Сопствениците на ноќниот клуб, во кој загинаа 25 луѓе поради пиротехника, избегале од земјата - Канал 5

Сопствениците на ноќниот клуб, во кој загинаа 25 луѓе поради пиротехника, избегале од земјата

Сопствениците на ноќен клуб во Гоа, Индија, каде што во неделата во катастрофален пожар загинаа 25 лица, ја напуштија земјата неколку часа по трагедијата, соопшти полицијата.

Сопствениците на ноќниот клуб, во кој загинаа 25 луѓе поради пиротехника, избегале од земјата

Индиските власти потврдија дека двајцата браќа, Саураб и Гаурав Лутра, се качиле на лет за Пукет, Тајланд, кратко по инцидентот, објави Би-Би-Си.

Истражителите веруваат дека огромниот пожар е предизвикан од пиротехника поставена во објектот, Birch By Romeo Lane, кој се наоѓа во прометна област на Гоа позната по ноќниот живот и популарна кај домашните и странските туристи.

Повеќето од жртвите биле вработени, додека четворица биле туристи кои дошле од Делхи. Пет лица сè уште се лекуваат во болница.

Полицијата побарала помош од Интерпол за пронаоѓање и апсење на браќата Лутра.

Полицијата соопшти дека отишла во Делхи за да го пребара домот на двајцата, но открила дека ја напуштиле земјата.

„Ова ја покажува нивната намера да избегнат полициска истрага“, се вели во соопштението на полицијата во Гоа.

Саураб Лутра, чиј профил на социјалните мрежи е наведен како претседател на компанијата што го управува клубот, објави соопштение на социјалните мрежи изразувајќи „длабока тага“, но не прецизираше каде се наоѓа.

„Во овој час на непоправлива тага и огромна болка, менаџментот изразува непоколеблива солидарност со семејствата на починатите и повредените и изразува најдлабоко сочувство“, се вели во соопштението во понеделник, додавајќи дека „менаџментот ќе им обезбеди помош, поддршка и соработка на ожалостените“.

Неговиот брат, Гаурав Лутра, не даде јавно коментар.

Најмалку четири лица беа уапсени веднаш по пожарот, вклучувајќи го и менаџерот на местото на одржување.

Ноќниот клуб „Бирч“ во Арпора, област со неколку луксузни ноќни клубови, беше преполн со луѓе кои дојдоа да слушаат боливудски диџеј кога пожарот избувна во раните утрински часови.

Главниот дел од местото на одржување е изграден на остров во средината на езеро, до кој се пристапува преку тесни мостови - распоред што им го отежнуваше на пожарникарите гаснењето на пожарот.

Дел од зградата беше целосно уништен. Полицијата првично соопшти дека експлозија на гасна боца е причината, но сега верува дека пиротехниката запалила дрвени греди на таванот. Неколку од жртвите биле работници мигранти кои дошле во Гоа во потрага по работа, вклучувајќи четворица непалски државјани.

Меѓу загинатите се двајца браќа кои биле верени и требало да се венчаат следната година, како и четири члена на исто семејство од Делхи.

Полицијата соопшти дека телата на сите жртви се вратени на нивните семејства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Словачка се одржуваат локални и регионални избори

Гласачките места во Словачка се отворија утрово во 7:00 часот за локални и регионални избори, а граѓаните ќе можат да гласаат до 20:00 часот.

Во Словачка се одржуваат локални и регионални избори

Речиси 4,41 милиони луѓе имаат право на глас, а гласањето се одвива на 6.029 избирачки места во 2.926 општини, градови и градски окрузи, објави TASR.

Гласачите избираат градоначалници, членови на општински и градски совети, претседатели на самоуправни региони и членови на регионални собранија.

Во Братислава и Кошице се избираат и претседатели на градски окрузи и членови на нивните совети.

Мандатот на избраните претставници трае четири години, а граѓаните можат да гласаат само во местото на нивното постојано живеалиште.

Покрај возрасните граѓани на Словачка, право на глас имаат и странски државјани со постојано живеалиште во таа земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Потресното сведоштво на мајка за насилството што го преживеало нејзиното дете во училиште повторно го отвора прашањето: Кој ги штити децата додека насилството станува нивно секојдневие?

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Пред години, Либерално-демократската младина ја започна кампањата „Свирни против булинг“, предупредувајќи дека врсничкото насилство не е детска игра, не е фаза на растење и не смее да се премолчува!

Предупредувавме, баравме превенција, едукација и институционална реакција. Но нашите апели не добија соодветен одговор.

Денес повторно слушаме сведоштва за деца што трпат понижување, физичко и психичко насилство. А каде се институциите? Каде се механизмите за заштита? Кој презема одговорност?

Нема оправдување за насилството! Нема оправдување за премолчувањето! И нема простор за уште една празна институционална изјава дека „се работи на случајот“!

ЛИДЕМ бара итно:

* Надлежните институции да го испитаат пријавениот случај и да обезбедат заштита на детето.

* Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да спроведат контрола на постапувањето по пријавите за врсничко насилство.

* Во секое училиште да функционира јасен, достапен и доверлив механизам за пријавување и заштита.

* Да се обезбеди психолошка поддршка за жртвите и системска превенција, со вклучување на родителите, наставниците и учениците.

* Јавно да се соопштат преземените системски мерки и роковите за нивно спроведување, со целосна заштита на приватноста на децата.

Не бараме одмазда меѓу деца. Бараме одговорност од возрасните и институциите што се должни да ги заштитат!

Доста е со кампањи само на хартија, протоколи во фиоки и реакции дури откако нечие дете ќе преживее траума!

ЛИДЕМ повторно го крева гласот и повикува на конкретна институционална акција. Ниту едно дете не смее да се плаши да оди на училиште!

Пред години свиревме за да го спречиме насилството. Денес прашуваме: ДАЛИ НЕКОЈ ВООПШТО НЀ СЛУШАШЕ?

СВИРНИ ПРОТИВ БУЛИНГ! НЕ МОЛЧИ ПРЕД НАСИЛСТВОТО!

Либерално-демократска младина

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

СДС под водство на Филипче доживеа политички дебакл. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје.

Бројките и фактите се најдобриот показател за состојбата во која се наоѓа СДС која на чело со Филипче се претвори во партија без политичка визија, без убедлива понуда и без капацитет да се наметне како сериозна алтернатива помеѓу граѓаните.

Филипче под менторство на Заев ја претвори СДС во партија која се радува на порази.

На Филипче и СДС им посакуваме уште многу вакви „успеси“ четврти и петти места, славење на поразите и се помала поддршка од граѓаните, се наведува во пшартиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер