ЗабаваСопствениците го изгубиле кучето: Сцената од неговото пронаоѓање ќе ви го стопи срцето (видео)Луѓето што го нашле кучето, на многу интересен начин успеале да го вратат миленикот на адреса со негова помош.Да се има домашно милениче е голема одговорност. Додека некои мислат дека е доволно да го имаат дома, да го нахранат и прошетаат, факт е дека за него треба да се грижите како за дете и треба да внимавате на секој негов чекор. Многупати се случило милениците да се изгубат и во повеќето случаи сопствениците никогаш не успеале да ги најдат. Колку и да се обидувале да стигнат до нив преку апел и барање помош, се случувале непредвидени околности, миленикот да заталка на сосема друго место каде што никој не може да го најде вистинскиот сопственик. Во симпатичното и трогателно видео објавено од жена на Tикток, се гледа како таа нашла мала пудлица која ги изгубила сопствениците, веројатно пред некоја зграда, па решила да експериментира и да ги пронајде тие луѓе. Во тоа ѝ помогнало изгубеното куче, а потрагата не траела долго. На видеото, кое им се допаднало на 2,9 милиони корисници, се гледа како жената влегува во лифт со куче и ги притиска копчињата на секој кат за правилно да провери каде живее. @dawgmemes #funnyvideos #memes #dogs ♬ Originalton - Dawgmemes Симпатичното милениче излегува на секој кат да го препознае влезот и да го намириса својот дом, а потоа трпеливо се враќа во лифтот. Но, во еден момент, тоа се стрчува кон познатата врата пред која има многу чевли. Жената што го нашла ова милениче, тропнува на вратата, а кучето едвај чека да влезе. Видеото привлече големо внимание и многумина се согласија дека ова е навистина досетливо, и дека добри луѓе, но и паметни кучиња има насекаде околу нас. - Немаше потреба од притскање на секое копче. - Замисли, го губиш кучето, некој чука на врата, а тоа чека да влезе. - Нивното сетило за мирис е неверојатно. Неверојатно е како намириса од таа далечина. - Тоа добро знаеше што прават, кога го запираа лифтот на секој кат. - Нема шанси повторно да му верувам на лифтот. И додека многумина коментираа колку е убаво да го видите вашето изгубено куче пред врата и дека навистина сè уште има добри луѓе, други беа шокирани од една друга сцена. Бидејќи пред вратата имаше многу чевли, многумина коментирале дека никогаш не виделе такво нешто и дека е сосема „лудо“ да се чуваат чевли пред врата. Сепак, слаткото кученце ги освои симпатиите и многумина рекоа дека вреди да се има домашно милениче и дека оваа сцена е вистински доказ за тоа, бидејќи со своето сетило за мирис можеше да почувствува каде припаѓа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаСиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во ДаблинПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска.На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, е предвидено учество на над 50 европски шефови на држави или влади и лидери на клучни европски и меѓународни институции. Со состанокот ќе ко-претседаваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и ирскиот премиер, Михал Мартин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на ВучиќКривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити банката на Вучиќ од истрагата во Србија.Го натера Славески да ги поднесе кривичните пријави против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Александар Саша Димитријевиќ, Андреј Жерновски и Александар Трајановски. Граѓаните знаат дека Мицкоски сè работи по налог на Вучиќ, како што беше внесувањето на Aлта банка во Македонија, неговата лична пералница на пари. Овој пат го презема неговиот модел на кривични пријави, притисок и заплаашување на опозицијата. Тоа што Вучиќ го правеше сега Мицкоски го прави против опозицијата во Македонија. Copy-paste. Македонија станува заробена држава. СДСМ 11 месеци предупредува за Алта и дека не смее да се дозволи. Мицкоски и Славески внесоа во Македонија забранета банка во Европа, под санкции во Австрија, со забранет влез во Црна Гора и под истрага за потекло на имот. Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски. По информациите за истрага во Србија, стечај, одземање на лиценцата и апсење на Давор Мацура, стана јасно каква пералница на пари донесоа. И што направија? Веднаш ја обвинија СДСМ за ширење паника. Не ширеше СДСМ паника туку Славески и Мицкоски кои велеа дека се е во ред. Тие се виновни што ја донеса оваа криминална банка во земјава. Сега прават притисок со кривични пријави, сакаат да не замолчат, по рецепт на Вучиќ. Тоа нема да им успее. Ајде да видиме дали Обвинителот Савески ќе биде дел од ова и ќе стане соучесник на оваа организирана криминална група. Вчера на надзорната расправа во Собранието Мицкоски лажеше пред македонската јавност за да се оправда со Aлта банка. Изнесе гнуасни лаги дека СДСМ ја внела Алта банка. Затоа ќе одговара. Мицкоски, доаѓа крај на твоите лаги. Твоето копирање и служење на твојот шеф Вучиќ знаеш каде води. Сега нема назад. Вистината веќе се гледа. Доаѓа времето на правдата. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПолитико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруариСојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико. Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година, А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено. Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter