Сопругот ја однел ќеркичката на забава, а кога се вратил дома ја нашол сопругата мртва во када: „Добив мал електричен удар додека ја извлекував“ - Канал 5

Сопругот ја однел ќеркичката на забава, а кога се вратил дома ја нашол сопругата мртва во када: „Добив мал електричен удар додека ја извлекував“

Маjка на тројца деца починала откако добила струен удар додека држела телефон на полнење во када, слушнало судско сослушување.

Сопругот ја однел ќеркичката на забава, а кога се вратил дома ја нашол сопругата мртва во када: „Добив мал електричен удар додека ја извлекував“

„Здрава и во добра кондиција“ Ен-Мари О’Горман (46) од округ Даблин, била прогласена за мртва во болницата Бомонт на 30 октомври минатата година. Таа била итно пренесена таму откако нејзиниот сопруг, Џо О’Горман, ја пронашол во безсознание во бањата во нивниот дом.

Државниот патолог Хајди Окерс ѝ рекол на Судот за истраги во Даблин дека госпоѓата О’Горман имала изгореници од типични електрични удари на градите и на левата рака и ја навел причината за смртта како електрокуција од кабел и телефон на полнење додека била во када, пренесува „Сан“.

Сопругот, г. О’Горман, сведочел дека ја напуштил куќата околу 18:40 часот за да ја однесе нивната најмала ќерка, Меган, на забава. Тој изјавил пред коронерот Крона Галгер дека разговарал со сопругата по телефон околу 19:58 часот додека се враќал дома.

Кога пристигнал, влегол во бањата и ја нашол сопругата во безсознание како лежи на страна. Забележал Ајфон и кабел во када, кои ги фрлил во мијалникот.

Г. О’Горман опишал дека добил мал електричен удар додека ја кренал својата сопруга од када, пред да ја повика најстарата ќерка да алармира итни служби.

Рекол дека забележал црвени траги на рацете и градите на сопругата додека ѝ правел CPR и нагласил дека кабел за продолжување од три метри бил приклучен во приклучница во нивната спална соба.

Потресениот сопруг пред сослушувањето истакнал дека сака да ја подигне свеста за опасностите од полнење мобилни телефони во бањи.

„Се слуша само дека овие телефони се отпорни на вода до два метри. Тоа им дава на луѓето идеја дека можат да го користат телефонот покрај вода,“ рекол г. О’Горман.

„Треба да постојат предупредувања дека ова е опасно. Ништо не се прави за ова од страна на ниту еден производител, да се каже дека е ризик од кој може да умрете. Тоа е сè што луѓето треба да знаат,“ додал тој.

Тој исто така предупредил дека многумина се заведени во „лажна илузија на безбедност“ од производителите на телефони кои промовираат водоотпорна опрема.

Потресениот сопруг рекол дека на Ајфон нема никакво предупредување за опасноста од контакт со вода додека се полни.

Пренесува: ДејлиМејл

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.

Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер