КултураСоработка меѓу Македонија и Бугарија во областа на креативните индустрииКултурно-информативнот центар на Република Македонија во Софија денеска е домаќин на работна средба на претставници на министерствата за култура на Македонија и Бугарија, на тема „Културни и креативни индустрии и перспективи за соработка“. Министерството за култура на РМ изминатите неколку години е посветено на развојот на креативните индустрии и за таа цел е донесена национална стратегија и објавува конкурси за финансиска поддршка за проекти од оваа област. Средбата со претставниците од бугарското Министерство за култура е можност за регионално поврзување/вмрежување, што би овозможило и полесно пласирање на регионалните и на глобалните пазари. Директорот на КИЦ на РМ Васко Шутаров изјави дека целта на средбата е како да се претвори креативноста и иновативноста во економски потенцијал и можност за креирање нови работни места, што е светски и, посебно, европски тренд. - Искуствата од Европската унија кажуваат дека културните и креативните индустрии токму за време на економската криза се во најголем подем во креирањето нови работни места и се трета доходовна стопанска гранка во последните пет години, со повеќе вработени отколку во финансискиот и телекомуникацискиот сектор. Во 2013 година, на пример, само во Велика Британија се отворени 150.000 нови работни места, а осум пороценти од вкупниот БДП на Британија доаѓаат од креативните индустрии со вработени два милиона луѓе, од кои 20 проценти се млади под 30 години, рече Шутаров. Предноста на креативните индустрии е во тоа што се базираат на мобилност, флексибилност, иновативност. Искуствата, исто така, покажуваат дека малите земји може да бидат компетитивни во трката заедно со поголемите земји, поради брзото прилагодување и побрзото поврзување на институциите, каков што е примерот со Словенија, Естонија и Малта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook