Сопругот ја праќа жената во затвор поради “валканата облека“, работата стигнала до суд! - Канал 5

Сопругот ја праќа жената во затвор поради “валканата облека“, работата стигнала до суд!

Италијанката Ана дел Боно (42), мајка на две деца и поранешна сопруга на Винченцо Алтобелио (46), која се соочува со затворска казна од шест години поради наводно занемарување на куќните и брачните обврски, сега проговори и се обиде на сите да им ја затвори устата!

Сопругот ја праќа жената во затвор поради “валканата облека“, работата стигнала до суд!
„Отсекогаш сум водела грижа за куќата и своите деца. Знам дека на ниту еден начин не ги повредив. По природа сум изразито мирна личност“ – изјави таа по повод тужбата од нејзиниот поранешен маж, која неодамна заврши на суд.

И покрај нејзината изјава дека е совршена домаќинка, Виченцо ја обвинува за “недоволно вложување за доброто на домаќинството“, што подразбира дека вечерата никогаш не го чекала на маса кога би се вратил од работа, никогаш не ја чистела куќата, перела и пеглала алиштата, како и избегнувањето на сексуални односи.

„Станував на работа во три ипол наутро и се враќав дури во седум навечер. Децата ми рекоа дека вечерата никогаш не била готова кога тие ќе се врателе од училиште, па морале самите да се снаоѓаат. Јас за вечера јадев пица или морав самиот нешто да си направам. Ме поливаше со ладна вода, ми ја заклучуваше вратата од спалната соба и ми зборуваше дека сум хендикепиран. Иако сега не живееме заедно, јас и понатаму се плашам. Беше навистина злобна, се однесуваше како маж, а јас се чувствував како уплашена жена“ – ја образложи Винченцо својата тужба.

Во доставената документација до судот тој наведува дека првите 15 години од бракот биле навистина среќни.

Меѓутоа таа многу ослабела, почнала да води сметка за својот изглед и да флертува со други мажи, за потоа да се разведат во 2014 година.

Ана сега живее со своето ново момче Тамаро Таволето, а некогашните соседи и роднини од градот Сонинија во италијанската регија Лацио, не можат да поверуваат до каде стигнал целиот овој случај.

„Зборуваме за нешто што се случило пред многу години. Италијанскиот правен систем е толку бавен што дури сега сето тоа заврши на суд“ – изјави роднина кој сакаше да остане анонимен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заедничка превентивно-едукативна активност на МВР и РСБСП по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Во рамки на активноста, на граѓаните им беа поделени едукативни материјали.

Заедничка превентивно-едукативна активност на МВР и РСБСП по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Денеска (15.11.2026), во Скопје, кај фонтаната во Градскиот парк, полициски службеници од Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи и Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), реализираа заедничка превентивно-едукативна активност за подигнување на свеста и унапредување на безбедноста во сообраќајот, во знак на одбележување на „Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди“.

Активноста беше насочена кон подигнување на свеста за значењето на одговорното и совесно учество во сообраќајот, унапредување на сообраќајната култура и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви на патиштата, под мотото: „Заедно, со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви!“

Во рамки на активноста, на граѓаните им беа поделени едукативни материјали – летоци со превентивни пораки и апел за одговорно учество во сообраќајот, со посебен акцент на почитувањето на сообраќајните правила и прописи и грижата за сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Дополнително, беше упатен потсетник дека од 15 ноември започнува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, како и апел до возачите за прилагодување на брзината и начинот на управување со возилото согласно временските услови и состојбата на патиштата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се 15 пријави за семејно насилство

На 15.11.2026 во 05:05 часот на ул. „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.К.(31) од Охрид, по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка.

Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се 15 пријави за семејно насилство

На 15.11.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Г.С.(54) од пробиштипско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 61-годишна сопруга.

На 15.11.2026 во 04:50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ќ.Х. (32) од гостиварско, по претходна пријава дека во 03:10 часот дека околу 00.30 часот во нејзиниот стан физички ја нападнал неговата поранешна 25-годишна девојка од Турција, со привремен престој во Гостивар.

На 14.11.2026 во 09:45 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.С.(59) од струмичко, по претходна пријава дека во семејниот дом се однесувал агресивно кон неговата 91-годишна мајка, а на неговиот 63-годишен брат му упатувал закани.

На 14.11.2026 во 18:45 часот полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода М.О.(37) од гостиварско, по претходна пријава дека во 12:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 28-годишна сопруга.

На 14.11.2026 во 17:50 часот на ул. „Јордан Јорданоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.Б.(56) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека упатувала закани на неговиот 31-годишен син В.Б. (31) од гостиварско.

На 14.11.2026 во 16:50 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода В.Р.(42) од струмичко, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 31-годишна сопруга.

На 14.11.2026 во 16:40 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.М.(62) од струмичко, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 53-годишна сопруга.

На 14.11.2026 во 14:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 33-годишна велешанка, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 36-годишен поранешен невенчан сопруг дека физички го нападнала. Подоцна, и таа пријавила дека била физички нападната од него.

На 14.11.2026 во 17:55 часот на ул. „15 Kорпус“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода е В.Б.(34) од Скопје, со престој во Охрид, по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата девојка.

На 14.11.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(19) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко. На 14.11.2026 во 15:20 часот полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со А.И.(65) од Скопје, по претходна пријава во 13:30 часот, поради тоа што на 13.11.2026 околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 62-годишна сопруга. Според пријавеното, таа ѝ претходно била физички нападната од истиот.

На 14.11.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека ноќта околу 01:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар, нејзиниот сопруг Н.К.(50) од Скопје, со кого се во бракоразводна постапка, физички го нападнал нивниот 16-годишен син.

На 14.11.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 14:40 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош во Скопје, на него и на неговата 42-годишна сопруга им биле упатувани закани од нивниот 18-годишен син Д.С. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.11.2026 во 23:40 часот во СВР Скопје, 52-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 18:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од неговата 36-годишна сопруга Б.Д., која фрлала кон него разни предмети и употребила тврд предмет. Според пријавеното, истата се обидела да ја нападне и нејзината свекрва.

По пријавените случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Министерство за внатрешни работи упатува апел до граѓаните да не го премолчуваат семејното насилство и навремено да го пријавуваат секој случај. Секој што е жртва на семејно насилство, но и секој што има сознанија дека друго лице е изложено на насилство, може да пријави во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директно предупредување: Америка ја чека брутален одговор

„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.

Директно предупредување: Америка ја чека брутален одговор

Ниту една американска агресија против Иран не смее да остане без одговор, предупреди денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, наведувајќи дека Техеран се потпира на сопствените способности и не се надева на помош од другата страна.

Багеи на прес-конференција рече дека користењето на дипломатски канали не треба да се толкува како Иран да ги полага своите надежи во која било друга земја, објави Тасним.

„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.

Тој рече дека Иран не е загрижен за внатрешните спорови меѓу американските претставници, но оцени дека Вашингтон „ја лишил дипломатијата од нејзиното значење“.

Тој нагласи дека дипломатијата треба да служи како средство за спречување на тензиите, додека, како што изјави, САД ја користеле како „алатка за поставување заседи и извршување изненадувачки напади“.

„Светот со сомнеж гледа кон американските дипломатски тврдења“, рече Багеи, истакнувајќи дека Иран, со оглед на неговото негативно искуство во соработката со Вашингтон, е особено должен да ги земе предвид минатите настани.

Зборувајќи за прекините во летовите кон САД, Багеи рече дека американската влада треба да модернизира застарена опрема и инфраструктура, наместо да троши пари за купување оружје и „убивање луѓе во Иран“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер