојатно е како функционира животот!“, напиша Ријана покрај фотографиите на Инстаграм.

Претходно овој месец, таа го прослави третиот роденден на својот син Раџот со раскошна забава на тема „Спајдермен“, а списанието „Пипл“ (People) објави дека прославата се одржала во нејзиниот дом на Барбадос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одмор

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, сланвиот швајцарски тенисер Роџер Федерер ужива во заслужената пензија.

Фото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одмор

Годинава, швајцарската ѕвезда го избра хрватската крајбрежје за летен одмор со семејството – дестинација што му ја препорачаа неговиот поранешен тренер и близок пријател, Иван Љубичиќ.

Судејќи според фотографиите што ги сподели со своите повеќе од 15 милиони следбеници на Инстаграм, поранешниот светски рекет број еден престојува во Истра, поточно во областа на Пула и Ровињ.

Швајцарскиот ас објави фотографии од крајбрежјето во Ровињ, од прошетките и пливањето во Јадранското Море, а се пофали и со интересните сувенири и магнети што ги пронашол таму.

– Сакам времето за одмор да го поминувам со семејството – напиша Федерер покрај објавените фотографии.

Покрај крстарењето со луксузен брод, Швајцарецот покажа дека во слободното време ужива и во едноставни активности, како што е возењето велосипед.

Неговото пристигнување на хрватското крајбрежје привлече големо внимание во регионот, а на социјалните мрежи уследија бројни позитивни реакции и пораки за добредојде од локалното население и од фановите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер