3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
НБАСопственикот на Далас откри зошто го „трејдувал“ Лука Дончиќ!Патрик Думон, сопственикот на Далас Маверикс, конечно реши да проговори за „трејдувањето-размената“ на најголемата ѕвезда на клубот, Словенецот, Лука Дончиќ, по се позачестените критики за франшизата поради разделбата со словенечката ѕвезда.Зборувајќи за „Dallas Morning News“, Димон ги отфрли тврдењата дека Дончиќ го напуштил Далас поради финансиски причини и ја сподели својата верзија на приказната. - Тимовите победуваат затоа што сите играчи се фокусирани и го имаат вистинскиот карактер, ја носат вистинската култура, ја покажуваат вистинската посветеност на работата и работат напорно за да придонесат за шампионски исходот на првенството. Ако не го направите така, ќе следи пораз - објасни тој. Сопственикот на Далас, јасно стави до знаење какви вредности очекува од своите играчи, па како пример ги наведе најголемите легенди на НБА. - Ако ги погледнете великаните на оваа лига, луѓето со кои пораснавме вие и јас – Џордан, Бирд, Коби, Шек – работеа навистина напорно, секој ден, единствено фокусирајќи се на победата. А ако го немате тоа, тогаш нема резултати. И ако го немате тоа, не треба да бидете дел од Далас Маверикс. Тоа е она што го сакаме. Јас сум категоричен за ова. Целата организација го знае тоа. Така работам надвор од кошарката. Ова е единствениот начин да се биде конкурентен и да се победи. Ако сакате да одите на одмор, не правете го тоа со нас. Но, и покрај разделбата, Думон не штедеше пофални зборови за Дончиќ и истакна дека се уште има голема почит кон него. - Јас сум голем фан на Лука. Моето семејство исто така. Навистина го ценам она што тој го донесе во овој тим, она што го донесе во Далас. Тој е неверојатен играч. Сакам да знаете дека навистина ги чувствувам сите наши навивачи кои се повредени. Видете, што се однесува до мене, Лука засекогаш ќе биде Маверикс и навистина не му посакувам ништо друго освен среќа и успех во кариерата – заклучил Думон за „Dallas Morning News“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter