Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
КултураСоработка меѓу Универзитетот „Св.Климент Охридски“ со МОН во ИзраелУниверзитетот „Св.Климент Охридски“ (УКЛО)-Битола ја продолжи соработката со Министерството за образование и наука од Израел. Од УКЛО информираат дека академската соработка со Израел ќе се одвива на неколку полиња, односно соработка со универзитети, институти и со заеднички проектни апликации.Ректорот Сашо Коруновски и проректорите Елизабета Бахтовска, Виолета Маневска и Марјан Ангелески, јави дописникот на МИА од Битола, остварија работна средба со Леа Даби-Чаки од израелското Министерство за образование, која воедно е и предавач на бројни високообразовни институции во Израел, меѓу кои и „Шем Олам“, е задолжена за проекти поврзани со Холокаустот. - На работната средба во Битола, Даби-Чаки и раководството на УКЛО ги разгледаа можностите за академска соработка со соодветни институции од Израел и разменија идеи за проектна соработка во рамките на расположливите фондови за поддршка, информираа денска од УКЛО-Битола. Од секторот за односи со јавност при УКЛО-Битола посочуваат дека во текот на минатиот месец , односно пред летниот семестар кој почна на 1 февруари, реализирани се или афирмирани и други меѓународни активности. - Во тек е јавниот повик за учество на Петтата меѓународна конференција за апликативни интернет и информациски технологии - AIIT 2016 која годинава, на 3 и 4 јуни, ќе ја организират Факултетот за информациски и комуникациски технологии-Битола и Техничкиот факултет „Михајло Пупин“ од Зрењанин, Србија. Тема на оваа конференција е истражувачкиот и апликативниот аспект на научни теми од областа на информатичката технологија. Тоа претставува одлична можност за истражувачите и практичарите да ги презентираат своите достигнувања. Пријавените и селектирани трудови, по завршувањето на Конференцијата, ќе бидат објавени во меѓународно списание, информираат од УКЛО-Битола. УКЛО-Битола во соработка со амбасадата на САД објави повик и ги афирмира програмите за студиски престој во САД во рамки на Фулбрајт програмата во која студентите со завршени студии од прв или запишани на втор циклус, може да аплицираат за истражување или мастер студии, најдоцна до 31 мај оваа година. На својата официјална веб страница УКЛО го објави и повикот на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Грција и Република Македонија (2014 – 2020), чиј краен рок за поднесување на проектните предлози е 31 март 2016 година, а финансиските средства кои што се достапни за проектните предлози на двете држави, се во износ од 20.461.530 евра. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДелегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на КумановоДелегација на МВР предводена од Државниот секретар Петрушевски положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на КумановоПо повод одбележувањето на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово и 507 години од постоењето на градот, денеска на Спомен-костурницата во Куманово беше положено свежо цвеќе во чест на борците кои ги положиле своите животи за слободата на градот. Делегацијата на Министерството за внатрешни работи ја предводеше државниот секретар Сашо Петрушевски, кој заедно со останатите членови на делегацијата им оддаде почит на хероите и нивната жртва за слободата. Во продолжение, делегацијата на МВР присуствуваше и на свечената седница во Занаетчискиот дом, на која традиционално беа доделени Ноемвриските награди на заслужни граѓани и правни лица кои со својата работа и придонес оставиле значаен белег во општествениот живот на Куманово. Свеченоста беше збогатена со богата културно-уметничка програма. Одбележувањето на овој значаен датум претставува потсетник на богатата историја, херојското минато и непокорниот дух на Куманово, како и на обврската да се негуваат историското наследство, традициите и вредностите што се дел од колективната меморија на градот.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банкаНема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието. Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот. Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик . „Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска. Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива. Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка. Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34