Сопственик на Тесла заклучил крадец во автомобилот со помош на апликација - Канал 5

Сопственик на Тесла заклучил крадец во автомобилот со помош на апликација

Апликацијата наменета за сопствениците на Тесла автомобил, меѓу другите работи, нуди можност за стартување и исклучување на моторот и заклучување и отклучување на вратите.

Сопственик на Тесла заклучил крадец во автомобилот со помош на апликација

Една од практичните опции кои им се на располагање на возачите на Тесла Модел 3 е тоа дека можат да ги контролираат функциите на својот автомобил преку својот паметен телефон. Иако оваа опција е воведена пред се заради практичност, во екстремни ситуации може да послужи и како додатна заштита од кражба на возилото.

Тоа го покажа еден сопственик на Модел 3 од Калифорнија, кога благодарение на присебноста и апликацијата го заклучил крадецот во своето возило и на тој начин спречил кражба на автомобилот.

Инцидентот се случил на 8 мај во претпладневните часови кога човекот по име Чарли Смин ја отворил вратата на Модел 3 додека сопственикот седел внатре, велејќи му веднаш да го напушти возилото. Возачот го послушал и излегол од автомобилот.

Меѓутоа, додека крадецот се обидувал да побегне со автомобилот, присениот сопственик со помош на паметниот телефон го исклучил електромоторот и го заклучил возилото, по што повикал полиција. Во моментот кога пристигнале полицајците на лице место,крадецот се препотувал заклучен во автомобилот, а откако го уапсиле е утврдено дека бил под дејство на дрога.

Тоа е веројатно и една од причините зошто не успеал да го отклучи автомобилот и да побегне. Втората причина е тоа што копчето за отклучување на вратите на Тесла Модел 3 е тешко воочливо, па за некој кој нема искуство со овој автомобил не е лесно да го пронајде. Особено во стресна ситуација во каква што се нашол крадецот.

***SUBJECT ARRESTED FOR CARJACKING**** On May 8, 2020, at approximately 10:20 a.m., officers were dispatched to the 400...

Posted by Barstow Police Department on Tuesday, May 12, 2020

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува длабока огорченост од секојдневните скандали кои ја потресуваат македонската јавност, а кои укажуваат на натамошно пропаѓање на државните институции и градење систем на неправда.

ЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?

Случајот со Ива Михајлова го апстрахираме од етничкиот предзнак и нема да им дадеме простор на тие зовриени национал-шовинистички глави во регионот да си прават етно-популистички кампањи на човечки трагедии. Пораките од Софија се скандалозни и грозни и говорат за земја во која постои целосно помрачување кога станува збор за владеење на правото, а уште помалку за европски систем на правда.

Михајлова сега треба да биде гонета за ново кривично дело, а скандалот да биде уште поголем, нејзиниот адвокат изврши кривични дела и пред бугарската и пред македонската правда со јавната изјава дека си ја „зеле судбината во свои раце“. Каква правна хаварија! Во овој случај, вистинска трагедија во Македонија е тоа што целосниот крах на функционирањето на институциите доведе до тоа лице, кое е осомничено за предизвикување смртни последици во сообраќајна несреќа, наместо да се соочи со правдата и да ги почитува судските забрани, добива статус на наводна жртва и шоу-ѕвезда, како од некое одвратно евтино реално шоу. Нема човек во Македонија кој не е згрозен од фактот што вакво нешто беше воопшто возможно.

Живееме во држава во која би требало да има функционална полиција, безбедносни камери на граничните премини и служби што осигуруваат дека лица на кои им се одземени пасошите и имаат забрани за излез, ќе бидат достапни на органите. Ако сѐ тоа е нефункционална фарса, пораката е кристално јасна: во Македонија можете да убивате, да крадете, да уништувате и на крајот, слободно да си прошетате во странство и да се сликате како жртва. И тоа се случува во земја каде што власта има апсолутна контрола – со целосна законодавна власт, уставно мнозинство, целосна контрола на локалната власт, доминација над медиумскиот простор, па дури и целосен преглед на безбедносните камери.

Пораката која ја добија криминалците во власта со менувањето на Кривичниот законик и ослободувањето од вина на функционерите беше дека од позиција на власт може да прават што сакаат. А сега, пораката која ја добија останатите криминалци со скандалот Михајлова е дека слобода на акција имаат и тие. Ова неодоливо личи на почеток на општ хаос и анархија.

Имаме ли сѐ уште моќ да го спречиме ова пропаѓање? ЛДП верува дека во народот постои огромен бес, кој заедно наскоро ќе мора да го изразиме и да му ставиме крај на ова секојдневно државно тонење.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дојава за бомба на лет од Њујорк кон Израел: Патниците евакуирани

Патниците на летот на „Делта ерлајнс“ од Њујорк кон Тел Авив утринава беа евакуирани по слетувањето на израелскиот аеродром „Бен Гурион“ поради анонимна дојава за бомба, пренесува „Мирор“.

Дојава за бомба на лет од Њујорк кон Израел: Патниците евакуирани

Според дојавата, наводно во авионот имало експлозивна направа, што довело до итно спроведување на безбедносни процедури. Патниците биле евакуирани во терминалната зграда, а авионот е преместен на оддалечен дел од аеродромот за безбедносните служби да можат да извршат темелна проверка.

Израелските власти изјавија дека немало непосредна опасност за патниците. При проверката на авионот не било пронајдено ништо сомнително.

„Инцидентот е завршен“

Израелскиот весник „Џерусалим пост“ објави дека првичните проценки укажувале на лажна закана со бомба. Безбедносните служби потоа извршиле детална проверка на авионот, но не пронашле ништо сомнително, објави израелскиот информативен портал „Ynet“.

„Инцидентот заврши без никакви необични наоди. Операциите се вратени во нормала“, соопшти Управата за аеродроми на Израел.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во Софија

Народот гледа дека се работи под маса и „под радар“. Гледа што договарал Тимчо Муцунски на средбите во Софија.

СДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во Софија

Гледаме дека едно се кажува пред граѓаните, а далеку од очите на јавноста, Ива Михаилова, обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, е пуштена преку граница. Иако судот ѝ ги одзел двата пасоша.

Самата вели дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека службениците на границата знаеле. МВР вели дека нема евидентиран излез.

Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат сè. Вака се договараат бегствата од правдата.

Со Мицкоски, Тошковски и ВМРО, границата е решето и за 5 тони дрога и за бегалци од правдата.

Класичен шаблон на ВМРО — организираната криминална група.

Оставка веднаш од Панче Тошковски. По сите скандали, тој прв треба да понесе одговорност.

СДСМ бара да се утврди кој сè е вмешан во ова договорено бегство и сите да понесат одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер